Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта

До наесен треба да завршат сите зафати на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Интензивно се работи на конаците, а се интервенираше и на камбанаријата и на фрескоживописот во црквата. Се се прави со пари добиени од американската амбасада.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Моментално се вршат интензивни градежни зафати на конаците кои се наоѓаат во дворот на црквата, а кои беа руинирани и во многу лоша состојба. НУ „Завод и музеј“ првично имаше план само да изврши санација на конаците но одкога се утврди дека објектот е навистина оштетен се премина кон негова целосна изградба з што е изготвено и конзервбатиорско одобрение.

Во приземјето на конакот ќе се прави санитарен чвор, како и простории за продавање сувенири, рекламен материјал и свеќи. На горниот кат ќе има една просторија за библиотека и за бифе кое ќе биде поврзано со отворената површина надвор. НЕ станува збор за некаков комерцијален ресторан како што се зборува во јавноста туку само за бифе какво што има во сите вакви комплекси во светот и каде што ќе можат посетителите малку да се одморат и да се освежат, вели Тања Паскали Бунташеска- директор на НУ „Завод и музеј“.

Покрај на конаците се работеше и на камбанаријата на која и се смени кровот бидејќи во еден период на него било интервенирано и бил малку спуштен. Сега се врати во првобитната состојба и е повторно во вид на ѕвоно. Се превзеоа и санациони мерки на кулата на камбанаријата. Камбаните останаа истите.

До крај на септември треба комплетно да биде реализиран целиот проект. Треба да заврши и последната фаза од конзервацијата на фрескоживописот, а комплетно да завршат и сите градежни работи на конакот. Со тоа се затвара грантот кој го добивме од американската амбасадаза конзервација и самнација на комплексот Св. Богородица Перивлепта, вели Паскали Бунташеска.

Грантот со кој се реализираат сите овие проекти  е во висина од 650 000 американски долари добиени од американската амбасада кои беа одобрени пред повеќе од четири години.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top