Мини депонија на градските гробишта

Започна расчистувањето на депонијата од градските гробишта.

 |  Маленкова Татјана  | 
grobista deponija
гробишта депонија

Бетонски корпи за отпадоци, камења, градежен шут, остатоци од улично осветлување, лимови…. се само дел од  матријалот кој години се трупал на градските гробишта.  Интерсно е што дел од овој шут се и гранитни плочи, доста скап матријал кој очигледно некој наместо да го искористи, се ослободил од него фрлајќи го.

Оваа мини депонија повеќе од очигледно му смета на новото раковоство на јавното претпријатие. Вршителот grobista deponijaна должност директорот на Ј.П. Градски Гробишта Зоран Симоноски поради службени обврски не успеавме да го најдеме и да го консултираме за она што го затекна во ЈП превземајќи ја функцијата, но во кусиот телефонски разговор само ни рече дека состојбата во ЈП е хаотична.  За она што се работи во ЈП Градски гробишта коментар побаравме и во локалната самоуправа. Од таму ни изјавија дека депонијата во склоп на гробиштата е само една од неколкуте, кои се направени од минатата локална власт при зафатите вршени во предизборни цели. Од таму додаваат дека веќе се превземени иницијативи за расчистување на сите депонии вклучувајќи ја и оваа и дека се продолжува со интензивно подобрување на комуналната слика на Општина Охрид во пресрет на престојните празници и летната туристичка сезона.

grobista deponijaДенеска повеќе од очигледно дека интензивно се средуваше просторот во гробиштата. Се чистеше некогашниот магацинкиот простор, каде како доказ дека постоел беше само остатокот од металната конструкција. На ова место за скоро време повторно треба да се направат нови метални полици, по што точно ќе се групираат матријалите и точно ќе се знае што влегува, а што излегува како матријал од ова ЈП.
Градежна механизација го расчистуваше и северниот пат према селото Лескоец, еден од основните патови кој скоро две години не беше во функција поради натрупаниот шут на него.
Според динамиката со која се работи, градежните работи и средувањето на просторот треба да завршат до пред велигденските празници. Дознаваме дека утре својот дел во целост треба да го завршат и екипите на МЈП Проаква и ЈП Ниско градба.

Градските гробишта според најавите треба да добијат нов лик и со хортикултурното уредување на парковите кои последниве години беа потполно запуштени.  
   
{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top