Oтварањето на новите авионски линии многу значајно за развојот на туризмот

Со овој тренд вродуваат со плод сите напори кои институциите ги прават за подобрување на имиџот на Охрид како туристичка дестинација.

 |   | 

Новите авионски линии, полн погодок за развојот на туризмот во земјата во целост. Евидентното зголемување на бројот на патници кои само летово пристигнале на охридскиот аеродром е зелено светло, да се продолжи со промоцијата на туристичките потенцијали токму во овие земји, велат од секторот за Туризам и локален економски рaзвој од Општина Охрид.

„Вродуваат со плод сите напори кои и локланата самоуправа и Владата и туристичките работници ги прават за подобрување на имиџот на Охрид и туристичката понуда, авионската линија која се воведе со Тел Авив во просек во летниот период јуни јули и август имаме по 101 патник, од Тел Авив, линијата од Милхаус имаме 153 и лондон 165 патници по лет како просек“ вели Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.

Апостолов се надева дека ваквиот позитивен тренд ќе продолжи и во наредната година , бидејќи во тек се преговорите со француски туроператор кој размислува Охрид да го стави во своите туристички карти. Израел се повеќе е заинтересиран, а остварена е и средба со амбасадорот на оваа земја во РМ, токму во насока на туристичка промоција на регионов.

„Се прават напори покрај постоечките пазари да се отворат нови туриситчки пазари на кои Охрид ќе биде претставен а сето тоа ние како локална самоуправа во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот имаме договорено неколку настапи“ потенцира Апостолов.

Во ноември месец е договорена туристичка промоција во Полска, а се следат и сите саеми на кои настапува агенцијата потенцира Апостолов. За наредната година планирано е Охрид да биде промовиран во Англија и Израел поточно намерата е да се промовира поинтензивно нашата туристичка понуда во земјите со кои се остварени дирекни авионски линии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top