„Манипулација и чиста демагогија“

Со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески реагира на вчерашните обвинувања од страна на О.К на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на зголемувањето на цените на комуналните такси.

 |  Крсте Голабовски  | 
Aleksandar Petreski
Aleksandar Petreski

Со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески реагира на вчерашните обвинувања од страна на О.К на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на зголемувањето на цените на комуналните такси.

„Ова е манипулација со граѓаните, вели Петрески во врска вчерашните обвинувања од страна на О.К на ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваа на најавеното зголемување на цените на комуналните такси. Ние одиме на најниското зголемување на цената на водата, зголемување кое ни е наложено поради  договорот потпишан помеѓу Владата и Европската банка за обнова и реконструкција во 2001 година.

„Сите одлуки во однос на покачувањето на цената на водата се донесени во 2001 година со потпишување на МЕАП проектот, помеѓу Владата и Европската банка за обнова и реконструкција од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот Министер за финансии, а сегашниот Премиер Никола Груевски.Ние сме должни тоа да го спроведиме“ објаснува Градоначалникот.

„А, преку МЕАП проектот во 2001 година е подигнат кредит од Европската банка за обнова и реконструкција  во висина од 4,7 милиони евра, објасни Петрески. Зголемувањето на цената на комуналната такса од  ЈП Нискоградба е поврзано, со зголемувањето на цената на таксата за вода, бидејќи станува збор за одведување на отпадни води, изјави Градоначалникот Петрески. Што се однесува пак до покачувањето на цената на ЈП „Комуналец“ Петрески со објаснување за истото.

„Тоа е од Причини што постојано се покачува цената на нафтата.Затоа што главен трошок во „Комуналец е цената на нафтата и бензинот.Ние не можеме повеќе со овие цени да издржиме да работиме.Знаете дека Буково е на 30 км од Охрид, на каков терен, уште на 30км собираме отпад низ Охрид се до Св. Наум, значи најголемиот трошок е тоа“ вели Петрески.

Градоначалникот објаснува  дека овие зголемувања на цените на нафатата и дериватите не се нужни, а дека половина од средствата собрани од нив одат во државната каса за потоа да прават споменици. Што се однесува до предложената нова цена на гробарината од Петрески вели дека е истата е наложена од фактот што имаме најсредени гробишта во Македонија.

Цената од 914 денари е предложена цена, и истата има шанси да се намалаува а не да се зголемува, вели градоначалникот.

„Знам дека овие зголемувања на цените ќе влијаат врз буџетот на граѓаните, но не се ништо во споредба со покачувањата на струјата, нафтата и нафтените деривати. Станува збор за чиста демагогија, бидејќи не е можно од владеачката партија, да мислат за доброто на Охриѓани, а да не мислат за доброт на граѓаните на цела Македонија“, објаснува Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top