Ознака: бидат

asfaltiranje Elshani

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Post Views: 1 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години. „Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите...

Continue reading

Marija

Плејбој зајачица во руската Дума

Post Views: 8 Пратениците на новата руска Дума од сега ќе имаат мотив плус да бидат редовни на седниците во Парламентот.Причината за тоа е 27 годишната Марија Коженкова, актерка која пред само две години се фотографираше за руското издание на „Плејбој“. Таа сега има можност да стане нов член на рускиот Парламент. Инаку Марија во јавноста е позната како пејачка на групата Love stories и актерка, со влез во политиката таа гледа можност да сврти нова страница од својот живот.Во политиката влегла како член на младинската гарда на “Обединета Русија” каде претседател е Путин.“Јас сум само...

Continue reading

logo

Отворен ден во судството

Post Views: 4 На 02 април 2015 година, ќе бидe одржан „Отворен ден во судството“, со цел запознавање на граѓаните со надлежноста и работата на судовите, како и заради полесно разбирање на базичните постапки и процеси кои се одвиваат во рамки на еден суд. Настанот ќе се одржи во следните судови: Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основен суд Струмица, Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп и Основен суд Тетово. Отворениот ден ќе трае од 11.30 до 13.30 часот. Во овој временски интервал ќе бидат реализирани посети на заинтересирани граѓани, кои ќе бидат организирани...

Continue reading

branko cvvetkoski

Избраните дела на Бранко Цветкоски пред oхриѓани

Post Views: 0 Пред охридската литературна публика, оваа среда во изложбениот салон на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”-ОХРИД, ќе бидат претставени избраните дела на Бранко Цветкоски. Станува збор за “ИЗБРАНИ ДЕЛА” во 6 ТОМА од современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски, што всушност претставува пресек од неговото 40-годишно плодно книжевно творештво. Промоцијата ќе започне во 12 часот. {loadposition content9}

Continue reading

zraci

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Post Views: 9 Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата. „Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...

Continue reading

Луѓето се повикани да се засолнат на повисоки подрачја

Post Views: 0 Североистокот на САД, по снежните бури кои оваа недела однесе 13 животи, се припрема за поплави со најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот. Спрема државната хидрометеоролошка служба снегот во најтешко погодените подрачја содржи во себе помеѓу 10 и 15 цм вода. Западниот дел од државата Њујорк, а посебно подрачјето на градот Бафало од средата го затрпа повеќе од два метра снег. Се очекува во наредните денови зголемување на температурите до 10 степени целзиусови но и повеќе, а во прогнозата се очекува и дожд. Американскиот црвен крст го повика населението да се засолни...

Continue reading

Anastazija

Љубовта не ги брои хромозомите

Post Views: 1 Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив. Нашата сограѓанка Анастазија е весело и комуникативно дете, сака музика, зборува шпански, не се плаши од вода, го сака езерото. Секогаш е насмеана и ведра....

Continue reading

И телевизорите на удар на Европската унија

Post Views: 2 Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, кои сѐ повеќе се користат за гледање на тв програми, а подоцна ќе бидат воведени и за другите апарати за домаќинство. Благодарение на овие нови прописи во Брисел очекуваат дека потрошувачите ќе плаќаат околу осум милијарди евра помалку на сметките за струја. Во Европската унија, спрема податоците за 2011 година, се продаваат повеќе од 60 милиони телевизори и околу 16,5 милиони монитори за компјутери. Откако се донесоа слични прописи за правосмукалките кои предизвикаа бурна реакција...

Continue reading

logo

Ќе расправаат ли конечно советниците за Плаошник и Блатото?

Post Views: 2 Советниците од опозционите партии во Советото на Општина Охрид, како СДСМ, Вмро – НП,  ЛДП и НСДП, поднесоа барања до градоначалникот Никола Бакрачески како и до  претседателот на советот на општина Охрид,  Гордана Коњаноска, на дневниот ред на седницата која што треба да се одржи на 13- ти март да бидат поставени уште една точка Разгледување на одлуките кои се однесуваат на Плаошник и Студенчишкото блато. Како причина во доставеноо барање го наведуваат се поголемиот револт кај граѓаните и заради актуелноста на проблематиката која се однесува на спроведување на...

Continue reading

сг

Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми

Post Views: 0 Јавни тоалети, тротоари, асфалтирање на улици, изградба на детски и спортски игралишта, поставуавње на автобуски постојки се само дел од потребите на жителите од урбаните заедници Стар град, 8 септември и 15 -ти Корпус. Во овие урбани заедници заврши изборот на новите раководства на Советите. Течат законските рокови кога за 30 дена од Советите кои имаат од 3, 5 или 7 членови  мора да изберат  претседатели на урбаните заедници. Избраните претседатели од урбаните  заедница треба да се алката помеѓу жителите во населбите и Локалната самоуправа за подобрување на нивното...

Continue reading

cresa

Охридската цреша до јуни годинава ќе биде брендирана

Post Views: 18 Годинава охридската цреша ќе расцути како брендиран производ. Таа се најде меѓу дел од производите кои ќе станат заштитен македонски бренд. Оваа постапка сеуште е во процес на регистрација, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ од страна на Земјоделската задруга охридска черешна, како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Елена Тапанџиоска од секторот за квалитет на земјоделски производи вели дека до јуни треба да заврши целата постапка. „Ние формиравме комисија како Министерство, што го оценуваме елаборатот...

Continue reading

nurkaci

Започна големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро

Post Views: 2 Педесетина нуркачи денес од градското пристаниште ја започнаа неколку месечната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позицинирање на места од интерес на научната јавност. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, од клубот за подводни дејности од Охрид, нуркач од Струга, нуркачи од специјалните едниници на АРМ и МВР како и претставници од Албанија во наредните три до четири месеци со секојдневни нуркања ќе треба да поминат 80 километри и 322 метри. На македонска страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top