Секоја закана сериозно е земена во предвид

Никогаш не треба вака да се шегуваме

 |  инфодеск  | 

По трагичниот напад на Светскиот трговски центар во 2001 година, јасно е колку сериозно се земаат терористичките закани упатени до воздухопловните компании – пред неколку години еден Британец, лут поради доцнењето на авионот, на Твитер напишал дека ќе го крене аеродромот во воздух, а по неговата објава полицијата му затропала на врата.

Вчера едно лице на Твитер (наводно 14 годишно девојче Сара која на Твитер има корисничко име QueenDemetriax_) одлучило малку да се пошегува со American Airlines и им пратила твит во кој пишува дека е таа Ибрахим од Авганистан, кој е член на Ал Каеда, и дека на почетокот на јуни „планира нешто големо“.

Од American Airlines реагирале веднаш на нејзиниот твит и објавиле дека нејзината IP адреса и останатите детали од профилот ќе ги проследат до FBI. По овој одговор од American Airlines, Сара (односно лицето кое се наоѓа зад овој профил) почнала да паничи и објавувала твитови како на пример „Само се шегував“, „Жал ми е, сега сум уплашена“, „Тоа го напиша мојата пријателка, не јас“, и „Имам само 14 години, зар тие мислат дека навистина ќе го кренам во воздух авионот. Само сум глупа, ОК“.

Екипа од American Airlines го тргнале твитот кој го објавиле, но сеуште не е познато какви мерки превземале, односно дали навистина го контактирале FBI. Сара после тоа го променила името и корисничката фотографија на Твитер, а кога видела дека нејзината објава е веќе ретвитната повеќе од десет илјади пати, напишала дека се чувствува славна и дека ова било нејзина кулминација на Твитер каде сега ја следат преку 20.000 следачи.

Од American Airlines изјавиле дека за нив сигурноста на патниците и екипажите е на прво место и дека сите сериозни закани ги земаат за многу сериозно, па така и оваа која им стигнала на Твитер.

Сеуште не е познато дали FBI стапил во контакт со Сара која, иако на почеток била среќна што станала позната на Твитер, сега посакува да заборави се и им вели на луѓето да престанат да ја следат на оваа мрежа и да ја ретвитаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top