Ознака: центарот

mirjana lozanoska

Се подготвува студија за колекторски ситем на шест општини

Post Views: 1 Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со отпадните води во шест општини. Студијата за проектот е веќе готова, во моментов се преведува на англиски јазик, бидејќи се подготвува документацијата за реализација на проектот преку компомента на ИПА регионален развој. Вредноста на инветицијата е 20 милиони евра. Општините Вранешница, Пласница, Осломеј, Кичево, Другово и Зајас, ќе добијат колекторски систем и две прочитителни станици. Физибилити студијата за проектот е веќе готова, а во моментов истата се преведува на англиски јазик  и подготвува...

Continue reading

kino

Ќе се реконструира некогаш омилената кино бавча

Post Views: 8 Запуштениот простор каде што се наоѓаше некогаш за охриѓани омилената  кино бавча ќе се обновува. За таа намена ресорното министерство веќе одобри 200.000 денари, пари кои за овој проект ги побарал Центарот за култура. На почеток ќе се инвестира во средување на просторот на кој се планира да се постават 200 монтажни седишта и бина истакнува директорот на Ценатрот, Драгана Боцевска. „Целта ние да го осовремениме и адаптираме просторот на летната кино бавча кој во моментов е запуштен. Просторот ќе има повеќе наменски активности почнувајќи од фолклорните ансамбли, камерни...

Continue reading

Biblioteka

Фрчат огласи за вработувања во културата

Post Views: 0 Неколку градски институции од областа на културата објавија конкурс за нови вработувања, а некои пак чекаат да се решат назначувањата по нивното истекување. Така националната установа библиотеката „Григор Прличев“ има распишано оглас за три нови вработувања. Библиотеката објави оглас за поплнување на три позиции книговезец, хаус мајстор и еден библиотекар за издавање книги. Иако нејзиниот директор Тоде Илиески при неодамнешното гостување на ТВМ изјави дека библиотеката мака мачи со просторниотпроблем од 270 метри квадратни, и според сегашните стандарди  со 10-те  вработени...

Continue reading

metadon

Алтернатива за независност од хероин – метадон

Post Views: 5 Метадонската терапија се зема на државна чешма. Оваа терапија всушност претставува институционално дрогирање на наркоманите, како би се заштитило општеството од нивното криминално однесување. Во дневниот центар во Охрид се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користење на дрога. Има многу причини и факти поради кои децата посегнуваат  по дрога, вели Горан Поп Марков, социјален работник во центарот за зависници од Охрид. Тој додава дека зависноста и проблемите во семејството, воспитната запуштеност во семејството,...

Continue reading

Stefan

Црна статистика

Post Views: 6 Црна статистика на нарко зависници за 2010, а годинава уште поцрна. Во Охрид светлата бројка на нарко зависници регистрирани минатата година изнесува 338, додека пак оваа година во рапиден пораст.  Доцна синоќа по претходно издаден писмен судски налог, извршен е претрес во домот на Б.Т. (23) години, познат нарко зависник од Охрид, каде била пронајдена извесна количина на хероин. Тука бил затекнат и Д.Г (22) од Охрид. Покрај хероинот во неговиот дом биле пронајдени повеќе мобилни телефони, современ  фото апарат, рачни радио станици, сигнален пиштол, поголема количина...

Continue reading

SRC

Година на многу новитети во СРЦ „Атина Бојаџи“

Post Views: 7 Нови базени,трибини како и можно одржување на уште едно ЕП во кошарка. Ова се само дел од активностите кои ќе ја одбележат годината во СРЦ „Атина Бојаџи“. Охрид и Центарот, оваа година се во игра да бидат домаќини на Европското младинско првенство во кошарка до 19 години. Директорката на СРЦ Гордана Јованоска вели дека, условите и капацитетот на салата се задоволувачки, контактите со КФМ се направени, се чека само посета на нивни претставници на центарот. „Требаше овој викенд да не посетат, да видиме што бараат а што ние можеме да им овозможиме, да склучиме договор...

Continue reading

ucenicki

И родителите ќе се враќаат во ученичките клупи

Post Views: 29 За да се корегираат децата-бељаџии, родителите ќе треба се вратат во училишните клупи. Зачестените насилни инциденти низ училиштата во земјава ги уплашија Властите, па тие ги донесоа овие измени со кои ќе се корегирало однесувањето на децата. Најновите измени на Законот за основно и средно образование им налагаат посетување на „родителски школи“ на оние родители чии деца неморално се однесувале на училиште. Ако во текот на учебната година, ученикот имал единица по три или повеќе предмети, 10 неоправдани и 100 оправдани изостаноци, учествувал во тепачки или го навредувал...

Continue reading

Centar za socijalni raboti

84 домаќинства останаа без социјална парична помош

Post Views: 1 По завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот. Но, не само овие семејства, социјалната помош одредени корисници ја имаат изгубено и по друг основ. Во моментов се води судски спор со 52 корисници кои додека примале парична помош од државата, истовремено заработувале и од друго место. „ Како што вели Законот за социјална заштита, корисниците не пријавиле промена на матријалната...

Continue reading

zoran Veljanoski Letra

Изложба на фотографии од Охрид во Њу Јорк

Post Views: 1 Охридските убавини преку фотографиите на Зоран Велјаноски Летра ќе бидат претавени во центарот на фотографијата Њу Јорк. 40 фотографии од кои 24 во голем и редок фотографски формат 100 на 70, 18 во формат 50 на 70 жителите на Њу Јорк ќе имаат можност да ги видат од  20 март до 3 април. „Охрид вечниот град и бисер на Европа“ е насловот на изложбара, а носечка фотографија на ова културно збиднување ќе биде фоографијата на Заливот на коските, фатен од перспектива од пред дожд и тоа од агол каде нема ни еден современ објект.„Фотографиите ќе бидат посветени исклучиво на...

Continue reading

Боцевска

Центарот за култура доби 5 милиони денари за 2011

Post Views: 6 Од колачот на Mинистерствотo за култура, 5 милиони денари одат за центарот за култура “Григор Прличев“.  Покрај пари за традиционалните манифестации кои ги покрива министерството како што се Балканскиот фестивал за народни песни и игри,  Oхридските староградски средби, ансамблот на народни песни и игри Бисери, годинава има пари и за доделувањето на наградата Григор Прличев која е во склоп на Прличевите беседи, но и за многу други нови проекти. „ Доделени се средства за музичко балетската престава Палешка, промоијата во културно информативниот центар во Софија на писателот...

Continue reading

Регистрирани неколку случаи на клинички грип

Post Views: 5 Ништо невообичаено за овој период од годината,вели првиот човек на центарот за јавно здравје. Регистрирани неколку случаи на клинички грип. Зимата е период на настинки. Покрај ниските температури вообичаени за овој период, дополнителен проблем се и варијациите со временските прилики. За изминатиот период регистрирани се неколку случаи на клинички грип. Михаилов потенцира дека тоа не се вирусни случаи, туку станува збор за настинки со полесни симптоми, како што се главоболки, болки во зглобовите и слично. Дополнително е отежната состојбата за ризичната група со зголемената...

Continue reading

Plakati

Ќе се вратат филмските плакати низ градов

Post Views: 0 Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив. Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top