Рапиден пораст на дијабетичарите во Охрид

Транзициониот стрес  зема  данок со  постојано растење на бројот на заболени од дијабетес. Ова заболување зема се поголем замав во светот , но и кај  охриѓани. Се откриваат  бројни случаи каде што пациентите  од таблетарна терапија мора да преминат на инсулин.

 |  Валентина Нелоска  | 
laboratorija vo PZU Daron
лабораторија во ПЗУ Дарон

Транзициониот стрес  зема  данок со  постојано растење на бројот на заболени од дијабетес. Ова заболување зема се поголем замав во светот , но и кај  охриѓани. Се откриваат  бројни случаи каде што пациентите  од таблетарна терапија мора да преминат на инсулин. Во Охрид нема недосток на инсулин и лекувањето  е достапно на сите.  Во акција за рано откривање на дијабетот се вклучи Лајонс клубот Охрид.  Лајонистите  во соработка со  Здружението на дијабетичарите од Охрид и приватната здравстевна ординација Дарон спроведоа акција за бесплатна проверка на шеќер во крвта. 

Lajons klub OhridДр. Сашо Василески укажува на потребата од превенција на ова заболување.

„Охрид има над 6000 регистрирани дијабетичари, но се претпоставува дека бројот е далеку поголем и се движи некаде меѓу 8 до 9 илјади пациенти. Со ваквите акции цел ни е да ги откриеме луѓето кои не знаат дека имаат дијабетс ,а тоа го откриваат на вакви случајни или организирани средби.“-истакнува д-р Василески.

zdruzenie na dijabeticariЛајонистите за членовите на Здружението на дијабетичари обезбедија 360 бесплатни тестови со кои се мереше гликолизиран хемоглобин попознат како тримесечен шеќер.  Акцијата се реализираше во рамките на Светскиот ден на дијабетесот, а како глобална кампања  за подигање на свеста кај луѓето за превенција и контрола од дијабетесот која ќе трае се до 2013 година.
Димче Панџакоски, претседател на  Здружението на дијабетичари  напоменува дека ова е прва соработка која ќе продолжи и ќе стане традиционална, а тоа ќе придонесе за поквалитетен живот на дијабетичарите.  
Со помош на Lions International како глобален лидер на хуманизмот во светот д-р Василески,  гувернерот на Дистрикт 132 Македонија, најави изградба на модерен ендокринолошки центар во рамките на ЈЗУ “Општа болница“ Охрид. Во рамките на центарот за Здружението на дијабетичари ќе има  простории за евиденција и едукација на пациенти.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top