• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19

Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19

При  контролите на пазарните инспектори не се пронајдени групирања и организирани прослави на Новогодишната ноќ  и во деновите од викендот. Контролите ќе продолжат за претстојните Божиќни празници и потоа. 

 |  Валентина Неловска  | 

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во текот на деновите од викендот и Новогодишната ноќ направиле инспекциски надзор врз хотелските објекти в долж охридското крајбрежје, информира Цветко Ристески ракодител на Поддрачното одделение на ДПИ. Во текот на изминатите 4 дена инспекторите направиле 187 контроли . Ристески додава дека при тоа инспекторите констатирале дека се почитуваат протоколите и Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Ги контролиравме хотелите. Скоро половина од хотелските капацитети не работеа за новогодишната ноќ и викендот потоа. Оние што работеа пак работеа според протоколот за сместување во угостителските објекти и немаше неправилности.“

До одделението на ДПИ за време на дочекот на Нова година имало една пријава за групирање. Инспекторите излегле веднаш на увид.

„Имаше една дојава за новогодишната ноќ. Заедно со полицијата излеговме на лице место, но дојавата беше лажна, не беше вистинита“.

Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека нивните екипи ќе бидат мобилни и во претстојните празнични денови. Будно ќе се следи состојбата дали се почитуваат безбедносните протоколи за време на Божиќните празници, но и потоа, напоменува раководителот на охридската поддрачна единица на пазарниот инспекторат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top