Ознака: ФТУ

FTU obuka

На ФТУ промовирана програмата за Ефективна комуникација за успех во бизнисот

Post Views: 4 На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува  креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација беа НЛП Центарот од Белград , кој  делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини,  и Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Денешниот тренинг преставува почеток на една подолгорочна соработка на центарот со ФТУ . НЛП е комуниациски модел кој што е базиран на субјективната студија на промената усовршувањето и комуникацијата...

Continue reading

italijanska hrana

Студентите на ФТУ ги учеа тајните на кулинарските мајстори

Post Views: 0   Во кујната на ФТУ, студентите од 1 и 3 година на насоката гастрономија, подготвуваа мени со италијанска храна. Тајните во подготвување на свежа, лесна и брза храна им ги  откриваше интернационалниот кувар, со македонско потекло, Синиша Салатиќ.  Неговите вештини и принципи во кулинарството,  со тридецениското искуство,  со задоволство ги пренесува во соработката со ФТУ. „ Сакам италијанската култура во подготвување на храната да  ја пренесам и во Охрид. Студентите учат, вложуваат труд, жално е ако некој не ги поддржи и да им каже е сега си подготвен, може да работиш...

Continue reading

Ambasador Volers vo poseta na FTU

Американскиот Амбасадор во посeта на ФТУ

Post Views: 6 Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори.   Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија...

Continue reading

vino

Студентите од ФТУ учеа како се служи и пие вино

Post Views: 3 Студентите од ФТУ од Охрид учеа за квалитетот на македонското вино, но и за тоа како истото се служи и како се пие. Предавањето го одржа  Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер – македонец со 40 годишно искуство во оваа област во Австрија и Швајцарија и тоа во хотели со пет ѕвезди.   „Морам да признам дека во Р Македнија винската култура е на многу ниско ниво. Виното го пиеме од навика, а не од задоволство. Во текот пиењето треба да бидат допрени и да се добие хармонија која ќе ја затопли душата и ќе ја загрее крвта. Со денешниов настан најважно ми е на студентите да им го подигнам...

Continue reading

FTU labaratorija ucenje na dalecina

ФТУ доби лабораторијата за учење на далечина

Post Views: 10 факултетот за туризам и угостителство преку проект на владата на Р Македнија доби лабараторија  во вредност од 2.2 милиони денари. Ова е една од  190 те лаборатории со кој ќе се обезбеди неоходната техничка инфраструктура, која овозможува поврзување од точка до точка.   Дел од опремата е инсталиран во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а другиот дел во просториите на дисперзираните студии во Велес. Од факултетот откриваат дека лабараторијата за учење на далечина подолго време ја посакувале. „Аплициравме на огласот за опремување на лабараторија...

Continue reading

profesori SAD

ФТУ со американски искуства до подобри предавања

Post Views: 12 Културниот диверзитет, различните народи и култури од големо значење за развојот на туризмот и угостителството. Ова е хајлајтот од четиридневниот семинар на кој учествуваа професори од Факултетот за туризам и угостителство и претставниците од Комјунити колеџите од САД. Целта е да се разменат искуства и во теоретските знаења, но посебно во практичното работење на наставниот кадар.„Тие добиваат знаења за начинот на пренос на знаењата во САД, пренос на практичниот начин на работење она што ние се обидуваме да го воведуваме што повеќе во нашите предавања. Контакт со нашите...

Continue reading

виктор мирхази конзул израел

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Post Views: 0 Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ). „Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на рурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска. Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија,...

Continue reading

FTU konferencija

Еминентни стручњаци од областа на туризмот во Охрид

Post Views: 2 „Услужниот сектор во услови на променливо опкружување“, тема на меѓународната конференција која се одржува во Охрид, во Организација на ФТУ. Темата на конференцијата иако звучи малку апстрактно сепак е апсолутно актуелна и е поврзана со кризата на која сме сведоци и се надеваме дека дека дел од решенијата и дел од согледувањата на идните патишта  ќе бидат предложени токму на овој собир во Охрид. На конференцијата се пријавени 135 учесници од 14 земји, а дел од неа ќе бидат и четири врвни стручњаци во својата област од светски рамки кои ќе бидат и пленарни предавачи. „...

Continue reading

vracuvanje diplomi

Врачени дипломите во ФТУ

Post Views: 3 На студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите.  „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации  се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од  9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување. „Ова беше еден од најдобрите...

Continue reading

sednica

Советот на град Охрид ја одржа 35-тата седница

Post Views: 6 Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај. „ Во однос на сообраќајниот режим би сакал посебно внимание да се осврни на улицата „Асном“ викана „110“ или „Писта“ каде навечер се случуваат страшни работи поради брзо возење со мотори автомобили имавме несреќен случај пред неколку дена и не би сакале да се повтори тоа. Најмалку би сакале да свикуваме сред лето комеративни...

Continue reading

dup

Задоцнети реакции на ВМРО ДПМНЕ за втора урбана

Post Views: 4 Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против. „Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна...

Continue reading

ftu

Факултет или хотел?

Post Views: 0 Вонредна седница на деканатската управа на ФТУ. Измените на деталниот урбанистички план на градот Охрид, ги крена на нозе универзитетските професори, во одбрана на својата институција. Во очи на 40 годишниот јубилеј од постоењето на факултетот жално е да се зборува за разградување и уништување на една институција која е заштитен знак на градот, изјави деканот на факултетот Сашо Коруноски. Тој додава, дека ова произлегува од сознанијата оти Советот на општина Охрид во среда на 29 ти јуни на дневен ред на седницата коако точка го има нацрт на деталниот урбанистички план...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top