Ознака: активност

akcija

Традиционално и годинава ќе се одржи акцијата „За посреќно детство“

Post Views: 1 Во сабота ќе се одржи традиционалната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“. Главната активност со која што официјално започнува хуманитарната активност ќе биде трката во 11 часот од чинарот до крајот на плоштадот, како што најави Мимоза Ставреска од Црвениот крст Охрид. Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, ќе може да се натпреварува во шах, кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, пикадо, за најмладите вртење хула-хоп, менување чашки, а исто така талоните учествуваат во наградна игра, информира Ставреска. „Ги повикуваме сите наши сограѓани да ни се придружат...

Continue reading

Охрид го одбележа Светскиот ден на физичката активност

Post Views: 2 Атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг понг, возење скејт, ролери и велосипеди, едрилици. Сето ова денеска можеше да се види на Кеј Македонија. Од Охрид  до над Велестово и назад се одржа и планинарска тура. Ученици од охридските училишта, членови на спортски клубови , спортисти и рекреативци го одбележаа Денот на физичката активност. Потребно е секојдневно движење, спортување и здрави животни навики, независно од возраста и полот, со цел да се одржи сопственото здравје, порачаа учесниците.  Пандемијата  на коронавирусот ни покажа  колку е значајно спортувањето...

Continue reading

ОХРИД ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Post Views: 4 Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност. Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираат спортски активности кои ќе се одржат на Кеј „Македонија“ во период од 11 до 12 часот. Спортувањата ќе бидат согласно протоколите за КОВИД 19, а за учесниците задолжителни ќе бидат заштитна маска и физичката...

Continue reading

svr kartoni

Полициски службеници делеа зелени картони за послушните, црвени за непослушните пешаци

Post Views: 0 СВР Охрид по повод Неделата на пешаците денес на раскрсницата кај Мини-маркет симболично ги наградуваше и казнуваше пешаците. Полициски службеници ги следеа пешаците дали правилно или неправилно поминуваат на семафори и пешачките премини и доколку ги почитуваа сообраќајните правила добиваа зелен картон како награда бидејќи со нивното однесување придонеле за намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди. Оние непослушните пак кои прекршија некое сообраќајно правило добиваа црвен картон, а полициските службеници им го посочуваа прекршокот кој го направиле и предупредување...

Continue reading

ck

Организирано раздвижување за охриѓани

Post Views: 6 Организирано раздвижување за охриѓани. Со возење велосипед, ролери и  пешачење утре  се организира   пролетно физичко  раздвижење за охриѓани. Општинската организација на Црвен крст Охрид со мотот Like za Bike ќе го поттикнува здравиот начин на живот кај охриѓани. Покрај бројните забавни, спортски и култруно забавни содржини може да се танцуваат самба и салса. Танцувањето е спорт и делува позитивно врз човековото здравје, вели Даниел Наумоски човекот кој се обидува во Охрид да го врати танцот во живот. За утрешната активност ангажирани се лица задолжени да ги размрдаат...

Continue reading

deca gradinka

Најмладите охриѓанчиња утре ќе ја чекаат пролетта

Post Views: 1 На неа ќе учествуваат дечињата на возраст од од 5 – 10 од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Покрај дефилето под пролетни маскипрограмата ќе биде збогатена со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта. На манифестацијата поканети се да се приклучат и деца од основните училишта по настапот на децата од геадинка. Предвидена е и активност „ДА ГО ПРЕГРНЕМЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ чија цел е испраќање на порака дека треба да го чуваме и заштитуваме нашето езеро, Дел од  манифестацијата ќе се одвива во рамките на градинката каде ќе се собира хартија и пластична амбалажа. {loadposition...

Continue reading

sobi

Наместо на улица, приватните станоиздавачи гостите ќе ги дочекуваат на типизирани штандови

Post Views: 7 Во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид  за 2014- та година според претходно утврдените проблеми во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, со оваа програмска активност се предвидува изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи. На нив, регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и достоинствен начин, со што би се вовел ред како...

Continue reading

potrosuvaci

Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“

Post Views: 18 На светскиот ден за заштита на потрошувачите, 15ти Март, Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“. Ова е прва активност на ова тело кое ќе функционира во рамките на Советот на општина Охрид, а има за цел унапредување на правата на потрошувачите и сензибилизација на потрошувачите за правата кои ги имаат. Веќе е креирана и програмата според која ќе функционира Советот на потрошувачи за 2014та година, а која ќе вклучува поголем број на активности насочени кон промовирање и заштита на правата на потрошувачите, како и организирање на...

Continue reading

policija cveke

Каранфил за жените возачи во Охрид

Post Views: 2 Традиционално, денеска на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, 8 ми март им го честитаа припадниците на охридската полициска служба. „Среќен празник од името на СВР“ Охрид, имаме чест да ви го честитаме денот на жената „8ми Март“ со ова убаво цвеќе“ – можеше да се слушне денеска од охридските полицајци кои и оваа година на исто место како и лани, на пресекот на Туристичка со Даме Груев,  ги сопираа жените возачи. „Во името на СВР Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честитам денешниот празник 8 ми март. Денеска СВР Охрид празникот...

Continue reading

kej

ЈП „Охридски Комуналец“ го чисти муљот од градскиот кеј

Post Views: 4 По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк). Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини муљ, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м3 муљ и друг вид отпад. Оваа активност ја спроведуваме согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности. {loadposition content9}

Continue reading

Колку вежбање ви е потребно?

Post Views: 6 Колку во просек, дневно треба да поминат возрасните индувидуи во вежбање?За повеќето возрасни луѓе, препорачливи се следниве параметри: – Аеробична активност. Минимум 150 минути неделно – умерена аеробична активност, или 75 минути интензивна аеробична активност. Можете да правите и комбинација од двете. Експертите препорачуваат да ја распоредите оваа активност во текот на целата недела. – Оптоварено вежбање (теретана). Вакви вежби треба да се практикуваат минимум два пати неделно – со половина час поминато во теретана. Умерената аеробична активност...

Continue reading

pregledi

Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето

Post Views: 2 Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето  беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце. „Јас секој месец одам на прегледи,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top