Ознака: градски

grobishta

Гробарина мора да се плати, може и на рати

Post Views: 4 Налог за наплата на гробарина. 1200 денари е износот на сумата, која корисниците на гробно место на охридските градски гробишта треба да ја издвојат за 2011 година. Дел на охриѓани кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека новата давачка на ЈП им дошла како гром од ведро небо, бидејќи сумата не е мала за да се плати одеднаш посебно ако се земе предвид дека има и такви корисници кои имаат и повеќе од едно гробно место. За оваа забелешка на јавноста надлежните на ЈП Градски гробишта имаат свое оправдување. Според координаторот на ова претпријатие, Драган...

Continue reading

muftija

Отпочната изградбата на муслиманска капела

Post Views: 4 Иницијативата веќе три години се провлекува, вели муфтијата …. Факт е дека на градот повеќе од потребно му беше еден ваков објект кој ќе се употребува за повеќе верски намени, додава тој.Муслиманската капела се гради согласно законот за градски гробишта, вели Драган Пандески, координаторот на ЈП Градски гробишта. Таму стои дека во секое населено место со над 5 000 жители неопходна е изградба на ваков објект додава тој.Муслиманската капела ќе се гради по Европски стандарди, со сите пропратни содржини. За нејзина изградба ќе се вложат средства од над 100 000 евра....

Continue reading

Gratski grobishta

Се уредуваат градските гробишта

Post Views: 6 Директорот открива дека претпријатието се соочува со голем проблем поради недостаток на гробни парцели. Тој открива дека раководството испратило барања и до министрството за транспорт и врски и до локалната општината. „Последното барање е пред два три месеци е до јавното обвинителство, односно преку Јавното обвинителство е патот по кој треба да се дојде до тие нови парцели. Законот е јасен дека сите тие парцели треба да ги купи државата и да им ги даде на користење на општината, а општината на ЈП. Сега се соочуваме со голем проблем и доаѓаме до внатрешни празнини, поради...

Continue reading

dup

Нема пренамена на локацијата на Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 0 Советникот Дејан Паноски од Вмро Дпмне стави  забелешка на овој урбанистички план со кој се предвидени високи градби во првата езерска  линија, а  кои ја загрозуваат сликата на Охрид.Советниците не дадоа зелено светло и за формирање на ново јавно претпријатие Водовод  за собирање, обработка и  снабдување со  вода. Нема ни измени во ценовникот на ЈП Градски гробишта иако советникот Драган Пандески ја образложи  потребата од одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид. Засега трите  погребални оператори во Охрид ја избегнаа...

Continue reading

sednica na sovet

Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...

Continue reading

jp gradski grobishta

ЈП „Градски гробишта“ бара долгорочен кредит

Post Views: 4 Едно од најинтересните прашања на денешната 39 седница на Советот на општина Охрид беше секако предлог одлуката за кредитно задолжување на јавното претпријатие „Градски гробишта“. Кредитот во висина од 60.000 евра наменет за тековни инвестиции не наиде на одобрување кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  Како и кај сите досегашни предлози за задолжувања на јавните претпријатија, советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие се непотребни и неоправдани и дека се резултат на избрзани одлуки на локалната самоуправа. „Мислам дека како претпријатија што имаат монополска позиција...

Continue reading

sednica na Sovet

Седница на советот како увертира на предвремените избори

Post Views: 5 Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите. Она за што нејзиниот дневен ред наизглед ветуваше мирно издание, прерасна во една турбулентна седница. Така уште со првата точка со која беше надополнат дневниот ред, а се однесуваше на Локацијата за одржување на политичките митинзи, почнаа политичките препукување помеѓу советниците. Ништо...

Continue reading

parking

Непрофитабилен единствениот градски паркинг за автобуси

Post Views: 3 Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели  немаат економска  исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари.  Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува  дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму  каде што не плаќаат пари...

Continue reading

sovetnici

Многу предлог-одлуки и вкрстени дискусии

Post Views: 1 Најмногу внимание кај советниците привлекоа точките околу буџетите. Буџетот на единицата на Локална самоуправа-Охрид ги скара советниците, по што групата на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата. Советот на Општина Охрид ја одржа четвртата седница. Многу точки, а малку сработано. Од најавените 17 од дневниот ред, уште на почетокот две беа изземени, а додадени две нови. Приоритет им се даде на предлозите на советникот ТомиславТунтев и градоначалникот Александар Петрески. Првата се однесуваше на издавањето под концесија на Сараште, а втората беше предлог-одлука за одобрување...

Continue reading

Dejan Panoski

Отварање градски форум

Post Views: 6 Градски форум за излез од очајно лошата состојба на туризмот во Охрид. Ова е предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за излез од катастрофалоно лошата состојба на туризмот во градов. Идејата за отварање на форум од ваков тип е на група советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие на ваков чекор биле потикнати од лажните изјави на одговорните луѓе во градот. Објаснуваат дека на полето на туризмот не цветаат рози како што се кажува, и суштинската слика е сосема нешто друго. Советникот Дејан Паноски вели дека негативности има насекаде но најизразени се во полето на туризмот. Зошто...

Continue reading

natpis

Познати се имињата на советниците во градскиот совет

Post Views: 29 Познат составот на охридските советници кои во мандат од  четири години ќе ја кројат иднината на градот. Најмногу советнички места освои ВМРО ДПМНЕ и тоа 9 , следува  СДСМ со 7 советници. Во советничките клупи ќе седнат  и по двајца советници од  ВМРО НП и  НСДП. Во составот на советот влегоа и двајца независни кандидати од советничкат листа на Владо Цветкоски. Од партијата на ПЕИ добија едно советничко место. Во наредниот период од ВМРО ДПМНЕ во советот ќе бидат следните советници: Борис Стефаноски дип. машински инженер,  Паско Кузман, археолог, Каролина Буџакоска...

Continue reading

kontejner

Градските контејнери се преполнети со смет

Post Views: 4 Причина штрајк на дел од вработените во ЈП Комуналец. Директорот Боро Павлоски вели дека во тек е испраќање на решение од 2 степената пресуда на Охридскиот  суд и се надева дека одговорот е позитивени нормално ќе се работи. Тој вели пари за плата се обезбедени и градската чистота ќе се нормализира. На прашањето дали штрајкот има политичка позадина и дали има подбуцнување на дел од вработените, Павлоски со одговор. Дека и тоа е можно, но тој  лично не верува .ЈП не смее да биде оптоварено со политика затоа што тоа е сервис на сите граѓани и политички партии. Боро Павлоски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top