500 лица од регионов ќе останат без работа ако државата итно не помогне на хотелиерите

Хотелите вдолж брегот на Охридското езеро работат само со 10% од капацитетите. На 500 лица од регионот им се заканува да останат без работа, доколку државата итно не донесе пакет мерки за поддршка и помош на хотелскиот сектор за пребродување на кризата предизвикна од корона пандемијата.

 |   | 

Голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро и оваа зима ќе ја минат под клуч. Поради недостиг на гости, семинари, конгреси оваа есен поголемиот дел од вработените се пуштени на годишни одмори или со 70% плата, но ако продолжи кризата хотелиерите ќе бидат приморани да ги отпуштаат вработените.

На околу 500 лица од регионот им се заканува да останат без работа доколку државата итно не обезбеди финансиска поддршка за да може да ја пребродат кризата предизвикана од пандемијата.

Следно што ќе следува, тие што одат на 70% месец, два три ако нема никакви приходи хотелите ќе почнат да не делат плата штом не делат плата и заостануваат со платите ќе почне да има отпуштања. Ние не сакаме отпуштања не сме по секоја цена да отпуштиме и да некој изгуби работно место него самата ситуација го носи тоа – вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Хотам бара помош, државата повторно да дели минимална плата, за да може да се задржат сите вработени во хотелскиот сектор.

Ќе мора тука Владата да се вмеша тие добро имаат, знаат кој колку придонесувал во минатото, кој колку плаќал придонеси за тие вработени и општо данок во сите погледи. И баш соодветно треба да се помогне на истите тие фирми да ја преживеат оваа втора година – додава Блажески.

Од почетокот на септември хотелите зјаат празни. Поради пандемијата нема семинари, конференции и конгреси па поголемиот дел од хотелите на брегот на Охридското езеро работат само со 10% од капацитетите.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top