Ознака: бараат

Продолжување на рокот на договорот за закуп бараат концесионерите на плажите

Post Views: 3 Досегашните и идните концесионери на охридските плажи денес одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Нивната оценка за средбата беше позитивна и очекуваат решавање на проблемите со кои се соочувале во изминатите години. Дел од нив укажаа, дека иако плажите на концесија се добиваат на 5 години, тие во рок од 10 години пет пати излегувале на јавни наддавања кои биле организирани од централната и од локалната власт. „Нашето главно барање е продолжување на концесиите на подолг период како и тоа да се има во предвид сите досегашни инвестиции за луѓето кои го направиле...

Continue reading

Жители од УЗ Стар град бараат да се отстранат високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија

Post Views: 1 Во дворот на црквата Св Софија се засадени несоодветни три дрва од кои два чинари и една Paulownia, реагират околните жители. За жал, не се извлече поука од минатотo кога заради опасност од трите дрва Paulownia, чии гранки се кршеа и претставуваа опасност за минувачите и жителите од Стар град, а во 2015 година дрвата беа исечени, велат околните жители. Тие апелираат до МПЦ одстранување на високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија и да се пресадат на друго посоодветно место. Во дворот на црквата да се засадат соодветни нискостеблести дрва. „Јас немам видено...

Continue reading

Нов пат Охрид – Св Наум бараат мештаните

Post Views: 4 Магистралниот пат Охрид – Св Наум е во многу лоша состојба. Големи дупки, уништен асфалт, застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати банкини а на критичните места и тесната коловозна лента, се само дел од опасностите кои ги демнат возачите на оваа сообраќајна делница. Овој пат е изграден далечната 1969 година и речиси 5 децении овој пат само се закрпува на одредени места. Ваквата состојба можеби е најлоша во населените места како што е тоа туристичката населба Пештани каде се почесто се случуваат сообраќајни незгоди. Мештаните бараат проширување на патот и нов...

Continue reading

На дел од улицата Вардар да се вратат скаличките бараат жителите од Кошишта

Post Views: 1 50-тина жители од Кошишта бараат на дел од улицата Вардар да се вратат скаличките кои ги имало претходно на улицата. Во барањето кое го доставија до редакцијата на ТВМ жителите од Кошишта, од улиците Кирил и Методиј, Стив Наумов и Гоце Делчев се револтирани што е променет видот на коловозот на дел од патот на улицата Вардар по изградбата на индивидуалната станбена зграда. Тие во барањето го наведуваат името на поранешниот секретар на општина Охрид, Димитар Спасески кој ветил дека по завршување на градбата ќе ја врати улицата во првобитна состојба. Скаличките кои водат...

Continue reading

Жителите од Стар град бараат поставување држачи на стрмните улички

Post Views: 8 Поставување на држачи на стрмните улички во стар град, бараат варошани. Со поставување на држачи би им се олеснило движењето на повозрасните жители. Иако, наизглед станува збор за ситен комунален проблем држачите имаат огромна важнст за нив. Во делови на уличките во Варош и Месокастро веќе има поставено вакви држачи кои го помагаат и олеснуваат движењето. „ Тешко е за постарите жители да ги совладаат тесните сокаци и улички. Потребна е една иницијатива за поставување на држачи по тесните улички“, ги  посочува потребите на жителите   Патчев. Претседателот на УЗ Стар град...

Continue reading

Влашкамаалци бараат отстранување на станица за мобилна телефонија поставена на индивидуален станбен објект

Post Views: 0 Станицата за мобилна телефонија, поставена на индивидуален станбен објект , ги изреволтира жителите на У.З. „Горна Влашка Маала“. Реагираат дека ниската поставеност на антената, штетноста од емитирање на зрачењата, електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира го зголемува ризикот од заболување од канцер, на жителите од овој дел на градот. Подржувачите на иницијативата на вчерашниот собир, ги посочија и причините за нивните барања. „Бараме од надлежните институции да се јават и постапат кон решавање на случајот, истата да ја отстранат, а не одредени служби да...

Continue reading

Охридските дуќанџии бараат да работат во недела

Post Views: 1 Дуќанџиите од Охрид бараат да работат во недела. Охрид како главен туристички центар во земјава мора да биде изземен од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е токму за време на викенди, кога во градот има гости. Воведувањето недела неработен ден за нив е бесмислено законско решение, кое ќе предизвика огромни финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се тешко погодени од корона кризата. Охрид има една специфика ние не работиме низ цела година, туку работа имаме во викенди, продолжени викенди и низ туристичката сезона....

Continue reading

Стечајци од поранешно Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон

Post Views: 5 50- тина стечајци од два ДОЕЛИ од поранешно „АД ЕМО “, фирма со државен капитал, бараат да бидат опфатени со новиот закон за обештеување на стечајците. Тие со отвoрање на стечајнатa постапка во април ова година имаат поднесено побарувања за неисплатени плати и придонеси и нивната постапка е во тек. Но апелираат да бидат опфатени и во новиот закон за обештетување на стечајци, вели Миле Крстаноски поранешниот претседател на синдикатот на капитално поврзаните друштва во АД Емо. „ Планирано е со дополнителна фаза да ги опфати и другите и апелираме до владеачкото мнозинство...

Continue reading

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ со петиција бараат да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси

Post Views: 5 Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по пат...

Continue reading

Охриѓани бараат, но не секогаш добиваат фискални сметки

Post Views: 3 Како купувачи на добра, односно корисници на услуги треба уредно да бараме фискална сметка во моментот на предавање и плаќање на доброто, односно на извршување и плаќање на услугата. Фискалната сметка претставува потврда дека сме купиле, односно дека сме ја платиле цената на соодветното добро, односно користената услуга од соодветниот деловен објект, на датумот кој е отпечатен на сметката. Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет на УЈП, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството, не го регистрираат...

Continue reading

Жители на дел од Туристичка бараат асфалтирање на пат и осветлување

Post Views: 1 Незадоволни жители од Бул „Туристичка“ во близина на стара царина Охрид, реагираат до Секторот за комунални дејности, дека за да стасаат до нивните станови ги кршат автомобилите по како што кажаа импровизираното земјено и неасфалтирано патче. Од овој проблем засегнати се околу 90 станари кои по истиот пат поминуваат до влезот на нивните стнови и гаражи. Како што кажа Горан Љубисављевиќ жител на овој дел, тие пред две недели се обратиле до секторот за комунални дејности, улици и патишта со барање да им се асфалтира пристапното патче, сметајќи дека станува збор за мал...

Continue reading

Зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром бараат туристичките работници

Post Views: 5 Повеќе авиолинии до најголемиот и најатрактивен туристички центар, Охрид, бараат туристичките работници од охридско струшкиот регион. Туристичките работници од хотелскиот еснаф смеаат дека од исклучителна важност е гостите наместо во Скопје да слетуваат во Охрид. „Секако треба да се разгледаат сите опции кои постојат за зголемување на бројот на летовите до охидскиот аеродром. Тука не гледам некоја конкуренција помеѓу охридскиот и скопскиот аеродром бидејќи и двата се на ТАВ, така да и во нивен интерес е да бидат подеднакво искористени, не во еден да има гужви а другиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top