Денес македонските верници се поклонуваат пред Св Петка

Денес православните верници го одбележуваат големиот верски празник „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска, Св. Петка.Над 20 000 верници вчера и денес го посетија истоимениот манастир со длабока духовна почит кон светицата, за која култот е голем според народните преданија.

 |  Николоска Биљана  | 
sv petka
св петка

sv petkaВелгошти синоќа и денес беше претесно да ги собере верниците кои се поклонија пред Св Петка Римска заштитничката на селото. Според велгоштани, по повод големиот христијански празник над 20 000 верници го посетиле ова свето место за кое се верува дека има чудотворна моќ, посебно лековитата вода  која помага при очобол, како што кажаа мештаните. Интересно е и тоа што мештаните од Велгошти кога ја зборуваат вистината се колнат „Жими златна Св Петка“.

Најголемиот ден за нас да ни поможи златна Св Петка да даде здравје, таа е заштитничка на стари, млади и на градови села. Св Петка како заштитен знак е и на Велгошти и на Македонија порано овде имало и конаци сите што биле од далеку тука спиеле и јаделе. Верувањата се дека Св. Петка е голем заштитник на посебно бремени жени и на мали дечиња на многу луѓе и на сон е јавена. Најубав празник Св Петка, верувањата се дека Св Петка е семоќна“ – велат Мештаните.

sv petkaПо повод манастирската слава  „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска, Св. Петка“, синоќа се служеше празнична вечерна богослужба а денес се служеше светата литургија. Отец Никола Кипријанов парохот на манастирот  вели дека култот кон оваа светица е голем.

„Посетувана е многу, многу православни христијани не само од овој крај туку ширум нашата земја и дијаспората. Постои и лековита вода против очобол и до ден денес луѓето одат и се молат за излекување. Има повеќе легенди, таа сакала да биде настрана од светот. По преданија дека алатите ги нашле на ова каменито место и тука бил изграден самиот манистир. Така да тие сакале да бидат подалеку од селото и народот и се изложувале  на пустински живот“ – рече парохот Кипријанов.

Дел од обичаите по повод празникот е и традиционалното назначување на кум, кој во текот на цела година се грижи за манастирот Св Петка. Годинава таа чесат му припадна на младиот Александар Шикоски, кој поминал неколку океани за да го преземе годинашново кумство. Тој вели дека оваа година за него е посебно среќна затоа што покрај кумството станал и татко.

sv petka kum„Како прво сакам да им го честитам празникот на сите верници денешниот ден Св. Петка и утрешниот Св Пантелејмон. Чуството е дека Господ е голем за сите, убаво е кога си покрај своите срцето ми е полно и презадоволен и пресреќен“.

Шикоски минатата година за време на неговиот престој дал подарок за манастирот 10 000 долари, односно за реновирање на кровот и изградба на патеки и ветува дека годинава добо ќе се грижи за негово одржување. За пофалба е и организацијата на празнувањето на овој манастир. Црковниот одбор беспрекорно имаше воспоставено ред во манастирот, при што и покрај колоните луѓе кои беа во манастирскиот комплекс, без турканици можеа да влезат, да запалат свеќа и да се помолат на светицата.  Инаку Преподобна маченичка Параскева е родена во Рим во 140 година од родители христијани. Од млади години била воспитувана во духот на христијанството и најусрдно ревнувала да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатувала на патот на спасението и други. Манастирската црква потекнува од 19 век, што се дознава од натписот кој е врежан во камената плоча, на црковнословенски јазик. Годинава  за манастирот Св Преподобна маченичка Параскева-Петка излезе и монографија од младиот автор Владимир Шокаровски Шокар кој за местоположбата на манастирот вели дека претставува Дел од Рајот поставен на земјата“, инспириран од мирот и спокојството што се чуствува на ова свето место, што го прави уникатен и еден од најубавите манастири во Охридскиот регион и во Македонија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top