Хотелиерите се задоволни од стартот на сезоната

Хотелиерите се задоволни од бројот на гости на стартот на сезоната. Хигиената, недостигот на  јавни ценовници кај  такси превозниците и  кајчарите ,  се главните поплаки на странските туристи.

 |  Соња Рилковска  | 

Бројот на туристи задоволителен на стартот на летната сезона, оценуваат хотелиерите.  Јули и август се очекува кулминација , но туристи ќе има и   во септември и октомври. Според договорите со тур операторите тогаш хотелите ќе бидат исполнети  70 %.
За збогатување на туристичката понуда на брегот на Охридскот езеро потребно е отворање на нови хотели со нови содржини адаптирани на потребите на туристите.

„Брегот на Охридското езеро е скоро шеесет километри. Зошто да не е искористен и просторот кај Љубаништа или Радожда од друга страна или самите населени места еве како Пештани, Лагадин и тн. Тука има поголем број на вили кои последниве години гледаме дека се исполнуваат и тие капацитети. Тие се летни сезонски капацитети, а во текот на годината градските хотели“, вели Крсте Блажески  претседател на здружението ХОТАМ.

Хигиената, но и  недостигот на  јавни ценовници кај  такси превозниците и  кајчарите ,  се главните поплаки на странските туристи.

„Нешто слично се случува и со кајчињата и со тие превози кои не се јавно зацртани со цена која ќе биде оданочена. Нека се постават тие ценовници и нека се знае еден час чини 10 евра, 50 или 100 евра  зависи за кој вид на брод и тие да бидат јавни за секој еден гостин и да бидат исти. Да не се чуствува гостинот дека е излажан“, додава Блажески.

Голем проблем се и дивите туристички работници, кои секојдневно „ловат“ туристи низ градот, а со тоа создаваат лоша слика која му штети на имиџот на  Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top