Итно потребна ревизија на старите договори

Потребно е ревидирање на старите догвори во полето на управување со водите помеѓу Македонија и Албанија.

 |  Крсте Голабовски  | 
ezero
езеро

Потребно е ревидирање на старите догвори во полето на управување со водите помеѓу Македонија и Албанија.

albanski minister MediuСтанува збор за стари правни рамки, потпишани во други времиња, под други услови, различни од сегашните. И двете страни истакнаа дека посебно внимание треба да се посвети на  заштитата на Охридското Езеро како и заштитата на загрозените ендемски видови пастрмка и белвица.

Итно е потребна ревизија на договорите за заштита на водите помеѓу Албанија и Македонија. Албанскиот Министер за животна средина Фатмир Медиу, истакна дека потребно е да се ревидира билатералниот договор со Македонија за заштита на водите, кој е потпишан пред повеќе децении ,а кој не соодветствува со денешните состојби.

Со ова согласни и од македонска страна. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за води, истакна  двете држави конечно преку една силна политичка воља треба да влезат во процес на ревизија на договори кои се остаток на едно старо општествено уредување, а се од есенцијално значење за менаџирањето со водните ресури и во двете држави.

ezeroМинистерот Mедиу додаде дека,  постојат одредени недоразбирања меѓу позицијата и опозицијата, но ние во наредниот период планираме да оствариме средба со пратениците во Парламентот за да им ја објасниме потребата од воведување на таквата мерка“.

Со предложените мерки заштитата на пастрмката треба да биде иста од двете страни на границата. Во Македонија ловот на овој ендемски вид е целосно забранет од 2004 година, а во Албанија се одвива сезонски, иако на земјата постојано и се укажува дека треба да го укине, а самите власти во Тирана покажале добра волја за една таква мерка, но не ја усвоиле.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top