Ознака: војната

За „Nutella” е виновна војната

Post Views: 2 Дали некогаш сте се запрашале како воопшто е создадена Nutella и зошто се прави од лешници? „Nutella” во оригиналната форма за време на Втората светска војна ја измислил Pietro Ferrero, производител на слатки и основач на компанијата Ferrero. Во тоа време, поради војната, владеела криза за какао додека лешници имало во изобилие на северот од Италија, така да лешникот станал основа за овој производ (иако лешник во „Nutella”има само 13%). Производот на почеток бил познат како „Pasta Gianduja” и не се пакувал во тегли туку бил во форма на векна завиткана во фолија, а на...

Continue reading

Irak

Крај на војната во Ирак

Post Views: 7 Американскиот претседател Барак Обама вчера во Белата куќа се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики пред конечното повлекување на американската војска од Ирак, кое треба да заврши до крајот на годинава. На заедничката прес-конференција по средбата Обама истакна дека САД и Ирак се на пат „да свртат страница и да започнат ново поглавје“ во меѓусебните односи. – Тоа е историски момент. По околу девет години војната завршува, нов ден е пред нас и немојте никогаш да ги заборавите оние кои се заслужни за да ја имаме оваа можност, додаде американскиот претседател.НАТО...

Continue reading

Војната во Украина ќе се одрази и врз туризмот во Охрид

Post Views: 1 Воената состојба во Украина ќе ја продлабочи глобалната економска и енергетска криза, а како последица на тоа и туризмот ќе претрпи огромни штети, сметаат туристичките работници од охридско-струшкиот регион. Според нив воената криза во Украина ќе се одрази и кај нас, не само по бројот на туристи туку и врз нивната куповна моќ. Ќе се одрази кај нас, не само по бројот на туристи кои би дошле туку тоа влијае врз поскапувањето на енергенсите, поскапува се, цените не можеме да ги задржиме, а со тоа се намалува моќта на секој турист од било која држава да потроши и да направи...

Continue reading

Zalpie

Најубавото село на светот

Post Views: 2 Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои. Оваа прекрасна традиција започнала пред повеќе од еден век, кога секоја жена од селото започнала да го црта својот дом со цветни мотиви, со кои покривале некои од урнатините на нивните куќи. Бидејќи жените не можеле да цртаат професионално, ниту пак имале професионална опрема, тие ги создавале четките самите,...

Continue reading

Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија

Post Views: 1 Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија. Годинава по 40 ти јубилеен пат цивилните инвалиди од целата земја се сретнаа во ЦК „Григор Прличев“, а денешниот датум е избран за ден на цивилните инвалиди, во сеќавање на почетокот на Втората Светска војна со агресија на Германија врз Југославија. Последен случај граѓанин од земјава да настрада од експлозивен материјал од Втората Светска војна е забележан во 1982 година, за ТВМ открива Драган Дојчиновски. „Оваа категорија на лица со инвалидност е настрадана од заостанат воен експлозивен...

Continue reading

Angelina na set vo Bosna

Режисерското деби на Анџелина Џоли конечно доби име

Post Views: 1 Филмот кој претставува деби на актерката Анџелина Џоли како режисер конечно си доби име и дистрибутор, а веќе е закажана и премиерата.Филмот кој својата премиера во САД ќе ја има на 23 декември оваа година ќе биде насловен како  “In the Land of Blood and Honey” (“Во земјата на крвта и медот“).  Инаку Џоли за EW изјавила дека изборот на наслов едноставно ја “полудел“. “Се работи за тежок филм. Морав да најдам наслов со кој публиката ќе знае што да очекува. Имав неверојатно долга листа на наслови. Огромна…“ вели Џоли. “Филмот е за војната во Босна, но...

Continue reading

sportsplay

„Спортс плеј“-претстава за врската помеѓу спортот и насилството

Post Views: 6 Новата сцена на Охридско лето, во дворот на ОУ „Климент Охридски“ утревечер ќе го нагости Just a must театарот од Лондон. Овој брилијантен независен театар од Велика Британија пред публиката ќе се претстави со добро позната тема на нашите простори, југословенските војни во деведесетите години на минатиот век. Претставата „Спортс плеј“ на австриската нобеловка Елфриде Јелинек е едно временско истражување на темната страна на животните игри, но и претстава која говори за нераскинливата врска помеѓу спортот, национализмот и насилството. „Онаа идеја за војната во поранешна...

Continue reading

Karaorman brigada

Борците се присетија на НОВ

Post Views: 1 Утре се навршуваат 71 година од почетокот на НОВ на Македонија против фашистичкиот окупатор. Токму затоа 11 Октомври е датум со огромно значење за секој македонец. Но за оние кои со свои раце ја извојуваа денешната слобода, овој датум има едно посебно значење. Сојузот на борци и продолжувачи на делото од општините Охрид и Дебрца, денес имаа свечена средба и предавање за делото на генерал Михајло Апостолски, командант на генералштабот на НОВ. Втората светска војна останува запаметена по тажни статистики и фрапантни бројки. Еден ваков податок добивме и од еден од директните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top