Ознака: вредности

logo

Пријателство преку музика

Post Views: 7 Членовите на Пријателство преку музика – Македонија и Норвешка утревечер ќе одржат Музички отворен настан – Концерт на дувачки состави од Македонија и Норвешка  на плоштадот кај хотелот „Александрија“. На концертот кој ќе се одржи во 20 часот ќе настапат ученици од Државното средно музичко училиште од струга , Христијан Донески на саксофон и Даниел Танески на кларинет и двајцата од Охрид. FTM или Пријателство преку музика дејствува за да изгради интеркултурно пријателство и разбирање преку музика. Преку заедничка почит и пријателство, FTM поддржува и стимулира музички...

Continue reading

Balkanski

53-от Балкански фестивал на реновираната сцена на Долни Сарај

Post Views: 1 Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна. „На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до...

Continue reading

pehar

Пехар за охридскиот ПХВ тим за проектите Дом,Светлина и Виделина

Post Views: 11 Пехар за проектите  Дом , Светлина и Виделина на охридскиот ПХВ тим на Црвен крст. Македонскиот Црвен крст додели  пехар и го награди трудот за реализирани проекти за хумани вредности на охридската организација. Десеминаторот Јованка Сион  Доленц која го предводеше ПХВ тимот сo 30-тина млади волонтери се заслужни за ова високо државно признание. Младите волонтери со три проекти дадоа несебичен придонес за добробит на општествената заедница. Со проектите Дом, Топлина и Виделина внесоа светлина во срцата на луѓето кои имаа потреба од помош. Заедно стравувавме и се радувавме...

Continue reading

logo

Вдиши театар

Post Views: 2 Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите...

Continue reading

galicica

УНЕСКО го прогласи регионот Охрид-Преспа за биосферен резерват

Post Views: 8 Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи. Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват. – Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот...

Continue reading

mso

МСО со работилница за позитивните вредности кај учениците

Post Views: 2 Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“. Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани. Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност. Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот...

Continue reading

gradinka

Децата од градинките „ Јасна Ристеска“ ја прославија Василица

Post Views: 2 Децата од сите објекти на  градинките „Јасна Ристеска“ ја прославија Василица. Во дворот на градинката во централниот објект беше запален оган, се печеа колбавчиња, се делеа подроци, а маскираните деца весело пееја василичарски песни. На овој начин нивните воспитувачи од мали нозе им ја пренесуваат традицијата на славење Василица или Православна Нова година по јулијанскиот календар. Во семејството некои традиционалани вредности како да се подазборавени од кои прични не знаеме , но сакаме верата и моралните христијански вредности да ги доближиме до децата, напоменува...

Continue reading

bakraceski

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески

Post Views: 0 Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна  хармонија, мир, разбирање и солидарност. Честитајќи го Рождеството Христово, посакувам...

Continue reading

pogradec

Од визија до акција

Post Views: 4 Од визија до акција. Од соседна Албанија Поградец започна иницијативата за воспоставување на пограничен биосферн резерват во охридско-преспанскиот регион. На албанскиот дел од охридското крајбрежје пограничните градови се соочуваат со два посериозни проблеми, изградбата на патот на брегот на езерото и ископувањата од рудниците кои имаат негативни влијанија на езерскиот брег. Заменик министерот за животна средина од Албанија Дијана Бејко, рече дека проблемите навистина се присутни и ресорното министерство утврдило дека има непочитување на Законот за заштита на еко системот...

Continue reading

kumstvo

Д-р Никола Бакрачески и Сашо Симески и официјално избрани кумови за Водици 2014 год

Post Views: 4 Традиционално и годинава на големиот христијански празник Пресвета богородица Пречиста, избран е новиот кум за празникот Богојавление – Водици 2014 година. Тоа е градоначалникот Никола Бакрачески, кој кумството за големиот празник Водици Богојавление 2014 го сподели со неговиот кум и во приватниот живот Сашо Симески. Честа да се преземе одговорноста за кумството за големиот христијански празник Богојавление – Водици е огромна. Тоа претставува предавање на една од најголемите духовни и хумани вредности со која што може да се закити еден охриѓанец или граѓанин на...

Continue reading

povelba

Досега само три апликации за „Климентова повелба“- комисијата чека уште апликации

Post Views: 1 Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба. „Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите...

Continue reading

боенка

„Македонски овошни приказни во стих“ аудиовизуелен проект за деца

Post Views: 2 Песнички за сливата, јаболкото, калинката и другите овошки кои виреат во земјава се дел од најновото издание „Македонски овошни приказни во стих“,  наменети за најмладите читатели. Весна Пирузева Петровска е автор на аудиовизуелниот проект,  песни за деца и боенка пропратени со аудиозапис на стиховите. Идејата на авторката првично била да напише книга со детски песнички за секое овошје, но подоцна добила поинаков тек. „ Пишувајќи  ги песничките се внесов во детскиот свет, па идејата сама по себе се наметна и произлезе друга целина. Помислив зошто стиховите да не се пропратени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top