Ознака: Албанија

Албанија го укина полицискиот час

Post Views: 1 Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, кој траеше од 23 до 6 часот. По направената процена на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание. Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може...

Continue reading

Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во Албанија

Post Views: 2 Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена...

Continue reading

Жител на Албанија фатен со 30 кг риба кај Сатеска

Post Views: 1 Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска. На (17.01.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад кај месноста Сатеска Струга, при извршен преглед на патничко моторно возило ,,опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, беа пронајдени и запленети 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми, а сокриени во багажниот простор на возилото. Против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот...

Continue reading

Охриѓанец фатен со 100 килограми дрога од Албанија

Post Views: 3 На (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра. Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско,...

Continue reading

Двајца туристи од Македонија се удавиле во Албанија

Post Views: 6 Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија. Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11.15 часот денеска на плажата во Велипоја. Десет минути подоцна уште две лица се удавиле на плажата во Спиле. Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М. М. (79) и Ц. М. (78) кои дошле на одмор од Македонија.

Continue reading

Силен земјотрес во Албанија

Post Views: 7 Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија. Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора. Епицентарот на силниот земјотрес кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми. Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од Петти степен на Меркалиевата скала. Инаку, жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 16 километри. Засега...

Continue reading

Влез во Албанија само за прележани од ковид, вакцинирани и со негативен ПЦР тест

Post Views: 0 Од денеска, во Албанија стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација. При влегување, потребно е да се покаже тнр. пасош за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирус. Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата...

Continue reading

EK побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија

Post Views: 4 Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување. Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата. Могерини...

Continue reading

Од 1-ви јули без роаминг: Зборувајте како дома во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Post Views: 5 По први Јули тарифите за разговор на мобилен ако сте во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово или Босна и Херцеговина ќе ве чинат исто како да не сте ја преминале границата односно како што ви се тарифираат и во земјава по вашите постојни договори со мобилните оператори и што е уште позначајно конечно кога ќе ја преминувате границата нема да мора да се грижите и да брзате да го исклучите копчето за интернет бидејќи и роамингот односно интернет ќе користите по исти цени како да сте дома. Останува да се грижите единствено дали во е доволно полна батеријата. Токму со ова...

Continue reading

Во Горенци приведено лице од Албанија поради незаконит лов

Post Views: 10 На 06.12.2021 во 15.00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

КУД “Дримкол” на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија

Post Views: 1 КУД “Дримкол” Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија. Од 21 до 23 овој месец се одржува меѓународниот фолклорен фестивал во организација на ЦИОФФ на кој КУД Дримкол Вевчани е претставник од нашата држава. – „Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите...

Continue reading

Тежок инцидент во Албанија, прекинат натпревар од Европската лига

Post Views: 6 Првиот натпревар од третото претколо на Европската лига помеѓу албанскиот Кукеши и варшавска Легија е прекинат на почетокот на второто полувреме поради инцидентот кои го предизвикаа навивачите на домашната екипа. Иако навивачите на Кукеши и Легија се гаѓаа со камења за време и пред натпреварот, наводно има и потешко повредени, до прекинот дошло кога домашните навивачи со камен го погодија во глава играчот на Легија, Ондреј Дуда, откако Легија го постигна водечкиот гол за водство од 2-1. Дуда падна покосен, изнесен е од теренот, но по лекарската интервенција сепак се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top