Ознака: ФТУ

kariera

Понудата на работа и побарувачката на едно место

Post Views: 6   Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката. Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу понуди,...

Continue reading

ohrid

Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд

Post Views: 15   Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд. Уште пред една година Општина Охрид заедно со Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун го изработија овој проект со кој аплициараа до ИПА фондовите од кои добија пари за истиот, но работите закочија кај документацијата. На почетокот на оваа година беше извршена ревизија на документите кои ги доставија Општина Охрид и ФТУ и од кога беа направени некои дополнувања и корекции се премина на наредната фаза, а тоа е потпишување на договорот. До крајот на месецов треба да заврши оваа процедура, а од почетокот на мај...

Continue reading

ftu

Работодавците и работниците на едно место

Post Views: 0 Работодавците и работниците на едно место. ФТУ организира денови на кариера  на кои ќе земат учество повеќе компании кои ќе се престават на свои штандови поставени во факултетот и каде ќе ги промовираат работните места кои им се непополнети а се од областа на струките кои  се едуцираат на ФТУ. Во комуникација со хотелиерите и ресторатерите заклучивме дека има недостаток на готвачи посебно на искусни кои ќе можат да се снајдат и со класичната кујна но и со другите видови на кујни. Гастрономијата во светот се повеќе добива на цена и всушност имиџот на еден добар ресторан...

Continue reading

Diplomci

Промовирани новите дипломци на ФТУ

Post Views: 11 Пред Св. Климентовиот храм на Плаошник, промовирана нова генерација студенти  кои студиите ги завршија по студиски програми дизајнирани според највисоките стандарди, европскиот кредит трансвер систем, на ФТУ. На  денешната свеченост дипломи им беа врачени на 120 студенти од сите насоки. „ Нашите дипломирани студенти може да ги сретнете по сите институции“, рече проф. д-р. Цветко Андреески – в.д. Декан на ФТУ. Проректорот на универзитетот проф. д-р. Пере Аслимоски, ги награди  четирите најдобри студенти  од студиските рограми на ФТУ за Учебната 2009/2010 год. Наградени...

Continue reading

Највкусните рибни специјалитети во две категории ги подготвија студентите од ФТУ на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш

Post Views: 1 Студенти по гастрономија од охридскиот Факултет за туризам и угостителство освоија две први награди на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш. Освоија максимален број на поени во две категории за подготовка на бела рибна чорба без запршка со толчена икра и рибен паприкаш. За подготовката на автентичниот охридски начин на рибна чорба користеле мавровска пастрмка и икра од белвица, а за рибниот паприкаш користеле охридски крап. Ги воодушевиле посетителите со двата специјалитети од риба, а во подготовката на специјалитетите учествувале студентите Христијан...

Continue reading

grcka kujna

Студентите од ФТУ учеа грчки специјалитети

Post Views: 12 Традиционалната грчка кујна и музика денес беа дел од амбиентот на ФТУ Охрид. Студентите имаа една несекојдневна можност од врвните мајстори на грчката кујна да научат како се подготвуваат дел од грчките јадења, суфлаки, гиро, брускети, реванија. Нашата интенција е да направиме високо профилирани кадри кои ќе излезат на пазарот и ќе бидат конкурентни, вели професорката Ангела Василеска. Додава дека вратите на факултетот се широко отворени за сите угостители кои сакаат да соработуваат со нив. „Јас постојано велам дека имаме една стандардизирана монотона понуда во нашите...

Continue reading

ftu

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Post Views: 3 Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да  започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната,...

Continue reading

ftu

200 нови студенти на ФТУ

Post Views: 1 Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции. На ФТУ засега се запишаа 200 студенти со што се исполнија најпозитивните очекувањата на менаџерскиот тим на овај факултет. –Во услови кога имаме силна конкуренција и кога имаме намалување на бројот на средношколци во училиштата останавме на нивото од минатата година  и тоа за нас навистина е успех, вели  Сашо Коруноски-декан на ФТУ. Коруновски објаснува дека ФТУ е една од водечките институции по бројот на запишани студенти на универзитетот во Битола. Идните студенти имаат можност да студираат на пет насоки,...

Continue reading

studenti

На Плаошник свечено доделени дипломите на педесеттина студенти од ФТУ

Post Views: 3 Педесеттина студенти од ФТУ од Охрид денес на свечен начин ги добија дипломите за завршено високо образование и тоа на Плаошник. Идните академски граѓани со нескриена возбуда50 студенти од петте насоки на ФТУ, денска ги зедоа своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 42 тата генерација на дипломирани студенти на овој факултет, се одржа на Плаошник.  присуствуваа на овој чин земајќи го в рака  парчето хартија кое треба да им ја гарантира нивната светла професионална иднина. –Јас сум голем оптимист и се надевам дека дипломата нема да ми биде само парче хартија....

Continue reading

ftu

Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид

Post Views: 1   Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На  ФТУ  и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори...

Continue reading

pateka

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека

Post Views: 1   Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните  во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички...

Continue reading

fakultet

Отворен ден со матурантите на ФТУ

Post Views: 0 Денес ФТУ Охрид ширум ги отвори вратите за матурантите. Идните студенти имаа можност да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми за кои би се определиле, како и со лабораториите со кои располага оваа високообразовна установа. Матурантите сеуште во дилема каде понатака. „Сега за сега сеуште не сме одлучиле. ФТУ има добри услови за учење и за надвор од државата“ – велат матурантите. Но затоа пак оние кои веќе студираат на ФТУ со пофални зборови кон установата и условите која истата им ги нуди. „Ние сме студенти. Нека се запишат, факултетот е супер...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top