Post Views: 7
„ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда.
Милионитиот патник се сретна со раководството на „ТАВ Македонија” и доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул.
Генералниот директор на „ТАВ Македонија”, Зоран Крстевски, на свеченоста изјави:
– „ТАВ Македонија” покажа одличен успех на скопскиот аеродром со 1 милион услужени патници...
Post Views: 0
Бројот на бегалци и имигранти кои по копно или море пристигнале во ЕУ премина еден милион, а 3.600 на тој пат загинале или исчезнале, објави агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) и Меѓународната организација за миграции (IOM).
Половина се Сиријци кои бегаат од војната, 20% се Авганистанци, а 7% Ирачани, соопштиле двете агенции во заедничкото соопштение.
Од 1.005.504 доаѓања во Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар до 21 декември, големото мнозинство од 816.752 пристигнале по морски пат во Грција, се вели во соопштението.
“Знаеме дека миграциите...
Post Views: 31
Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во 2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница и се почесто иммногу млади пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р Даскалоски.„...
Post Views: 4
Од здруженијата на дијабетичари апелираат за набавка на најнови типови на инсулин и најсовремени апарати за мерење на шекерот во крвта, со цел да се намалат последиците по здравјето на пациентите со дијабетес. Од Министерството за здравство велат дека сите видови инсулин, кои влегуваат во Република Македонија се контролираат во лаборатории и секој инсулин има соодветен лот и сериски број и во случај на сомнеж за неговиот квалитет се прави супер анализа во странска лабораторија.
Меѓу пациентите има и деца.Само пред една година од охридскиот центар за дијабетес информираа...
Post Views: 4
Охридскиот Меѓуопштински центар за социјални работи евидентира околу 700 корисници на гарантирана минимална помош кои се материјално обезбедени и 80-тина корисници на оваа помош кои се работно неспособни. Бројот на сиромашни граѓани оди во нагорна линија, укажува социјалниот работник, Горан Поп Марков, за социјалната слика во општина Охрид.
Има благ раст кој од година во година се покачува и не е само резултат ковидот па да кажеме дека дојде до некој бум, експлозија, факт е дека живееме во сиромашно општество и штом расте бројот на семејства кои користат гарантирана...
Post Views: 10
Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година се дел од седмата генерација на средношколци кои полагаат државна матура како услов за продолжување на образованието и упис на некоја од високо образовните установи во земјата и надвор од неа.Тие ќе полагаат согласно новиот концепт за државна матура 1+2, кој предвидува полагање на 3 екстерни и 1 интерен предмет.
Интересен е фактот што во споредба со минатата година, зголемен е бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика и на основно и на напредно ниво, што можеби е еден показател и за зголемениот...
Post Views: 2
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.4 проценти во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52.3 проценти од вкупно умрените лица.
Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.1 процент на 100 умрени лица.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски пол, или за 4.1 година повисока просечна возраст се бележи...
Post Views: 1
Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер. Директорот на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски, вели дека забраната за депонирање на градежен шут на депонијата Мауцкер дополнително ја усложнило ситуацијата, а смета дека интензивирањето на активностите на инспекциските служби е она што може да биде решение на овој долгогодишен проблем.
„Овој проблем станува се поголем од отприлика две години,...
Post Views: 4
Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.
Податоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години.
Со цел да се превенира болеста, од 27 до 29 овој месец ќе бидат организирани бесплатни скрининг...
Post Views: 1
Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто, кај домашните за 56,6, а кај странските за 56,6 проценти.
Исто така зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.
Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој 66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618 314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.
Post Views: 7
Т-Мобиле ги извести своите корисници да не враќаат на повиците и смс пораките од броеви што почнуваат со префиксите +88, +22, +21 и +29. Според најголемиот мобилен оператор, се работи за измама односно т.н. спам, па доколку се повика бројот може да се очекува значително повисока сметка.
„Затоа, се советуваат корисниците да не бираат повратно на овие броеви, зашто ќе имаат несакани трошоци. Воедно ги известуваме корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е...
Post Views: 0
Силна бура се движи низ Соединетите Американски Држави. Таа досега погоди неколку држави и резултираше со смртни случаи и штети предизвикани од неколку торнада. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар изјави дека торнадото кое го погоди Кентаки во изминативе 24 часа е најголемото досега во историјата на Кентаки. Тој додаде дека само уривањето на покривот во една од фабриките предизвика голем број на смртни случаи.
Веруваме дека бројот на загинати од овој настан ќе надмине 50 жители на Кентаки, веројатно ќе заврши поблиску до 70-100 изгубени животи – изјави Бешеар.
Над...