Ознака: верници

vino i rozi

Православните го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин

Post Views: 0 Православните верници денеска го прославуваат Св. Трифун – заштитникот на лозјата и овошките. Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.На овој ден се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат се уште незапупените гранчиња со што се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. На овој ден, пак, католичките верници го слават Св. Валентин – Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас. Вљубените...

Continue reading

sv Petka

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на Св. Петка во Велгошти

Post Views: 42 Голем број велгоштани и охриѓани  денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата  на светицата.  Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа  леб.  И покрај ладното утро голем број на верници дојода  во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета. Со Божествената...

Continue reading

Sv.Petka

Вo понеделник литургија во велгошкиот манастир Св.Петка

Post Views: 5 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 октомври 2014 година, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Параскева“ со почеток во 9.00 часот. Со литургијата  ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Continue reading

uspenie na presveta bogorodica

Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја

Post Views: 16 Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или Преображенски...

Continue reading

sv petka

Денес македонските верници се поклонуваат пред Св Петка

Post Views: 1 Велгошти синоќа и денес беше претесно да ги собере верниците кои се поклонија пред Св Петка Римска заштитничката на селото. Според велгоштани, по повод големиот христијански празник над 20 000 верници го посетиле ова свето место за кое се верува дека има чудотворна моќ, посебно лековитата вода  која помага при очобол, како што кажаа мештаните. Интересно е и тоа што мештаните од Велгошти кога ја зборуваат вистината се колнат „Жими златна Св Петка“. „Најголемиот ден за нас да ни поможи златна Св Петка да даде здравје, таа е заштитничка на стари, млади и на градови села....

Continue reading

sv.vraci

Света литургија по повод „Св.Врачи Козма и Дамјан“

Post Views: 10 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јули 2014 година (понеделник) во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети врачи Козма и Дамјан“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Continue reading

sv.naum

Литургии по повод Св.Наум Охридски

Post Views: 5 По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 2 јули 2014 година (среда), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудо-творец“, со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 3 јули 2012 година (четврток), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод праз-никот „Свети...

Continue reading

svekji

Одбележување на „Духовден“

Post Views: 7 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 јуни 2014 година (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9.00 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебар-ско-кичевски г. Тимотеј. На 9 јуни 2014 година (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначал-ствува Неговото...

Continue reading

Shroud of Turin

Торинското платно-реликвија или средновековна измама?

Post Views: 0 Лучијано Бусо од Тревизо вели дека пронашол сокриен потпис на Џото ди Бондоне во отпечатокот од лицето и рацете на Христа а на неколку други места открил напишани 15-ки. Тој е убеден дека бројката се однесува на 1315-та, годината кога му било наредено да направи копија од реликвијата, бидејќи оригиналот бил тешко оштетен или загубен. Историчарот, кој своите контроверзни тези ги објавил во книга, вели дека неговата теорија се поклопува со современите карбонски тестови, кои покажаа дека тканенината потекнува од раниот XIV век. Платното е сопственост на Ватикан, но се...

Continue reading

Crkva Bogorodica Kamensko

Утре сеноќно бдение во „Св.Богородица – Каменско“

Post Views: 36 Парохискиот храм „Св.Богородица“- Каменско од Охрид ги известува своите православни верници дека на 2-ри април 2014-та година во среда навечер ќе се слуши сеноќно бдение по повод празникот на „Свети Јаков Исповедник и Св.Кирил епископ Катански“, со почеток во 23:30 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ Каменско, ги повикува сите сови верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}  

Continue reading

bakraceski

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески

Post Views: 0 Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна  хармонија, мир, разбирање и солидарност. Честитајќи го Рождеството Христово, посакувам...

Continue reading

otec Olivet tantusev

Католиците се подготвуваат за Велигден

Post Views: 6 Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква. Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top