Охрид се подготвува за дочекот на новата година

Охрид се подготвува за дочекот на новата година. Распишан е тендер за украсување на градов кој треба да заврши до 1ви декември, а се планира и богата културно-уметничка програма за сечиј вкус. Во тек се преговорите со познати уметници кои ќе настапат на 31 декември на градскиот плоштад. И оваа година по се изгледа пак ќе имаме лизгалиште.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ukras
украс

Локалната се подготвува за новогодишните празници.  Распишан е тендер за украсување на градов кој треба да заврши до 1ви декември. До празникот Св, Никола градов треба да светне во новогодишно руво. Празничната атмосфера ќе биде збогатена и со голем број настапи од локални уметници, а нема да бидат изоставени и најмладите. Во програмата ќе бидат вклучени детските градинки и училиштата со своите секции како и музички таленти од Основното музичко училиште „Методи Патче“. Од локалната ветуваат дочек на новата година за паметење кој ќе се организира на градскиот плоштад.украси

Во секој случај ќе имаме организиран дочек на Новата година. Во овој момент не можам да кажам кој се ќе настапи вечерта на 31 декември бидејќи преговорите со повеќе познати уметници се во тек. Ќе има по нешто за сечиј вкус и сигурен сум дека ќе бидат задоволни и гостите и охриѓани, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

И годинава ќе биде распишан конкурс за најубаво украсен двор со што се поттикнуваат граѓаните да се потрудат околу новогодишното украсување на своите дворови со што амбиентот во градов ќе биде уште поубав. Од локалната се во преговори и со угостителскиот еснаф и со хотелиерите за дефинирање на цените на сместувачките капацитети и за угостителските услуги за време на празниците.

Верувам дека и оваа година ќе најдеме заеднички јазик со сите туристички чинители  на задоволство на гостите и охриѓани, Во програмата на локалната за организирање на новогодишните празници влегува и намалувањето на цените на угостителските услуги, но тоа секако мора да биде и во полза на гостите но и на угостителите, вели Џамтоски.lizgaliste

Во градов празничниот амбиент ќе биде задржан до Водици, а до тогаш ќе има и збогатена културна понуда и анимациски активности како би се поттикнале гостите да дојдат во Охрид и после новогодишните празници. По се изгледа и ова зима охриѓани и посетителите ќе се лизгаат на лизгалиште. Во тек е распишувањето на јавен повик за оператор кој ќе го постави лизгалиштето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top