Ознака: верници

Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници

Post Views: 3 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса јагнешкото...

Continue reading

precista

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Post Views: 14 Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица. Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии...

Continue reading

bogorodica

Се празнува Мала Богородица

Post Views: 2 Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа.  „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат...

Continue reading

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил

Post Views: 5 Православните верници денес го слават Св.Арханел Михаил и сите небесни ангелски сили. Бројни беа верниците кои со молитва и свеќа утрово го посетија црковниот храм единствен во Охрид посветен на овој светец. Светителот Архагел Михаил со својата закрила под Бога ни дарува сила да чекориме во живот по патот на спасениети , вели отец Диме Азески, парохискиот свештеник. „Во црквата посветена на Св. Арангел Михаил , која е единствена во нашиот град , има верен и голем народ кој пристапува за духовно да се нахрани и истовремено и слава на Бога да му вознесе. Да се заблагодари...

Continue reading

Православните верници денес го слават празникот посветен на Св.Петка

Post Views: 0 Манастирот Св.Петка во близина на Велгошти, охридско, денес  беше исполнет со голем број верници. Охриѓани и мештаните масовно го посетуваат ова свето место и го празнуваат овој празник. „Тие се молат за здравје на своите блиски и упатуваат благослов до сите за мир и благосостојба на луѓето“. Отец Никола Кипријанов кажува за значењето на овој празник кој секој 8 август и во очи на овој ден е масовно посетен од христијанските верници кои доаѓао манастирот  во чест на Велика Параскева, во народот позната како Св.Петка Римјанка. Свештеникот раскажува дека верниците не само...

Continue reading

mosti

Литија со моштите на Св. Георги во Струга

Post Views: 0  По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден. За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата...

Continue reading

krstevka

Ценовникот на услуги на МПЦ, „солен“

Post Views: 13 Православните верници во земјава се изложени на најголеми трошоци кога станува збор за венчавка, погреб, крштевка или слава, наспроти поевтиниот ценовник на Исламската верска заедница и либералниот ценовник на Католичката црква во Македонија, пренесува „Инфо+“ порталот. Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на покојникот, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари чини...

Continue reading

Исламските верници од денес го прославуваат Курбан-бајрам

Post Views: 1 Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градоначалникот Никола Бакрачески на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честита празникот велејќи дека градот Охрид отсекогаш бил специфичен, посебен и уникатен поради почитувањето на традицијата и празниците, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува низ вековите живеејќи сите заедно на...

Continue reading

Велигденските празници ги наполнија охридските храмови и со верници и со туристи

Post Views: 4 Велигденските празници ги наполнија божјите храмови во градов. Се палат свеќи, верниците се молат за здравје и среќа за нив и за семејството. Во овие последни денови пред веста за христосовото воскресение, свештените лица апелираат за уште помасовна посетеност, следење на светите богослужби за верниците вистински да го слават Бога. „Слава му на Бога има, посетители има но сепак еве апелирам да не има што повеќе. Ни претстои огромна работа затоа што голем дел од луѓето во знаење или незнаење, свесно или несвесно сепак неискрено пристапуваат и доаѓаат. Овие свети и спасителни...

Continue reading

teodor tiron

Православните верници денес го слават светиот маченик Теодор-„Тодорова сабота“

Post Views: 6 Православните христијани денес го слават големиот празник посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон меѓу народот познат како „Тодорова сабота“. Првата сабота од великиот пост во очи столбот на православието, Велигден, денот на христовото воскресение е посветена токму на маченикот Теодор односно чудото кое Бог одлучил преку него да го направи. Отец Димче Азески, од црквата Св.Богородица Каменско, раскажа за историските околности кои вели дека го потврдуваат настанот кој денес се празнува. Имено царот Јулијан Отстапникот сакајќи да ги спречи верниците да се причестат,...

Continue reading

Верници од цела Македонија и Албанија се крштеваа во водите на езерото

Post Views: 0   Андреј, Ката, Марија, Никола, Димитар, Коста, се само дел од православните верници кои беа дел од групното крштевање на Сараиште. Годинава по шести пат во водите на Охридското Езеро, се изврши овој христијански обред на големиот празник Богојавление. Светата тајна, крштение, денес ја примија над дваесеттина некрстени лица, на различна возраст, меѓу кои верници од  Кичево, Битола, Ресен па дури и соседна Албанија. Велат чуството е прекрасно а и секој кој е некрстен треба да го доживее. „Од Кичево сум, татко ми ми кажа, и не случајно сум тука на Богојавление. Ние сме...

Continue reading

Vartolomej

И вселенскиот патријарх заинтересиран за чудото во Св. Димитрија

Post Views: 0 За несекојдневниот феномен што се случува со фреските во скопската црква Св. Димитрија се заинтресирал и вселенскиот партијарх Вартоломеј кој денеска во Истанбул се сретна со претседателот Ѓорге Иванов. Иванов утрово во Цариградската патријаршија присуствуваше на литургија  за што ја предводеше Вартоломеј Тема на разговор биле и нерешените црковни проблеми. “Секоја посета на Истанбул ја користам за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, стекнавме едно лично пријателство и меѓусебна почит и затоа ме покани на денешната литургија и на молитва која се прави еднаш во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top