Post Views: 2
Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Овој празник се нарекува уште и Голема Богородица.
Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Се...
Post Views: 31
Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.
Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.
Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на...
Post Views: 3
Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос. Денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август според стариот календар, односно на 28-иот според новиот календар. Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Охридските цркви кои го носат нејзиното име денес беа преполни со верници од Охрид но и одсите страни на Македонија, кои дојдоа да се помолат за здравје, спасение...
Post Views: 1
Дебарско – кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, 31-ви март, во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост).
На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Post Views: 27
Денес 14-ти февруари, по вечерната богослужба во чест на празникот Св. Трифун, свечено ќе биде ставено во употреба новото осветлување во црквата Св. Богородица Перивлепта.
Иницијатор на акцијата е Лајонс клубот „Лихнидос“, а донатор на осветлувањето е фирмата ДАСС Инженеринг од Охрид.
Минатата година заврши процесот на возобновување на фрескоживописот на оваа црква. Проектот овозможи целосна рехабилитација на манастирскиот комплекс, кој е еден раритетен пример на нашата сакрална архитектура. Целиот процес траеше седум години, период во кој се заштити првото автентично...
Post Views: 10
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.
Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.
Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во...
Post Views: 37
Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век, вели Отец Диме Азески.
Ние се трудиме да ги информираме посетотелите за оваа галерија. На огласната табла на влезот на црквата имаме напишано...
Post Views: 4
Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“. По седумгодишна активна работа на конзервација и ревитализација заврши проектот со кој му се врати сјајот на овоај значаен средновековен споменик и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД.Kонзерваторските зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е нов покрив, нов дренажен...
Post Views: 0
Манастирот Пресвета Богородица во Калишта струшко, во знакот на одбележувањето на големиот христијански празник Мала Богородица. Овој манастирски комплекс посебно е познат по тоа што наспроти празникот и на самиот празник кој секоја година се слави на 21 септември ширум ги отвора портите на својот атар за сите верници.
Мошне значајно и интересно е што за денешниот празник во Црквата на Пресвета Богородица свеќи палат и припадници на исламската вероисповед. Секоја година редици на луѓе чекаат пред вратите на манастирот за да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета...
Post Views: 2
Завршува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св.Богородица Перивлепта. Ова на својот твитер профил го потврди и Американскиот амбасадор Џес Бејли кој изрази големо задоволство од реализацијата на овој проект за кој Амбасадата на САД во Скопје издвои средства во висина од 450.000 американски долари. Конзервацијата на фрескоживописот е само дел од проектот. Во активностите кои се одвиваа во и околу црквата, а кои траеа повеќе од три години, влегуваат и конзервацијата на архитектурата на црквата, како и на манастирската камбанарија и манастирскиот конак. Директорката...
Post Views: 4
Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Моментално се вршат интензивни градежни зафати на конаците кои се наоѓаат во дворот на црквата, а кои беа руинирани и во многу лоша состојба. НУ „Завод и музеј“ првично имаше план само да изврши санација на конаците но одкога се утврди дека објектот е навистина оштетен се премина кон негова целосна изградба з што е изготвено и конзервбатиорско одобрение.
Во приземјето на конакот ќе се прави санитарен чвор, како и простории за продавање сувенири, рекламен материјал и свеќи. На горниот кат ќе има една просторија...
Post Views: 135
Црквата Св. Богородица-Заум се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место, но е доста посетувана од Охриѓани и гостите.
Во рубриката „Ти си твојот град“, Теодора Нанеска ни испрати слики од ова прекрасно свето место.
Убавина која не се опишува со зборови. Прекрасно место, каде што ќе најдете душевен мир и спокој. Сликите ги направивме од чамец, па може да се види и преубавата боја на нашето езеро – вели Нанеска.