Ознака: бидат

ukras

Охрид се подготвува за дочекот на новата година

Post Views: 0 Локалната се подготвува за новогодишните празници.  Распишан е тендер за украсување на градов кој треба да заврши до 1ви декември. До празникот Св, Никола градов треба да светне во новогодишно руво. Празничната атмосфера ќе биде збогатена и со голем број настапи од локални уметници, а нема да бидат изоставени и најмладите. Во програмата ќе бидат вклучени детските градинки и училиштата со своите секции како и музички таленти од Основното музичко училиште „Методи Патче“. Од локалната ветуваат дочек на новата година за паметење кој ќе се организира на градскиот плоштад. Во...

Continue reading

св.климент

„Сите кон Свети Климент“

Post Views: 0 „Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор. Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите сплотени...

Continue reading

animalia

Љубов кон животните од најрана возраст низ интерактивно предавање

Post Views: 4 Љубовта кон животните се раѓа и негува од најрана возраст. Ова е мислата водилка на активистите од здружението за заштита на животни од Охрид, Анималиа. Тие денес започнаа со реализација на нивниот едукативен проект „Заедно растеме“ со кој како што велат сакаат да влијаат на зголемување на свеста за полезноста од љубовта кон животните. Денес имаа едукативно и интерактивно предавање за учениците од ОУ „Братство Единство“. „Доколку ние од мала возраст не водиме сметка за да ги изградиме дечињата за да ги љубат животните, подоцна е тешко да им ги промениме тие вкоренети...

Continue reading

tabla

Нови информативни табли низ Охрид

Post Views: 18 ЈП “Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид. Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште “Кирил и Методиј“.Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот грб на општина Охрид. Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици потенцираат дека нови информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите општински институции. Во текот...

Continue reading

музеј

Златото на Лихнитида ќе биде изложено на денот на Св. Климент

Post Views: 2 Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида.  Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска.  Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство. Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во германскиот...

Continue reading

kruzni

Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште

Post Views: 2 Реализација на капитални проекти во 2015 година, најавува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека престојната година ќе бидат реконструирани и адаптирани неколку сообраќајници во градот како и изградба на пет кружни текови. „Два ќе се финансираат со средства од светска банка и тоа едниот е на раскрсницата на „Туристичка“ со „Бистрица“ а другиот е на раскрсница на „Туристичка“ со „Македонски Просветители“. Општината Охрид со сопствени средства ќе ги финансира изградбата на останатите три сообраќајници таму каде ѓто се спојува „Туристичка“ со „Абас...

Continue reading

sud

Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните

Post Views: 10 Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. 25ти октомври е европски ден на граѓанските права кој се одбележува во сите држави во Европа, а целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното функционирање. Денес им се овозможува средба на сите граѓани заинтересирани преку непосредни контакти да остварат прием и да се запознаат со работењето на основниот суд во Охрид, вели Милчо Клишески, претседателот на основниот суд во Охрид. Претседателот на охридскиот суд е задоволен како истиот функционира и нагласува дека се повеќе...

Continue reading

ohrid prespa

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа дел од семејството на Унеско

Post Views: 1 Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа и официјално станa дел од семејството на Унеско. Во Корча, на пригодна свеченост, преставници на Националните Комисии на УНЕСКО, на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста, им го предадоа Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват како дел од УНЕСКО.  Со овој  свечен чин  регионот е еден од 14 -те прекугранични бисферни резервати  во светот ставени под заштита на Унеско. Пред присутните се обратија заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна...

Continue reading

Самоил

Во Охрид одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил

Post Views: 12 Во Охрид беше одбележана 1000 годишнината од смртта на Цар Самоил. Со свечен чин на Самоиловата тврдина беше одбележан овој датум, а на кој присуствуваа ученици, професори, советници . Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше пригодно обраќање за Цар  Самоил основоположникот на македонското средновековно  царство. Тврдината е еден од најзначајните културно-историски споменици на градот Охрид и своевидна туристичка атракција на градот, кој влегува во рамките на сите симболи како што се грбот и знамето на Охрид, на кои охриѓани се особено горди, рече Бакрачески. „...

Continue reading

tek won do

Исполнета есен за теквондистите од „Хва Ранг“ од Лескоец

Post Views: 2 Тек вон до мајсторите од „Хва Ранд ИТФ“ од Лескоец со исполнета и натпреварувачка есен. На крајот од месецов заедно со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир во боречки вештини организиран во чест на Милчо Ангелески, истакнат долгогодишен работник во боречките вештини. На овој турнир, учество ќе земат најголемиот број од членовите на тек вон до клубот Хва Ранг. „Во соработка со кик бокс клубот Фајт клуб Мастер од Охрид организираме на 25ти Октомври меморијален турнир во боречки вештини каде ќе бидат застапени лајт контакт...

Continue reading

ucenici

Учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“, учат за штедењето

Post Views: 58 Преку забава и игра денес учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат. Претставници од Тутунска банка-НЛБ, на чело со генералниот менаџер Милчо Mитрески , ги запознаа учениците со улогата на штедењето пари од мали нозе. Тие им поделија блокови и прибор за цртање и ги поттикнаа да творат на тема ,,Штедење и спортување“. Учениците чии цртежи ќе бидат најдобри, ќе бидат наградени. Воедно учениците беа поттикнати да се занимаваат со спорт и се разбира да почнат со штедење од најрана возраст. {loadposition...

Continue reading

dime

Општина со експресен одговор и контра обвинувања на адреса на СДСМ

Post Views: 4 Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески со експресен одговор на прес конференцијата нас СДСМ. Спасески се пофали со успешното разделување на економското училиште од гимназијата. Рече дека СДСМ нема право да каже ни збор бидејќи со години се обидувале да го реализираат овој проект како и бројни други проекти кои не вродиле со успех. „ Новата власт успеа да го создаде новото Средно стручно економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Избрани се органи и потребен персонал и настават тче. За останатите позиции рече дека низ една законска постапка  ќе бидат пополнети со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top