Ознака: банка

asfaltiranje Leskoec

Асфалтиран патниот правец Лескоец-Скребатно

Post Views: 0 Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно. Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец. „Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали...

Continue reading

pomos

Да му помогнеме на 17 годишниот Илија

Post Views: 5 17 годишниот Илија Јосифоски од Охрид, има итна потреба од лекување  во странство. Се молат граѓаните, солидарно и доброволно да дадат финансиска помош, за  неопходното  итно лекување.  Хуманите граѓани, паричните средства можат да ги донираат на следната жиро сметка во Тутунска банка филијала Охрид: 210- 700000598044 на име Миле Јосифоски (ЕМБГ 1908966432026 ) со назнака за хуманитарна помош за Илија Јосифоски од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

skrebatno

Нов асфалт до Скребатно

Post Views: 2 Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства. „Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка...

Continue reading

Aleksandar Petreski

„Манипулација и чиста демагогија“

Post Views: 10 Со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески реагира на вчерашните обвинувања од страна на О.К на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на зголемувањето на цените на комуналните такси. „Ова е манипулација со граѓаните, вели Петрески во врска вчерашните обвинувања од страна на О.К на ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваа на најавеното зголемување на цените на комуналните такси. Ние одиме на најниското зголемување на цената на водата, зголемување кое ни е наложено поради  договорот потпишан помеѓу Владата и Европската банка за обнова и реконструкција во 2001 година. „Сите одлуки...

Continue reading

stopanska banka

Стопанска Банка АД Скопје – Супербренд во Македонија

Post Views: 4 Три вистински причини за прослава. Стопанска Банка –АД –Скопје пред 15 години, во ноември месец, за прв пат во РМ, ја воведе првата платежна картичка. Пред 10 години оваа банка ја промовира и првата меѓународна ВИЗА платежна картичка, за да во ноември оваа година, Стопанска банка е прогласена за Супер бренд за 2011 и 2012 година од страна на клиентите. Во време кога светот го тресат финансиски кризи, ваквиот континуиран успех не е случајност, вели генералниот директор на оваа банка, Глигор Бишев.„Тоа е макотрпна работа и се разбира суштинска посветеност на нашето лого...

Continue reading

zdravstven dom

Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Post Views: 13 Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа ...

Continue reading

Zoran Stavreski

Светска банка ќе ја финасира компанија „Европа Ре“

Post Views: 9 Владите од регионот со заеднички средства, со пари од светска банка ќе формираат осигурително друштво „Европа Ре“ кое ќе биде со седиште во Швајцарија. „Ова друштво ќе работи по најсовремените, поточно најдобрите закони во светот за осигурување, односно реосигурување на ризиците од катастрофи кои ќе ги нудат домашните друштва“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на  Првата регионална конференција на ЕВРОПА РЕ насловена како „Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност“. „ Ова ќе биде од...

Continue reading

cekor po cekor

Претставници од КФВ банка, се интересираат за квалитетот на водата

Post Views: 9 Претставници од германската КФВ банка во посета на локалната. Гостите од Германија остварија средба со  со градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, претставниците на јавните претпријатија, МЈП Проаква, Хидробиолошкиот завод, Заводот за јавно здравје, и Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Целта на посетата на претставниците на КФВ банката која го кредитираше проектот за изградба на Колекторскиот систем за одведување и прочистување на отпадните води во охридско и струшко, беше да се информираат како истиот функционира. Гостите...

Continue reading

opstestvena odgovornost

Колку се општествено одговорни македонските фирми?

Post Views: 15 Мислевте дека успехот на претпријатијата се мери само преку деловни резултати? Погрешно! Во последно време се  поприсутен станува концептот на општествена одговорност на компаниите. Реновирање на спортски центар во Скопје, крводарителски акции, помош на децата од СОС селото, еколошка акција за чистење на брегот на Охридското езеро, засадување на садници. Овие неколку примери на општествено одговорно однесување се дело на Охридска банка од групацијата Сосиете женерал, но се поголем број на компании се приклучуваат во примената на овој солидарен концепт. Зошто? „Директни...

Continue reading

malaricna

Кровот на Маларична продолжува да се уништува

Post Views: 0 Продолжува уништувањето на кровот на Маларична. Викендов, под налетот  на  дождот попушти дел од покривот и се урнаа малтерот и трската над дел од стоматолошкиот оддел. Утрово, градежниот материјал се расчистуваше и кај пациентите внесе доза на несигурност. Од друга страна, распаѓањето на кровот на Здрваствениот дом Маларична не е ништо ново. Вакви одрони на кровната конструкција имало и порано. Но, министертсвото за здравство нема пари за поправка или препокривање на оваа установа. Директорот на Здравствен дом д-р Митко Дабески не беше изненаден од распаѓањето на кровот....

Continue reading

Заеднички проект на Прокредит банка и Порше-Македонија

Post Views: 8 Порше-Македонија и Прокредит банка со здружени сили ќе го олеснуваат купувањето на автомобили. Тие го промовираа својот проект пред градската фонтана, каде граѓаните можеа подетално да се информираат за условите кои ги нуди овој проект. Возилата од Порше-Македонија кои беа паркирани пред чинарот дефинитивно го привлекуваа вниманието на случајните минувачи. Се работи за нови возила од добро познати брендови. Кампањата го носи мотото „Ние го движиме вашиот бизнис“. Оваа акција е насочена кон правните лица како дел од политиката на Порше-Македонија и Прокредит банка за...

Continue reading

dalekovod

Македонија и Албанија ќе се поврзат со далековод

Post Views: 1 А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор OST денес склучија Меморандум за разбирање, со што ги започнуваат подготвителните работи за изградба на нов 400 kV далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан. Првиот билатерален договор во историјата на електропреносните систем оператори на двете држави го потпишаа Дејан Бошковски, генералниот директор на АД МЕПСО и Сокол Рамадани, генералниот директор на OST, денеска во Охрид. „Со меморандумот за разбирање двете страни ќе ги остварат меѓусебните права и обврски, заедно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top