Ознака: градскиот

kosharka

Кошаркарска треска во Охрид

Post Views: 4 „Шансите за медал сеуште се тука, охриѓани веруваат во нашите најдобри момчиња и се надеваат на бронзата. Градскиот плоштад и кафулињата претесни да ги соберат сите вљубеници во кошарката кои попладнево го следеа историскиот полуфинален натпревар против репрезентацијата на Шпанија. „Поразот од репрезентацијата на Шпанија никако не смее да не поколеба. Ние веруваме во нашите најдобри кошаркари, а шанси да се вратиме од Литванија со бронза сеуште имаме“, ова се само некои од коментарите на охриѓани кои оптимизмот никако не ги напушта и покрај денешниот исход од полуфиналето. Навивачката...

Continue reading

spomenik

Одбележана двегодишнината од бродската несреќа

Post Views: 12 Со панихида во чест на жртвите чии животи згаснаа при потонувањето на бродот “Илинден” денеска во Охрид се одбележаа две години од најголемата бродска несреќа на Охридското езеро. Сончевото летно утро и мирното езеро охриѓани и гостите од Бугарија во целот ги потсети на кобниот 5 ти септември 2009 год. кога во Охридското езеро се удавија 15 бугарски туристи. Пред спомен одбележјето на градскиот кеј, свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид и амбасада на Р. Бугарија. „ И следните години ние на 5 ти септември ќе доаѓаме тука. Многу сме и благодарни на општина Охрид...

Continue reading

bazen

Сите на базен

Post Views: 0 Голем ден за Охрид. Свечено ставен во употреба реконструираниот базен „Атина Бојаџи“, кој ќе функционира како дел од СРЦ. Инвестцијата на Локалната самоупра вредна сто и педесет илјади евра, е обид да заживее пливањето во нашиот град, спорт по чии успеси некогаш бевме надалеку познати. Градоначалникот Александар Петрески го пушти базенот во употреба и кажа дека станува збор за објект кој е целосно реконструиран и најсовремено направен со користење на најсовремена технологија.  Петрески додаде дека нешто што имаме треба да се надоградува постојано и да биде поубаво и...

Continue reading

festival

„Александар Македонски“ по 6 ти пат

Post Views: 0 Уште еден фолклорен фестивал. По 6 ти пат од 20 до 24 јули на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот народни песни и игри Александар Македонски. На овој фестивал ќе учествуваат преку 600 учесници од Русија, Украина, Кипар, Словачка… и за прв пат годинава на дел од него ќе бидат и групи од Израел. „Оваа година на фестивалот ќе напстапат 37 групи од различни држави , Кипар, Израел, сите балкански земји. Фестивалот на градскит плоштад. отворањето е на 21 јули отворање“, вели директорот на фестивал „Александар Македонски“, Миленко Андрески. Фестивалот како целина...

Continue reading

spomenik Sv Naum Ohridski Cudotvorec

Споменикот на Свети Наум денес гордо се исправи на својот постамент

Post Views: 0 Делото изработено од академик Томе Серафимоски своето свечено претставување ќе го има утре, на големиот христијански празник, Свети Наум, летен. Поставувањето на споменикот лично ќе го следи и неговиот творец, академик Томе Серафимоски. Споменикот на Свети Наум застана на својот постамент во друштвото на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски. Поставувањето на споменикот беше лично следено од авторот на делото, академик Томе Серафимоски. Идејата за ваквиот изглед на градскиот плоштад со споменици од трите најзначајни светители е стара 20 години и потекнува...

Continue reading

saat kula

Градскиот саат отчукувал и ала турка и ала франка

Post Views: 5 Охридската Саат кула со својата едноставност и скромност, вгнезден во зеленилото на Бајрот,  пркоси низ врмето. Со  висина од 12 метра гордо стои  и на охриѓани и неговите посетители им го покажува точното време.  Поставен на камена кула сатот опстојува и не се предава пред времето. Саат кулата според податоците е  изградена во 1726 година. Сместена е  во источниот дел на Самоиловата тврдина, во месноста Дебој, Месокастро. Во внатрешниот дел на кулата има напис со кој е забележано  името на нејзиниот донатор. Саат кулатa ја изградил Чавуш Дере Сулејман Ага. За изградбата...

Continue reading

Градоначалникот Александар Петрески попушти

Post Views: 2 ВМРО ДПМНЕ сепак ќе митингува на градскиот плоштад. Што се однесува до станатите политички партии, тие  своите митинзи ќе ги одржуваат на просторот на поранешниот полигон за мали спортови, кој деновиве интензивно се подготвува, за претстојните промотивни активности на политичките партии. {loadposition content9}

Continue reading

pres SDSM

Сите митинзи на полигон

Post Views: 1 „Градскиот полигон е идеалната локација за одржување на предизборните промотивни активности“ велат од Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески потенцира дека целта за ваквата одлука е заштитата на градскиот плоштад пред самиот почеток на туристичката сезона. Локацијата за предизборните промотивни активности, тема на денешната прес конференција на Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески во функција на Градоначалник, информира дека и покрај негодувањето на некои политички субјекти одлуката стои....

Continue reading

VMRO-DPMNE pres

ВМРО-ДПМНЕ ќе си митингува на плоштад

Post Views: 9 На глава, на шија ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи својот митинг на градскиот плоштад. По вчерашната одлука на градоначалникот Петрески и Советот на град Охрид со која забранија одржување на митинзи на плоштадот, следеа остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат никој не може да го сопре народот да излезе на митинг. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид упати жестока реакција на вчерашната одлука на градоначалникот и советот на град Охрид со која се забранува одржување на митинзи на градскиот плоштад. На денешната прес конференција, претседателот на општинскиот комитет на...

Continue reading

montiranje bandzi

Банџи туристичка сезона

Post Views: 1 Програмите за поставуње урбана опрема, кои ги носи Советот на општина Охрид, не ветуваат многу. Пример за ова е и денешниот настан, кога во градскиот парк почна поставувањето на детските реквизити за забава. И покрај апелот кој пред еден месец Градоначалникот Александар Петрески го испрати преку нашиот медиум велејќи дека нема да толерира никакви ургенции, сепак првиот човек на градот, заборави да спомне дека договорите кои закупците си ги имаат потпишано со Општината, се важечки. Така, програма или не ,денес во градскиот парк во близина на градската чешма, почна поставувањето...

Continue reading

Се китат домовите со бадникови гранчиња

Post Views: 4 Веќе почнаа да се продаваат на тезгите во градскиот пазар. Луѓето ги купуваат за мир, здравје и среќа на целото семејство.Веќе започна продажбата на бадниковите гранчиња. Тезгите на градскиот пазар се преполни со вакви украсени дрвца. Рајско дрво, дрво на кое бил распнат Исус Христос, со кое бил запален огнот во Витлеемската пештера кога се родил Спасителот и дрво кое ја претставува вечноста. Сето ова се симболи кои ги претставува бадниковото гранче кое во овие празнични денови може да се најде во сечиј дом. Се ближи и денот на Христовото раѓање кое според Јулијанскиот...

Continue reading

ploshtad

Атмосферата на градскиот плоштад

Post Views: 0 Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет. Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top