Ознака: бројот

laboratorija vo PZU Daron

Рапиден пораст на дијабетичарите во Охрид

Post Views: 7 Транзициониот стрес  зема  данок со  постојано растење на бројот на заболени од дијабетес. Ова заболување зема се поголем замав во светот , но и кај  охриѓани. Се откриваат  бројни случаи каде што пациентите  од таблетарна терапија мора да преминат на инсулин. Во Охрид нема недосток на инсулин и лекувањето  е достапно на сите.  Во акција за рано откривање на дијабетот се вклучи Лајонс клубот Охрид.  Лајонистите  во соработка со  Здружението на дијабетичарите од Охрид и приватната здравстевна ординација Дарон спроведоа акција за бесплатна проверка на шеќер во крвта.  ...

Continue reading

smetkovoditeli

Основано „Здружението на сметководители – Охрид“

Post Views: 0 Сметководителите од Охрид формираа свое здружение. На иницијатива на десеттина професионалци, а како резултат на долгогодишната потреба од подобра меѓусебна комуникација, денес во просториите на Општина Охрид се формира ова здружение. Стојан Кузманоски, е избран за претседател на Здружението. Тој информира дека нивна цел е заштита на интересите на оваа фела како и унапредување на работата. „Порано постоеше здружение на сметководители, меѓутоа поради сплет на околности истот згасна и не се чувствуваше неговата активност. Поради тоа додјде до оваа иницијатива да настапиме...

Continue reading

osnovno

Се помал бројот на основците

Post Views: 5 Се помал бројот на ученици кои се запишуваат во основните училишта. На претходната седница на Совет, советниците ги изгласаа предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици. Серафим Наумоски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општината, информира дека споредбено со минатата година, само во прво одделение се запишале 11 ученици помалку од лани. „ Да бидеме искрени бројката на запишани ученици од година во година бележи пад, на учениците од некаде 548, 530, оваа година бројот е најмал но тоа е во селските...

Continue reading

Studentski dom

Домот „Никола Карев“ ги отвори вратите за прием на студенти

Post Views: 47 Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување. Лани во домот биле сместени 145 студенти во расположливиот капацитет од 218 места, вели раководителот на домот Марјан Ристески. Од 1991 година откога овој објект ја има функцијата на студенски дом, бројот на студенти кои се сместуваат тука опаѓа. Податоците од лани укажуваат дека повторно има тенденција на пораст на интерсот за сместување па се очекува и годинава тој позитивен...

Continue reading

leto

„Ако по утрото се познава денот“ ќе имаме добро Лето 2011

Post Views: 6 Од самиот старт на почетокот на летото можеме да очекуваме успешна туристичка сезона доколку се следи максимата „Ако по утрото се познава денот“. Хотелиерите и туристичките работници се задоволни од посетеноста на странските гости и стартот на туристичката сезона, нагласува Зоран Стрезоски директор  на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. Засега со празни кревети останаа приватните станоиздавачи кои претежно се најмуваат од  гости кои се на транзит во Охрид на ден – два. Но, со подобрување на временските услови од викендов се очекува и станоиздавачите...

Continue reading

skuteri

Што се плови по нашето езеро?

Post Views: 17 Бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем, но бројот на регистрирани, се намалува. Иако најновите податоци од Охридската капетанија го зборуваат спротивното, бројот на пловни објекти во езерото од година во година е се поголем. Што поради законскииот вакуум, што поради несовесното однесување на учесниците во сообрќајот, проблемите остануваат. И покрај драконските казни за непочитување на Одлуката за ограничување на пловидба за пловни објекти, проблемите во пловниот сообраќај на нашите три езера остануваат. Немањето на служби кои ќе помогнат...

Continue reading

muzej na voda

Културен, здравствен или каков туризам имаме?

Post Views: 3 На вратите на Охрид полека пристигнува летната туристичка сезона. Во исчекување на првиот поголем наплив на туристи, постојано се прашуваме дали ланската лоша сезона останала зад нас или пак не чекаат црни сценарија. Не еднаш се говорело за важноста на туризмот за градов, но и општо за државата, но изгледа се помалку луѓе слушаат или сакаат да слушнат. Она што првенствено недостига, а за кое сите се согласуваат е недостигот на државна стратегија за развој на оваа високопрофитабилна гранка. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но мораше да се ревидира поради некои сериозни...

Continue reading

Sasho tockov

Водите од Охридското езеро од I класа

Post Views: 3 Водата во Охридското езеро, со одличен квалитет. Над 95 % од испитаните примероци се од прва класа, велат од Центарот за Јавно Здравје од Охрид. Бромологот Сашо Точко, истакна дека само за месец мај се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи на над 30 примероци, земени од локации од комплексот Св. Наум до селото Радожда. Единствено на три локации, испитувањата покажуваат вода од втора класа. И тоа кај сливот на Грашница, кај селото Калишта и кај кампот Ливадишта. Точков ја објасни причината за вака високиот квалитет на водата од езерото во овој период од годината. Од...

Continue reading

katastar

Достапни сите податоци од Kатастарот на недвижности

Post Views: 12 Агенцијата за катастар на недвижности го олеснува пристапот до информации со воведување на 2D и 3D  функционалности, на целата територија на Македонија. Со географскиот информационен систем, се добива можност да се пребарува во графичката база на податоци, по број на парцела, или преку податоците да се дојде до  бројот на парцелата и бројот на имотниот лист. Со користење на услугата на порталот, се добива можност, заинтересираните да имаат пристап до сите податоци, вели Сања Волканова Златаноска, стручен соработник  во Агенцијата за катастар на недвижности. „Со ова...

Continue reading

crven krst

66 години црвен крст во Македонија

Post Views: 23 66 години крводарителски акции, 66 години хуманост. Македонската организација на црвениот крст, која е дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, прославува за својата успешна работа. Централната свеченост се одржа во Скопје, каде на најдобрите организатори на крводарителски акции им беа доделени  благодарници. Една од поуспешните општински организации е и Охридската. Во изминативе 7 – 8 години сме меѓу првите 3 -4 општински организации, не само по бројот на собрани крвни едининици, туку и по процентот на надминување на планот. Минатата...

Continue reading

oko

Недела на борба против „тивкиот крадец“ на видот, глаукомот

Post Views: 1 Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот. Др.Соња Филева, олфталмологот при ЈЗУ Општа болница од Охрид, вели дека станува збор за болест на очниот нерв, при што поради покачен интраокуларен очен притисок, доаѓа до негово оштетување. Болест која предизвикува трајни и медицински и социјални последици кај пациентите. Филева додаде дека оштетувањата на видниот нерв, предизвикани од оваа болест се трајни и иревирзибилни. Колку болеста порано се открие, дотолку  со соодветен третман може да се спречи прогресот кај...

Continue reading

Sotir Filevski

„Сотир, живееше за тој брод“

Post Views: 9 Пред Основниот суд во Охрид започна распитот на сведоците за најголемата бродска несреќа во водите на Охридското езеро. Прв сведочеше, Горан Балески, кој  заедно со неколкумина колеги, бил дел од тимот нуркачи задолжени за извлекување на телата од жртвите. И Балески и Милутин Секулоски кој исто така бил дел од тимот, пред судот изјавија дека на дното затекнале како еден од прозорите од долната палуба на бродот како изваден од лежиште се наоѓал на дното од езерото. Следуваше сведочењето на поранешниот капетан на Охридската капетанија, Златан Клечкароски. Тој кажа дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top