Децата од градинките „ Јасна Ристеска“ ја прославија Василица

Децата од градинките „Јасна Ристеска“ ја прославија Василица.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
gradinka

Децата од сите објекти на  градинките „Јасна Ристеска“ ја прославија Василица. Во дворот на градинката во централниот објект беше запален оган, се печеа колбавчиња, се делеа подроци, а маскираните деца весело пееја василичарски песни. На овој начин нивните воспитувачи од мали нозе им ја пренесуваат традицијата на славење Василица или Православна Нова година по јулијанскиот календар. Во семејството некои традиционалани вредности како да се подазборавени од кои прични не знаеме , но сакаме верата и моралните христијански вредности да ги доближиме до децата, напоменува директорката Розе Костоска.   

„ Имајќи го сето тоа во предвид ги зедовме сите манифестации и начини на прославување на овој ден и голем дел од дечињата се маскирани бидејќи деновите од Раѓањето на Исус Христос до Водици се 12 некрстени денови кога лошите силои се обидувале преку ѓаволот да му наштети на Христос и од тие причини децата се маскирани во вештерки и ѓаволи, но и со други разни маски.
gradinka
Денешната манифестација беше поддржана од Локалната самоуправа,  а на веселата забава во градинката, меѓу децата и вработените беше и заменикот градоначалник Ангел Јанев. Јанев во името на Локалната самоуправа им подели подароци на децата  според василичарската традиција.

„ Дел од приказната ја кажа дирекорката. Ѓаволчињата  се обиделе да го направат она што  го прават повеќето луѓе во светот, но нашите ангелчиња се спротиставуваат на таа  борба, со нашите ангелски ликови и пораки кои тие ги  упатуваат во ваквите денови и празници.“

На децата од сите 5 објекти од градинката Јасна Ристеска им беа поделени и лепчиња со паричка. Како и за најмалите, така и за вработените во установата беа вртени погачи со паричка за добра среќа и здравје во Новата Православна година. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top