Бесплатни курсеви за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд

Општина Охрид објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за oсновни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење, пекари и сметководители за невработени лица од Општина Охрид, кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, како активни баратели на работа.

 |   | 

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2017 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: oсновни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење, пекари и сметководители.

Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работа.

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk, додека сите потребни документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top