Ознака: бесплатни

Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида

Post Views: 1 Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството  за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на секои...

Continue reading

Бесплатни курсеви за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд

Post Views: 8 Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2017 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: oсновни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење, пекари и сметководители. Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени...

Continue reading

Бесплатни проекции на едукативно-документарниот филм за Белчишко Блато

Post Views: 1 Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид организира бесплатни проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“. Ги покануваме сите граѓани и гости на 13-минутно визуелно уживање и незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот е во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“, во чии простории ќе се одржуваат проекциите. Филмот има цел да им го открие на охриѓани одблиску Белчишкото Блато (Сини Вирој), за кое започнува процедурата за прогласување за заштитено подрачје на овој важен екосистем во охридскиот...

Continue reading

Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

Post Views: 2 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една ќеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни кеси за...

Continue reading

proekcii

Секој четврток бесплатни филмски проекции во Филмската академија во Охрид

Post Views: 6 Охридската филмска академија отворена за граѓаните. Секој четврток со почеток од 20 часот тие организираат бесплатни филмски проекции од богатата дигитална датотека на филмови кои ги поседуваат. Со ова, охриѓани ќе можат да погледнат некои од најдобрите холивудски класици, блокбастери, оскаровци, европски, уметнички, како и кратки па и студентски филмови сосема бесплатно. „Се набави еден одличен можеби и најдобар филмски проектор во Македонија досега што сме го имале со 4К излез, и се набави платно кое е некаде 6 на 9 метри долго кое е монтирано на ѕид и кое се спушта...

Continue reading

parking

Дали во Охрид има доволно бесплатни паркинзи?

Post Views: 3 Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“. Ова се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната самоуправа...

Continue reading

бремена

Бесплатни прегледи за здравствено осигурените бремени жени

Post Views: 6 Здравствено осигурените бремени жени од денеска нема да плаќаат за гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи, вклучувајќи го и породувањето, како и за советување при посета од страна на патронажните служби. Овие услуги од 1-ви јануари идната година, бесплатно ќе може да ги добијат и жените без здравствено осигурување. Станува збор за нови мерки на Министерството за здравство за унапредување на здравјето на бремените жени и доенчињата. Сите здравствени установи во државата нема да им наплаќаат партиципација на бремените жени, а за средствата за партиципација...

Continue reading

logo

Бесплатни прегледи во домовите на старите лица

Post Views: 3 Во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица, која трае од 23-ти до 29-ти ноември Црвен крст Охрид организира повеќе активности насочени, пред се, кон подигање на свеста кај населението во заедницата за правата на старите лица како и потребната грижа и помош која секој може и треба да ја пружа на старите лица. Во текот на Неделата на грижа за стари лица, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ги посетат старите и изнемоштени лица во нивните домови, а тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе вршат и мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Во соработка...

Continue reading

cjz

Бесплатни мамографски прегледи на рак на дојка за жените од југозападниот регион

Post Views: 3 Наскоро регионалниот Центар за јавно здравје од Охрид ќе спроведува мамографски прегледи на рак на дојка за жените од регионов.  Бесплатните скрининг прегледи ќе ги опфатат  жените на возраст од 50 до 69 години од општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и  Ростуше. Скринингот  е во рамките на програмите за рано откривање и детекција на малигните заболувања од  превентивните програми на  Министерството за здравство, информира д-р Слободанка Коцевска од охридскиот  центар за јавно здравје. „Ракот на дојка е често заболување кај жените иако поретко се среќава и...

Continue reading

Бесплатни курсеви по англиски јазик за децата од градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 2 230 деца од градинката „Јасна Ристеска“ бесплатно ќе учат англиски јазик. Веќе втора година градинката заедно со образовниот центар „ПИ СИ“ организираат бесплатни часови за дечиња од пет и шест годишна возраст. Минатата година проектот бил спроведен со една наставничка и часови посетувале само 100 деца од три групи, но поради големиот интерес кај родителите оваа година бројот на деца кои учат англиски јазик е зголемен. Оваа година им излеговме во пресрет на родителите кај кои што имаше интерес за нивните деца да го изучуваат англискиот јазик. Ангажирана е уште една учителка...

Continue reading

kamensko

Бесплатни курсеви по Англиски и Италијански јазик во Црквата „Света Богородица“ – Каменско

Post Views: 8 Црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во втроник со почеток во 18 часот. Курсевите започнуваат од 1 септември а ќе се одржуваат во просториите на црквата. Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.  

Continue reading

gavel

Денеска  се одбележува eвропскиот Ден на граѓанската правда

Post Views: 1 Денеска во сите европски држави се одбележува европскиот Ден на граѓанска правда. На овој ден, граѓаните имаат можност да добијат бесплатен правен совет, но и да се запознаат со правосудниот систем и можноста за остварување на основните човекови права.  Од годинава, овој ден започна да се одбележува и во Македонија. Во основните судови во Охрид и Струга значителен број граѓани побараа правни совети, околу предмети кои подолг период им претставувале проблем, а немале можност да ги решат. Покрај граѓаните, со работата на основниот суд Струга се запознаа и студентите кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top