Ознака: Албанија

digitron

Нова можност за отварање сопствен бизнис

Post Views: 7 Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична  соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис. За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и три...

Continue reading

Paloska

Охрид два пати ослободуван од фашистичкиот окупатор

Post Views: 0 Спроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено  ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во  ослободувањето на Охрид. На овој историски настан се присетува некогашниот  партизан, 90 годишниот  Милан Палоски еден од учесниците во нападот.  Неговата бригада броела  250 партизани, слабо вооружени и оскудно облечени.  Цел на нивниот напад била германската окупаторска војска  која од Охрид се повлекувала кон Драч, Албанија, раскажува Палоски.По...

Continue reading

vrabotuvanje

Зеднички патеки и можности за вработување во пограничниот регион

Post Views: 0 Фондацијата за подршка на претпријатијата од Охрид, го спроведува проектот градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот регион. Станува збор за проект кој е финансиран од ЕУ поточно од средствата на ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу РМ и Република Албанија. Елизабета Петанова координатор на проектот вели дека негова главна цел е развој и подобрување на услугите на пазарот на труд со цел интеграција на невработените лица во општеството, преку активности кои ќе ги спорведуваме заедно со релевантните актери во прекуграничниот регион. „Односно...

Continue reading

ezero

Итно потребна ревизија на старите договори

Post Views: 6 Потребно е ревидирање на старите догвори во полето на управување со водите помеѓу Македонија и Албанија. Станува збор за стари правни рамки, потпишани во други времиња, под други услови, различни од сегашните. И двете страни истакнаа дека посебно внимание треба да се посвети на  заштитата на Охридското Езеро како и заштитата на загрозените ендемски видови пастрмка и белвица. Итно е потребна ревизија на договорите за заштита на водите помеѓу Албанија и Македонија. Албанскиот Министер за животна средина Фатмир Медиу, истакна дека потребно е да се ревидира билатералниот...

Continue reading

konferencija

Државите од Балканот за зачувување на водните ресурси

Post Views: 1 Градење на заедничка визија, за одржливо управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Четворицата министри за животна средина и просторно планирање на Србија, Албанија, Косово и Македонија, денес во Охрид започнаа една нова ера во размената на искуства и меѓусебната соработка воопшто, во сферата на интегрирано и одржливо управување со водите. Министерот за Животна средина и просторно планирање на Р.Македонија, Неџати Јакупи, истакна дека принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки...

Continue reading

dalekovod

Македонија и Албанија ќе се поврзат со далековод

Post Views: 1 А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор OST денес склучија Меморандум за разбирање, со што ги започнуваат подготвителните работи за изградба на нов 400 kV далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан. Првиот билатерален договор во историјата на електропреносните систем оператори на двете држави го потпишаа Дејан Бошковски, генералниот директор на АД МЕПСО и Сокол Рамадани, генералниот директор на OST, денеска во Охрид. „Со меморандумот за разбирање двете страни ќе ги остварат меѓусебните права и обврски, заедно...

Continue reading

zs tocak

Уште еден викенд во знак на охридските велосипедисти

Post Views: 9 Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов  кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи. Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две...

Continue reading

Пензионери од Пустец го посетија Охрид

Post Views: 0 Она што за нас е малку, за некој е многу. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, се понуди за помош на Пустец во делот на инфраструктурата. Петрески тоа го направи во рамките на посетата на голема група пензионери од Пустец, Р.Албанија, кои денес беа на прошетка низ Охрид. Градоначалникот потенцира дека иако економската криза е надвисната насекаде во државава, малку од малку можат да одвојат средства од буџетот на локалната за подобрување на условите за живот на македонците во Пустец. Градоначалникот на општина Пустец, Едмунд Темелко, рече дека во Охрид се...

Continue reading

logo

Размена на искуства на нуркачите од Македонија и Албанија

Post Views: 6 Проговорија и за новините во оваа бранша. „Можам со сигурност да кажам, дека со опрема,екипа и со нуркачкиот центар сме подготвени  во Охрид да нудиме и  нуркачки туризам“, вели меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски. Нуркачи од цела Македонија викендов беа учесници на 8 миот семинар во организација на Скуба скулл интернешенл. Оваа нуркачка организација до минатата година обуките ги одржуваше во септември, а од годинава се одлучи средбите со нуркачите да ги прави во пролет, со цел нуркачите и нуркачките центри да можат во престојната туристичката сезона,...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Министрите за одбрана во Охрид

Post Views: 2 Средбата беше добра можност делегациите на двете држави да разменат мислења за актуелните случувања во регионот.Коњановски и Окета денеска потпишаа билатерален План за соработка. На средбата присуствуваа и високи воени делегации на двете држави, предводени од началниците на генералштабовите на армиите, генерал-потполковникот Мирослав Стојановски и неговиот албански колега, бригадниот генерал Максим Малај. Денешната неформална средба на двата министри е продолжување на средбата од Драч пред два месеци. Коњановски и Окета средбата ја искористија за да разменат мислења...

Continue reading

Nedjat Jakupi

Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Post Views: 6 Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија. „Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top