• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија

Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија

Во Македонија од заостанати експлозивни направи од Втората светска војна, настрадале многу наши сограѓани. Денес цивилните инвалиди здружени во Национален Совет, традиционално по 40 ти пат го одбележуваат 6 ти април. Од таму до сите граѓани апелираатваат доколку дојдат во допир со непознат предмет, да не го пипаат туку да го пријават во најблиската полициска станица.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија. Годинава по 40 ти јубилеен пат цивилните инвалиди од целата земја се сретнаа во ЦК „Григор Прличев“, а денешниот датум е избран за ден на цивилните инвалиди, во сеќавање на почетокот на Втората Светска војна со агресија на Германија врз Југославија. Последен случај граѓанин од земјава да настрада од експлозивен материјал од Втората Светска војна е забележан во 1982 година, за ТВМ открива Драган Дојчиновски.

„Оваа категорија на лица со инвалидност е настрадана од заостанат воен експлозивен материјал посел втората Светска војна, незнаејќи со што се играат како мали деца, нашле бомби и експлодирале бомбите и ги оштетиле овие лица. Тие се згрижени со посебен закон во државата со Закон за цивилни инвалиди, што државата им дава одредена надокнада за претрпениот страв и штетите што тие ги чуствуваат како последица од Втора Светска војна“ – вели Дојчиновски.

Покрај традиционалната средба, која секоја година се одржува во различни градови од земјава, цивилните инвалиди во текот на годината одржуваат низа активности, согласно нивната годишна програма, нагласува Дојчиновски. Тука ги наброи републичките спортски игри во шах, лесна атлетика, фрлање ѓуле, копје и диск, исто така се одржувале и едукативни средби со стручни лица од областа на медицината и на физичката култура, преку кои се едуцирале за нивното здраво живеење во поодминати години.

„Сојузот работи на превентивно делување со Министерството за образование и МВР, имаме покренато доста акции во РМакедонија за наоѓање и уништување на заостанат воен експлозивен материјал, и после 2001 година после конфликтот во државава бевме вклучени во разоружувањето што беше спроведено од страна на државата во РМ“

Националниот сојуз на инвалиди од војната е формиран 1.ноември 1970 година. Целта на организирањето на цивилните инвалиди од војната е да се создадат услови за заштита на инвалидите, превземање акција за превентивно делување за заштита на населението од заостанат воен материјал и експлозивни средства, покренување на иницијативи за подобрување на социјалната, економската, здраствената заштита, спортско рекреативни активности, негување на револуциоерните добивки. Националниот Сојуз функционира преки 15 општински организации ширум земјава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top