Post Views: 2
Напната атмосфера во Струга. Причина, носењето на нацрт урбанистичкиот план од страна на Советот на општината, за измена на струшкото крајбрежје. Новиот координатор на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски ја отпочна својата прва задача и во име на партијата ја побара поддршката на сите стружани, во одбрана на граѓанските интереси. „Силно го осудуваме актот за уништување и разнебитување на струшкото крајбрежје, осмислен од страна на општинската администрација, поддржан од советниците на СДСМ“, рече Петкоски.
„ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга заедно со граѓаните на Струга ќе се спротистави...
Post Views: 14
Охрид како атрактивна туристичка дестинација, секогаш отвара можности за внесување на нови производи во туризмот. Пред нецели два месеци отпочна реализација на проектот ЛАктив туризам, во кој проект се вклучени Локалната самоуправа, ФТУ и Туристичката агенција Вис Пој. Денес во хотелот Милениум се одржа завршниот настан од овој проект, на кој беа презентирани истражувањата кои ги направи охридскиот факултет за туризам, а беа презентирани и конкретните туристички производи. Туристичките експерти сметаат дека преку ЛАктив туризмот, чија што таргет група е сениорската...
Post Views: 1
Дека Црна Гора станува препознатлива како дестинација во која се исплати да се вложува, покажува податокот дека инвеститорите ќе вложат околу 2,5 милијарди евра во 14 приоритетни туристички проекти, пишуваат Dnevne novine.
Најмногу планира да вложува, во црногорскиот туризам, швајцарскиот Orascom Development Holding, во проектот Lustice Bay Resort во Тиват. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 1,1 милијарда евра. Станува збор за осум хотели, вили, апартмани, две марини, голф терен со 18 дупки, конференциски центар и други содржини.
Од друга страна, компанијата...
Post Views: 4
Новите авионски линии, полн погодок за развојот на туризмот во земјата во целост. Евидентното зголемување на бројот на патници кои само летово пристигнале на охридскиот аеродром е зелено светло, да се продолжи со промоцијата на туристичките потенцијали токму во овие земји, велат од секторот за Туризам и локален економски рaзвој од Општина Охрид.
„Вродуваат со плод сите напори кои и локланата самоуправа и Владата и туристичките работници ги прават за подобрување на имиџот на Охрид и туристичката понуда, авионската линија која се воведе со Тел Авив во просек во летниот...
Post Views: 4
Добро подготвена стратегија за развој на туризмот, сигурен рецепт за успешна но и продолжена сезона. Тоа го говорат искуствата од земјите во регионот, а го потврдуваат и со факти. Најдобар е примерот со Република Хрватска која само оваа сезона од туризмот инкасирала 9 милијарди евра. Зденка Месиќ од министерството за трговија од Хрватска која неодамна беше во работна посета на Охрид вели дека тоа се постигнува само со вклучување на сите чинители во туризмот како на локалните, така и на регионалните и националните институции, но и со воочување на најбитните проблеми...
Post Views: 3
Во Македонија пазарот на труд се менува, ако некогаш работодавачите знаеа на терет на големата понуда на работна сила на пазарот да злоуптребат одредени работнички права или да бараат повеќе од онашто ќе платат, сега ситуацијата е поинаква бидејќи во многу стопански гранки недостасува работна сила. Организацијата на работодавачи на Македонија заедно со Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови – ХОТАМ со иницијатива за измени и дополнувања на законската регулатива која се однесува на ангажманот на сезонските работници.
Имено според бизнисмените од секторот...
Post Views: 5
Жалосна слика за туризмот во Радожда. Оваа туристичка населба за која се смета дека е една од ретките места на охридското крајбрежје кое нуди мирен одмор и беспрекорна романтика, запоставена од надлежните. Несредените плажи кои се натрупани со ѓубре, зборува дека човечка рака воопшто не ги допрела. За очајната состојба со инфраструктурата и нерешениот проблем на приклучок кон колекторскиот систем и да не зборуваме. Овие проблеми им се добро утро добар ден на мештаните на ова струшко село и редовно укажуваат на овие проблеми години наназад. Радождани сметаат дека точно...
Post Views: 37
Струга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости.
Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога...
Post Views: 2
Малку визија, многу работа, посветеност и љубов во она што се работи е доволно за еден мал училишен центар во Ново Место-Словенија да прерасне во фантастичен пример на самоодржливо училиште. Центарот за биотехника и туризам „Грм“ во Ново Место во едно соединение ги спојува знаењата од полјоделството, угостителството и туризмот. Раководејќи се според нивното основно мото „Од нива, до трпеза“, учениците од ова угостителско, туристичко училиште сами ги произведуваат своите намирници, а потоа ги подготвуваат и послужуваат на своите гости.
Комплетирајќи го овој бизнис круг,...
Post Views: 5
Блага опомена. Струга во моментов не е подготвена за туризам. Струшките угостители сериозно стравуваат за престојанта туристичка сезона. Тие пососчија низа проблеми кои општината треба да ги реши за да дојдат туристите во овој град. Дел од нив предупредија на проблемите кои им бодат очи, а заради кои туристите ќе го заобиколат овој туристички центар. За една успешна сезона еден од основните услови е хигиената, па потоа инфраструктурата и уредувањето на градот, вели Наум Угреновиќ, угостител од Струга. Тој додава дека тоа е примарна работа на општина Струга, на што...
Post Views: 5
Завршена работната верзија на стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот 2016-2020 година. Изминатиов период, локалната самоуправа во соработка со Swiss contact и ИМЕ програмата, како и сите чинители од областа на туризмот во градов, па и земјава работеа на подготовка на оваа стратегија за туризам по методологија препорачана од страна на Светската трговска организација и Европската комисија. Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој вели дека во наредниот период ќе се прават понатамошни анализи во однос на тоа дали треба нешто дополнително...
Post Views: 2
Градење на нови хотелски капацитетти, достигнување на бројка од еден милион гости годишно, поволни каматни стапки за добивање кредити, креирање на производ кој е привлечен за странските туристички гиганти, изградба на соодветна патна инфраструктура за поуспешна и подолга туристичка сезона во земјава. Ова се само дел од желбите, идеите и предлозите на туристичките работници со чија реализација тие сметаат дека многу би се подобрила туристичката слика во земјава. Како една од пречките за реализацијата на нови инвестиции во делот на хотелските капацитети, според претседателот...