Ознака: Албанија

Нов инцидент на плажа во Албанија – запалени 60 лежалки во Дримаде

Post Views: 9 Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим, пренесува порталот „Балкан веб“. Според порталот „AБЦ Албанија“, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на плажите во оваа област. Вчера ваква расправија заврши со четирикратно убиство и со двајца повредени, откако две семејства имале нерасчистени односи околу управувањето со плажа кај Велипоја. Настанот, според албанските медиуми, негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона. „Конфликтите со огнено...

Continue reading

Грција испрати 20 000 вакцини во Албанија

Post Views: 3 Додаваат дека заедно со Министерството за надворешни работи на Грција промовираат споделување на вакцини „бидејќи во борбата со Ковид-19 заедно сме посилни”. На почетокот на месецов, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грци...

Continue reading

Мета: Албанија го поддржува дијалогот Косово-Србија

Post Views: 1 Албанскиот претседател Илир Мета на денешната средба со спикерот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца, ја изразил поддршката на Албанија за дијалогот Косово-Србија, за нормализирање на односите меѓу двете земји и ја истакна потребата постигнатите договори да не останат само на хартија, туку да почнат да се спроведуваат. Коњуфца од своја страна рекол дека е „време за заедничка политика“ на Косово и Албанија. „Досега имаме само соработка на ниво на добри соседи, но мислам дека соработката треба да се подигне на друго ниво, а тоа е соработка меѓу две земји со еден народ....

Continue reading

hotel

Македонски бизнисмени купуваат

Post Views: 0 Се повеќе македонски бизнисмени се решаваат да инвестираат во соседна Албанија. Најпогодни места за вложување на капиталот се примамливите Драч, Саранда и Валона каде македонски државјани, главно Албанци од Струга, Тетово, Гостивар и Дебар градат станбени згради, отвораат преработувачки капацитети, а особено купуваат деловен простор за отворање на ресторани, кафетерии, пицерии, слаткарници и слично. Стопанската комора на Албанија излезе со слободна проценка дека во последниве пет-шест години во Албанија е инвестиран 800 милиони евра македонски капитал. Оттаму тврдат...

Continue reading

Голема количина на експлозив запленета во Албанија

Post Views: 5 Албанската полиција извести дека запленила голема количина на експлозив, а притоа биле уапсени познати криминалци и бил одземен целиот арсенал на оружје. Полицијата заплени 4,6 килограми експлозив во Драч и уапси три лица, информираат истражните органи во Албанија. Oттаму објаснуваат дека заплената на експлозивот се случила во акција чија цел била спречување на трговијата со оружје и луѓе, а покрај експлозив биле запленети и три гранати, еден калашников, четири мобилни телефони, пет детонатори и едно возило, пренесуваат албанските медиуми. Се наведува дека еден од уапсените,...

Continue reading

Нема пречки за обединување

Post Views: 8 “За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово. Рама оценил дека  национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија. “Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама. Албанскиот премиер најавил...

Continue reading

svinji

Извоз на свињи во Албанија од Македонија

Post Views: 1 Групацијата Жито Вардар информираше дека деновиве ги извезе првите 220 свињи во соседна Албанија. Компанијата, како што соопшти вчера, има амбициозни планови за пласман на производите на албанскиот и црногорскиот пазар. Жи-Ва е веќе добро познат бренд за месо во Србија. Во првото полугодие на 2009 беа извезени преку 600 тони свинско месо во вредност од преку 1,2 милиони евра. “Нашето производство на свинско месо покрива над 60% од потребите за свежо месо во Македонија. Се стремиме кон развој и проширување на странските пазари и очекуваме извоз од над три милиони евра...

Continue reading

George Ivanov

Претседателот Иванов на неформална регионална средба во Албанија

Post Views: 11 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ. Дводневната средба се одржува на покана на албанскиот претседател Топи и според најавата од неговиот Кабинет, таа е во функција на продлабочување на регионалната соработка. Според Кабинетот на албанскиот претседател, четворицата шефови на држави на средбата ќе разговараат за „билатералните односи, регионалната соработка  и за перспективите за  развој во насока на заедничката...

Continue reading

Уефа донесе одлука за прекинатиот натпревар Србија-Албанија

Post Views: 7 Европската куќа на фудбалот пресече, натпреварот помеѓу Србија и Албанија е регистриран со резултат 3-0 во корист на домаќинот. Меѓутоа, тука не е крајот на казните па така Србија е казнета и со одземање на три бода, фудбалските сојузи на Србија и Албанија се казнети со по 100.000 евра и Србија ќе игра два меча без публика на свој терен. Од денот на примање на комплетно образложените одлуки, двете страни ќе имаат право на жалби во рок од пет дена до комисијата за жалби при Уефа. Моменталната ситуација на табелата во групата по одлуката на Уефа е: Данска и Албанија со...

Continue reading

Одложена е одлуката на Уефа за натпреварот Србија-Албанија

Post Views: 3 Уефа требаше во текот на денешниот ден да донесе одлука за прекинатиот квалификациски натпревар во Белград, но тоа е пролонгирано за петок. Уефа во петок ќе донесе одлука, но треба да се нагласи дека ова нема да биде одлука за евентуалните казни за српскиот и албанскиот фудбалски сојуз Можни се четири сценарија за расплет на натпреварот. Победник со службен резултат за Србија или Албанија, во зависност кого Уефа ќе го обвини за неодигрувањето на натпреварот. Може да се повтори натпреварот во Белград без присуство на гледачи, а може натпреварот да се одигра и на неутрален...

Continue reading

Силен земјотрес ја погоди Албанија, регистрирани шест жртви

Post Views: 9 Бројот на жртви во силниот земјотрес што ја погоди Албанија во утринските часови се искачи на шест, соопшти албанското Министерство за одбрана. Три лица загинале во населбата „18“ во Драч, две во селото Туман и едно лице во Курбин. Судбината на четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат, сè уште не се знае. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот. Спасувачки екипи се на терен и работат на расчистување на урнатините од петкатница во Драч и повеќекатница во Туман. Според очевидци, под урнатините...

Continue reading

Платини за срамотилакот во Белград

Post Views: 9 Претседателот на Уефа, Мишел Платини, уште еднаш се осврна на случувањата на прекинатиот натпревар Србија – Албанија. Србија и Албанија ги очекува тешка казна од Уефа. Прашање е само кој ќе помине полошо, а најверојатно Србија бидејќи во неколку години нивните навивачи направија неколку тешки инциденти. Но, Албанците се лажат ако мислат дека ќе поминат неказнето бидејќи изведоа акција која вклучуваше беспилотно летало и екстремистичко знаме на таканаеречената “голема Албанија” која вклучува делови на Црна Гора, Србија, Грција и Македонија. “Го чекаме извештајот на судиите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top