Во Македонија годишно од рак на кожа умират повеќе од 50 лица

Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.

melanoma
меланома

Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.

melanomПодатоците со кои располага Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија во 2012 година од меланом умреле 64 лица од кои 39 мажи и 25 жени. Од вкупно починатите, 63 се на возраст над 20 години, а едно помало од 20 години.

Со цел да се превенира болеста, од 27 до 29 овој месец ќе бидат организирани бесплатни скрининг прегледи во државните дерматолошки ординации, а граѓаните ќе се информираат за влијанието на факторите за ризик, за клиничките знаци и симптоми, како и за опасностите од прекумерното изложување на сонце и солариуми.

Според примариум д-р Агрон Старова од Универзитетската клиника за дерматологија најважно е пациентот да прави самопреглед и доколку забележи каква било промена на кожата да се обрати на лекар.

melanom– Не секоја бенка преминува во меланом и не секоја повреда на бенка е меланом. На секоја промена која има асиметрија, неправилни ивици, во повеќе бои, со дијаметар поголем од 6 милиметри со тенденција на зголемување, треба да и се посвети внимание, укажа при. д-р. Старова на денешната прес-конференција на која беше најавена кампањата за превенција на ракот на кожата.
Дерматовенеролозите истакуваат дека доколку меланомот се открие рано, тогаш тој е излечлив во 95 до 100 проценти од случаите.
– Кога меланомот е помал од 0,76 милиметри, осумгодишното преживување е 93 проценти, а кај меланом поголем од 3,6 милиметри процентот на преживување паѓа на 33,3 проценти, појасни прим. д-р Старова.

На Унивезитетската клиника за дерматологија од 2005 година се применува методот за рано откривање на меланомот.
Меланомот потекнува од меланоцитите, клетки кои го создаваат меланинот, пигмент кој ја дава бојата на кожата, косата и очите. Главно се јавува кај белата раса, додека кај црната и жолтата раса е доста редок. Најмногу е распорстранет во Австралија и земјите со големо ниво на сончево зрачење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top