Силен земјотрес ја погоди Албанија, регистрирани шест жртви

Бројот на жртви во силниот земјотрес што ја погоди Албанија во утринските часови се искачи на шест, соопшти албанското Министерство за одбрана.

 |   | 

Бројот на жртви во силниот земјотрес што ја погоди Албанија во утринските часови се искачи на шест, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Три лица загинале во населбата „18“ во Драч, две во селото Туман и едно лице во Курбин.

Судбината на четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат, сè уште не се знае. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот.

Спасувачки екипи се на терен и работат на расчистување на урнатините од петкатница во Драч и повеќекатница во Туман. Според очевидци, под урнатините во зградата во Туман има девет лица, членови на две семејства. Во текот на ноќта од урнатините беше спасено едно момче.

По силниот земјотрес во 3 и 54 часот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, биле регистрирани уште најмалку 110 потреси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top