Tag: “твитер“

Хан и Ховит се огласија на Твитер за одложувањето на изборите

Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори “Добра порака испраќа гласањето во Парламентот на Македонија за одложување на изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори и да ги поттикнат реформските приоритети, вклучувајќи ги и оние во медиумите”.  “Благодарност до европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, амбасадорот на ЕУ и амбасдорот Бејли и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка”, напиша утрово...

Continue reading

Забранет влез во Дубаи на рекордер на Гинис

Мислеле дека е црна магија Официјалните лица на аеродромот во Дубаи не објасниле зошто му забраниле влез на 53 годишниот Германец, Rolf Buchholz, каде требало да учествува на една хотелска презентација, пишува AFP повикувајќи се на извештаите на медиумите. Имено, Buchholz е носител на гинисов рекорд како човек со најмногу пирсинзи на себе во светот кој има 453 пирсинзи и два рога на челото. Тој е испратен со првиот авион назад во Истанбул. Портпаролот на хотелот каде требало да се појави Buchholz рекол дека менаџментот на хотелот и покрај сите обиди не успеал да добие дозвола за неговиот влез...

Continue reading

Откриен е идентитетот на богаташот кој дели пари

Анонимниот богаташ не е повеќе анонимен Американските медиуми го открија идентитетот на богаташот кој по улиците на Сан Франциско остава плика со пари. Станува збор за трговецот со недвижнинини Jason Buzi. До неодамна непознато лице ширум улиците на Сан Франциско оставаше плика во кои се наоѓаа 20 или 100 долари, а упатствата како да се дојде до пликото ги оставал на својот Твитер профил – @HiddenCash. Доброчинителот не е повеќе анонимен и се работи за Jason Buzi, човек кој заработил милиони тргувајќи со недвижнини. Тоа што е откриен неговиот идентитет нема да го спречи да ја продолжи...

Continue reading

Потезот на Обама срамотен и вулгарен

Социјалните мрежи се занимаваа со Обама Социјалните мрежи денес се занимаваат со претседателот Барак Обама кој е виден како џвака гума за џвакање додека свирела Марсељезата (химната на Франција) на свечената церемонија по повод одбележувањето на 70 годишнината од денот Д во Нормандија. “Обама сакате и кока-кола додека џвакате, додека се свири Марсељезата”, “Кралицата доаѓа, а вие џвакате”, наведуваат двајца корисници на Твитер, пренесува агенцијата AFP. Корисниците на Твитер објавиле и дека Обама “срамно” и “вулгарно” џвака, додека еден друг корисник го нарекол Обама “мангуп”. Американскиот...

Continue reading

socijalni mrezi

Колку охридските политичари тераат кампања преку социјалните мрежи?

Со оглед на моќта на интернетот и развојот на технологијата, достапноста до голема маса на луѓе, социјалните мрежи станаа погоден терен за политички маркетинг.   Политичките партии се веќе длабоко навлезени во своите политички кампањи и за претседателските и за предвремените парламентарни избори. Досега целата јавност имаше можност во повеќе наврати да ги слуша класичните политички реклами на националните и локални медиуми за тоа што политичарите им нудат како опција. Но во оваа ера на забрзан развој на технологијата, време во кое интернетот е можеби најдоминантниот начин на пренос на информации,...

Continue reading

Секоја закана сериозно е земена во предвид

Никогаш не треба вака да се шегуваме По трагичниот напад на Светскиот трговски центар во 2001 година, јасно е колку сериозно се земаат терористичките закани упатени до воздухопловните компании – пред неколку години еден Британец, лут поради доцнењето на авионот, на Твитер напишал дека ќе го крене аеродромот во воздух, а по неговата објава полицијата му затропала на врата. Вчера едно лице на Твитер (наводно 14 годишно девојче Сара која на Твитер има корисничко име QueenDemetriax_) одлучило малку да се пошегува со American Airlines и им пратила твит во кој пишува дека е таа Ибрахим од Авганистан,...

Continue reading

Уште еден премиер исмејуваат твитерашите

Не ја научил лекцијата од колегата Камерон Направил идентична грешка како и британскиот премиер кога објави фотографија на Твитер каде што разговара со Обама. Тони Абот, австралискиот премиер, ставил фотографија на Твитер каде добива важен телефонски повик. Со мобилен телефон на уво, Абот завзел впечатлива поза, а покрај фотографијата напишал дека во моментот добива нови информации за исчезнатиот малезиски авион. Своите 280.000 следбеници заборавил да ги информира за какви тоа информации се работи. Затоа тие сами одлучиле да проверат за какви информации станува збор. По објавата на премиерот,...

Continue reading

Твитер станува Фејсбук

Големи промени Дел од корисниците на Твитер се незадоволни со промените и сметаат дека Твитер го губи се она што беше добро и станува сличен на Фејсбук. Твитер на својот службен блог најави големи промени во својот изглед, односно на корисничките профили. Новите профили се достапни засега само на мал дел на корисници, но во текот на наредниот период ќе бидат достапни за сите. Она што е посебно интересно во новиот дизајн на профилите е дека многу потсетува на неговиот најголем конкурент Фејсбук, и во иднина на Твитер на својот профил корисниците ќе имаат насловна фотографија на врвот, додека...

Continue reading

Ердоган: Не ја почитувам одлуката на судот

„Нашите национални вредности се погазени“ Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја критикувал одлуката на уставниот суд да ја укине забраната за пристап на Твитер кој самиот тој порано го наредил. „Секако дека мораме да ја спроведеме одлуката на судот, но јас не ја почитувам таа одлука“, изјавил Ердоган за новинарите пред заминување на пат за Азејберџан. „Нашите национални вредности се погазени“, оценил тој. Највисоката турска институција оценила дека забраната за пристап на Твитер е неуставна и дека тоа е кршење на слободата на изразување. Турската управа за телекомуникации го блокираше пристапот...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top