Традиционално и годинава ќе се одржи акцијата „За посреќно детство“

Традиционално и годинава со низа активности Црвениот крст од Охрид во соработка со Локалната самоуправа во сабота 4 октомври, ќе ја одржат хуманитарната спортско- рекреативна акција „За посреќно детство“. И овој пат предвидени се вредни награди меѓу кои седум дневно зимување на Златибор. Средствата одат во рацете на ранливите категории граѓани на општина Охрид и Дебрца.

 |  Николоска Биљана  | 
akcija
акција

mimozaВо сабота ќе се одржи традиционалната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“. Главната активност со која што официјално започнува хуманитарната активност ќе биде трката во 11 часот од чинарот до крајот на плоштадот, како што најави Мимоза Ставреска од Црвениот крст Охрид. Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, ќе може да се натпреварува во шах, кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, пикадо, за најмладите вртење хула-хоп, менување чашки, а исто така талоните учествуваат во наградна игра, информира Ставреска.

„Ги повикуваме сите наши сограѓани да ни се придружат за масовно да ја одбележиме оваа акција а која крајна цел има како и секоја друга активност на Црвен Крст поддршка на ранливите категории на нашите сограѓани. Нашите волонтери се веќе на терен ги продаваат овие учеснички броеви, со купувањето на еден учеснички број кој чини 30 денари можете да учествувате во спортските дисциплини и да се натпреваруватре во сабота“– вели Ставреска.

akcijaГодинава во рамки на акцијата која ја организира  општинскиот Црвен крст се вклучува и Локалната Самоуправа. Предвидено е да се одржи голема крводарителска акција.

„Дарувањето крв е најсуштински и најконкретен личен чин на хумано дејствување и луѓето кои се одлучуваат да дарат крв да подарат дел од себе во насока на спасување на здравјето на другите, најдиректно даваат пример за тоа што значи да се има емпатија да се има чуство за маките страдањето и потребите на другите“ – изјави Коњановска.

Големата хуманитарна акција ќе се одвива на неколку локации, платото пред Центарот за култура, на терасата од комплекот Летница, паркот пред дирекцијата на „ Охридско лето“ и градскиот плоштад. И годинава како традиционален партнер на акцијата „ За посреќно детство“ се јавува Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој подготви бесплатни стоматолошки прегледи за посетителите и учесниците во оваа акција. Средствата собрани од акцијата со продажба наградните талони ќе бидат наменети за набавка на производи со кои ќе им се помогне на децата од социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top