Ознака: градски

pazar

Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар

Post Views: 5 Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар, најавува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.  Современиот пазар за кој  граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад а беше дел од изборната програма на сите кандидати за градоначалници, конечно ќе се гради со преземањето на локалната влааст од страна на ВМРО ДПМНЕ, уверува Михаилов. Тој открива дека во тек е изработката на физибилити студијата, а деновиве ќе започне и тендерската постапка за да се одбере најдобрата понуда за изведувач. По се изгледа  пазарот ќе се...

Continue reading

Sovet na gradski tatkovci

Градските татковци ќе го подобруваат имиџот на Охрид

Post Views: 0 19 те членови на Локалниот економски совет денеска дискутираа за изнаоѓање можности за корекција на цените во угостителските објекти, со што би се подобрил имиџот на Охрид како туристичка дестинација, потоа за подготовките за изработката на физибилити студија за изградба на скијачки центар на планината Галичица, излагање на членовите на советот за нивните визии околу економскиот развој на Охрид, поголема промоција на Охридскиот пливачки маратон и разгледување на иницијативата за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Првиот човек на Охрид градоначалникот Никола...

Continue reading

cistenje grobista

Се чистат муслиманските гробишта

Post Views: 7 Се чистат депониите и сметот, пред муслиманските гробишта. Целта, како што истакна првиот човек на градот, Никола Бакрачески е подеднаков третман на христијанскиот и муслиманскиот дел од гробиштата „Овој отпад е наталожен од времето на претходното раководство и како затекнат проблем, пристапивме кон негово решавање“ , додава Бакрачески. „Пристапивме со расчистување на депониите и сметот и средување на тротоарите, улиците, ивичњаците парковите во христијанскиот дел на гробиштата, сега почнуваме да го правиме истото тоа со муслиманскиот дел на гробиштаат и во таа насока...

Continue reading

sovet

Формиран Советот на градски татковци

Post Views: 3 Формиран охридскиот Совет на градски татковци. Избрани се најдобрите поединци и компании кои ќе пронаоѓаат најдобри решенија за стимулирање на претпримништвото и привлекување на домашни и странски инвестиции, истакна градоначалникот Никола Бакрачески  кој  е на чело на овој Совет. Деветнаесетмина  охриѓани од различни дејности од денес се  дел од локалниот економски совет, кој треба да придонесе за  економски просперитет на градот.   „За да и се помогне на локалната економија треба да се направи поврзување на сите субјекти во сферата на економијата, почнувајќи од телата...

Continue reading

jp gradski grobista

Слаба наплата за гробарина

Post Views: 31 Слаба наплата за гробарина. Услугата за одржување на градски гробишта започна да се применува од 2011 година согласно одлука на Советот на општина Охрид. Директорот на ЈП Зоран Симоноски, вели дека околу наплатата на гробарината се појавиле многу нејаснотии кај лицата кои поседуваат гробно место. „Има некои нејаснотии кај граѓаните точно, имаме секојдневни приговори граѓани кои што идат за појаснување, за што се работи сакам да појаснам. Имаме голем број на гробни места поточно некаде околу 1200-1300, кои што не се внесени во нашиот компјуерски систем и за кои ние немаме...

Continue reading

gradski grobishta

„Градски гробишта“бара излез од финансиските проблеми

Post Views: 9 За излез од наталожените финансиски и технички проблеми во кои се гуши ЈП Градски гробишта се преземаат низа мерки, информира директорот на претпријатието Зоран Симоноски. Во претстојниот  период приоритет ќе им е зголемување на нискиот процент на наплата за одржување на гробните места и за старателство над истите. На граѓаните овие можности ќе им ги направат подостапни, услугите ќе може да ги плаќаат  во центарот на градот. „ Во зградата на Комуанлец е изнајмен простор и во тек е формирање на информативен центар и наплатна служба како што доликува за градот. Наплатата...

Continue reading

gradski grobishta

Лажни сметки за гробарина, неисплатени плати и долгови во „Градски гробишта“

Post Views: 24 Очајно лоша финансиската состојба на ЈП „Градски гробишта“ според анализите кои ги направиле службите во претпријатието. Финансиските показатели на ова претпријатие покажале сериозни злоупотреби, неправилности и недомаќинско работење на претходното раководство. Според овие анализи, се дошло до сума од 2.315.088 денари долг на претпријатието, кој долг, според новиот директор Зоран Симоноски значително отстапува од фактичката состојба. Според него, долгот е многу поголем, бидејќи стручните служби откриле бројни обиди за вештачко пумпање на финансискиот резултат. Симоноски...

Continue reading

пазар

Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата

Post Views: 6 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на  градскиот  пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски  пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена...

Continue reading

grobista deponija

Мини депонија на градските гробишта

Post Views: 1 Бетонски корпи за отпадоци, камења, градежен шут, остатоци од улично осветлување, лимови…. се само дел од  матријалот кој години се трупал на градските гробишта.  Интерсно е што дел од овој шут се и гранитни плочи, доста скап матријал кој очигледно некој наместо да го искористи, се ослободил од него фрлајќи го. Оваа мини депонија повеќе од очигледно му смета на новото раковоство на јавното претпријатие. Вршителот на должност директорот на Ј.П. Градски Гробишта Зоран Симоноски поради службени обврски не успеавме да го најдеме и да го консултираме за она што го...

Continue reading

patista

Летната сезона ќе се дочека со санирани градски улици

Post Views: 2 Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.Акцијата на крпење на ударните дупки кои го отежнуваат сообраќајот низ скоро сите улици ќе се одвива со забрзано темпо. Градоначалникот вети санација на сите улици во сите делови од градот.„ Санацијата на оштетувања на патишатата ќе опфати 506 м квадратни  во оваа фаза. Но, нема да остане населено место во градот и селата каде што нема да бидат санирани. Од наредната недела ќе ги асфалтираме поголемите улици, а од утре ќе почне на улиците  како што се улиците Радојца Новичиќ, крак...

Continue reading

Vmro Dpmne

ВМРО ДПМНЕ го освои мнозинството во Советот

Post Views: 0 Мнозинството во идниот градски совет го имаат 12-мина советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија. Довербата  од 15.007 граѓани или 44 посто охриѓани,  за да одлучуваат во следните 4 години по клучни прашања на градот, ја добија 10 претставници од Вмро Дпмне, еден од Социјалистичката партија и еден од Партијата на Турците. Во советот влегуваат, носителот на листата д-р Јованка Точко, а потоа следуваат и останатите кандидати од советничката листа: Дејан Паноски, Сашо Донев, Климент Шешоски, Илија Арнаудов, д-р Гордана Коњановска, Љубомир Чаулев од Социјалистичката...

Continue reading

nova avtobuska

Нова автобуска-приоритет за кандидатот за градоначалник Васил Ристески

Post Views: 9 Независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески презентираше уште еден од приоритетните проекти. Доколку ја добие подршката од граѓаните, Ристески вети нова автобуска станица која би се изградила на местото на старата. Тој рече дека постојното решение повеќе наликува на „паркинг простор“ наместо на автобуска станица. „Еден од приоритетните проекти според мојата изборна програма е изградба на современа автобуска станица која ќе биде за пример во Македонија. Исто така покрај овој паркинг простор, кој ќе биде современа автобуска,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top