Tag: хотелиерите

Хотелиерите бараат поскоро вакцинирање на туристичките работници

Како што приближува сезоната така расте загриженоста на субјектите од туристичкиот сектор дали земјава ќе се најде на листата безбедни дестинации. За тоа потребна е имуницазија против ковид на вработените во туризмот. Доколку се потфрли во вакцинацијата на турисмот без гости од странство му се заканува колапс.   Од Хотелската асоцијација ХОТАМ  бараат што поскара вакцинација на туристичките работници. Пред  стартот на сезоната светот го зафати  трет силен бран на вирусот.. Излезот и спас на туристичката сезона се гледа во масовна колективна имунизација во која приоритет ќе имаат  вработените...

Continue reading

Хотелиерите бараат вработените во овој сектор да бидат имунизирани меѓу првите во земјава

 За да се вратат странските гости на нашето крајбрежје апелираат  земјата  да започнe со имунизација. Планираат воведување  и на нови  протоколи  за гостите да имаат безбедна туристичка дестинација.  Хотелиерите побараа преку Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот да се издејстува вработените во оваа индустрија да бидат вакцинирани меѓу првите во земјава. Покрај усогласувањето на сите протоколи и добивање сертификати кои се применуваат во Европската унија, за нив е примарно земјава да отпочне со имунизација. Лани домашната економија од туризмот забележа пад дури од 41 процент. Тоа е...

Continue reading

Хотелиерите ова лето се надеваат на странски гости во поголем број

Со петтиот сет економски мерки  хотелиерите очекуваат поддршка за да опстанат до почетокот на туристичката сезона. А тогаш се надеваат дека покрај домашните гости со ваучери кои ќе има и странски туристи. Резервациите од ланската година се префрлени за ова лето но никој не знае дали ќе се реализираат. Хотелиерите бараат што поскоро да започне  вакцинацијата, во спротивно земјава нема да биде на листата безбедни туристички дестинации. За успешна туристичка сезона потребна е брза имунизација и подготовка на план за безбедност,  што ќе им биде претставен на  странските тур оператори. Нема компанија...

Continue reading

Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19

При  контролите на пазарните инспектори не се пронајдени групирања и организирани прослави на Новогодишната ноќ  и во деновите од викендот. Контролите ќе продолжат за претстојните Божиќни празници и потоа.  Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во текот на деновите од викендот и Новогодишната ноќ направиле инспекциски надзор врз хотелските објекти в долж охридското крајбрежје, информира Цветко Ристески ракодител на Поддрачното одделение на ДПИ. Во текот на изминатите 4 дена инспекторите направиле 187 контроли . Ристески додава дека при тоа инспекторите констатирале дека се почитуваат...

Continue reading

Да се продолжи рокот на ваучерите за туризам и да се издаваат нови, бараат хотелиерите

Хотелските објекти со месеци зјаат празни, велат  само со ваучери може да се очекуваат туристи.   До на пролет идната година нема надеж за туризмот, поради огромниот број на заболени со корона вирусот  нема најави за Новогодишни празнувања. Хотелиерите  на брегот на Охридското езеро , кои  се` уште се  отворени  сметаат дека треба да  продолжи издавањето на   ваучери за туризам .  Крајниот рок за користење   на доделените ваучери во висина од 6000 денари  им е  до  средината на  декември годинава.  Доколку продолжи ваквата поддршка  ќе  може да се очекуваат гости во текот на зимскиот период....

Continue reading

Хотелиерите гледаат помош во третиот сет на владините мерки

Помошта за домашниот туризам ќе значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани и дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра за да одмараат во домашните туристички дестинации.Од Хотам  апелираат сите да ги почитуваат дадените здравствените препораки во спротивно се паѓа во вода. Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери,...

Continue reading

Хотелиерите ги подготвуваат нивните предлози за работа по завршување на епидемијата со Ковид 19

Подготвуваат прв сет на протокли за работа со кои ќе ги заштитат и вработениот персонал и гостите. Потоа ќе следуваат вториот пакет мерки на предложени протоколи за работа кои ќе ги опфатат користењето на базените, спа центрите и организацијата на разни свечености во хотелите. Хотелиерите работат на подготвки на детални предлог мерки за работа по спласнување на епидемијата на коронавирусот. Мерките опфаќаат многу детали почнувајќи од влезот во хотелско-туристичките обејкти, па се до служење на храната. Предлозите ќе се однесуваат за заштита и на персоналот и на госите веднаш по олабување на...

Continue reading

Хотелиерите посакуваат на охридската ривиера гости и со подлабок џеб

За тоа се потребни повеќе услови кои велат дека одат во нагорна линија. Подолго време ја нагласуваат потребата и од изградбата на нови хотелски објекти. Субвенционирањето на државата во туризмот дава позитивни ефектки во последните 10 -тина години. Се пополнуваат сместувачките капцитети и во хотелите и во приватното сместување. Иако хотелиерите и угостителите се задоволни сепак посакуваат на охридската ривиера и гости со подлабок џеб. „ Прилив на повисока класа на гости, но тоа зависи од околината, од хигиената, добрата патна инфраструктура, паркови и зеленило, искористување на водниот сообраќај...

Continue reading

Заев во Охрид на средба со хотелиерите и занаетчиите

Владата ќе ги поддршува семејните бизниси и занетчиите. Првиот чекор е намалувањето на казните. Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид каде оствари средба со дуканџиите и со хотелиерите. Целта е да се врат довербата во приватниот сектор и да се унапредува туризмот. Премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска по охридската чаршија  посетија неколку охридски дуканџии.Зборуваа за условите за работа и поддршката од владата на чаршискиот еснаф. Економските политики на владата ќе ги поддржат семејните бизниси и занаетчиите за зголемување...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top