Ознака: спортско

Ќе се гради повеќенаменско спортско игралиште кај економското училиште

Post Views: 2 На просторот кај игралиштето кај средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ ќе се гради повеќенаменско спортско игралиште. Уште пред десеттина дена започнале подготвителни градежни работи на овој простор, а од денес се интензивираа. Ова е дел од проектот на Владата на РМ која преку Агенцијата за спорт и млади треба да изгради 100 игралишта низ државава. Обврска на Општина Охрид беше обезбедување на локации и локациски услови и издавање на решение за градба на истото. А што се однесува до инвестицијата таа е на Агенцијата за спорт и млади. Општина Охрид ги обезбеди...

Continue reading

kacuvanjе

Државно првенство во спортско качување

Post Views: 4 Државно првенство во спортско качување ќе се одржи викендов, во организација на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија. Според програмата, првенството започнува во сабота со дисциплината тежинско качување, а завршува следниот ден, со дисциплината брзинско качување.Овој дводневен настан е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на планинарските спортови.По тој повод македонската Федерација ќе организира и планинарење, како и пригодни презентации. {loadposition content9}

Continue reading

СK Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво

Post Views: 9 По повод престојните илинденски празници стрелачкиот клуб Охрид го организира меѓународниот турнир во спортско стрелаштво. Бидејќи во последно време малокалибарската програма е сосема укината и нема стрелци со пиштол поради немањето оружје, турнирот се сведе само на гаѓање со воздушна пушка. Тина Гоџо, долгогодишен тренер во стрелачкиот клуб „Охрид“ вели дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваат љубителите на овој спорт тој продолжува да опстојува. Спортот е многу скап, а помош немаме од никаде . Но ме радува фактот што што имам триесетина млади деца кои ги тренирам ...

Continue reading

popova sapka

Полицајците ќе скијаат

Post Views: 10 Денеска на падините на спортско-рекреативниот центар „Попова Шапка“ ќе се оддржи 25-то полициско првенство во алпско скијање – велеслалом во машка, женска и екипна конкуренција. На првенството ќе се такмичат над 60 пријавени натпреварувачи кои ќе возат на патеката „Пионерски рид“ или „Сртот“. По завршувањето на натпреварите ќе бидат прогласени победниците и ќе им бидат доделени признанија.Првенството го организираше Македонскиот полициски синдикат. {loadposition content9}

Continue reading

Deutsche Telekom ја шири својата дејност

Post Views: 4 Deutsche Telekom, сопственикот на T-mobile и T-home во Македонија, сака да го прошири работењето и во спортското обложување, објавил германскиот весник Suddeutsche Zeitung. Ова засега е ограничено само на Германија каде операторот потврдил дека ги направил сите припремни работи. Во идните две недели ќе се знае дали германските власти ќе ѝ одобрат концесија за обложување на компанијата Deutsche Sportwetten GmbH. Од Deutsche Telekom потврдиле, доколку тоа се случи, планираат да го превземат мнозинскиот пакет над таа компанија за обложување. Додаваат дека за овој потез...

Continue reading

biljanini

Градот на пливањето ќе добие затворен базен

Post Views: 6 Во градот на пливањето конечно ќе се гради затворен базен. Тоа  е една од главните заложби на градските власти во Охрид, како што најавуваат од таму. Затворениот базен ќе биде само еден дел од изградбата на современ спортско – рекреативен центар, вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. „Денес имавме состанок со луѓето кои го изработуваат овој проект и тој ќе биде доставен на почетокот на идната недела до Агенцијата на млади и спорт која е нарачател на самиот проект и согласно законската процедура Агенцијата во текот на наредната недела ќе треба до општина...

Continue reading

bazen

Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“

Post Views: 0 Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа  во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот.  Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен.   „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на...

Continue reading

akcija crven krst

„За посреќно детство“ по четврти пат

Post Views: 1 Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини. „За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите...

Continue reading

SOU Vanco Pitoseski

Ново спортско игралиште за ОСУ „Ванчо Питошески“

Post Views: 6 5.080.000 денари општински пари се одвоени само за средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од оваа сума, 980.000 денари се предвидени за изградба на ново спортско игралиште откако минатата година по судски пат им беше одземен дел од старото. „Точно е дека дел од игралиштето во средното училиште „Ванчо Питошески“ е одземен односно сопствениците си го повратија имотот кој беше нивни, бидејќи игралиштето некогаш порано било асфалтирано, луѓето си го повратија имотот и во програмата гледате дека ние сакаме да го санираме тој дел односно ќе комплетираме едно игралиште...

Continue reading

Спортско рекреативен комплекс ќе се гради во Чекоштина

Post Views: 5 На влезот од градот покрај овие терени за спортување, се планира сопствениците на парцелите да профитираат со изградба на мали сместувачки капацитети  истакна Соња Филдишева овластен планер АД „Урбан“.  Планерите  го ставија на јавен увид предлог планот кој предизвика интерес кај сопствениците на парцелите во овој дел на градот. Тие упатија голем број прашања до овластените планери, се слушнаа и повеќе  критики. Некои од сопствениците , од еколошки аспект, се интересираа како е можно да  се гради спортски комплекс во непосредна близина на петља.Овластениот планер од...

Continue reading

Vasvi Doko

Оштетно спортското игралиште

Post Views: 8 Реакција на последните две случувања,  кои не одат во прилог  на коректна кампања упати кандидатот за градоначалник од  Нова Демократија, Васфи Доко. Васфи Доко, градоначалничкиот  кандидат  од Партијата Нова Демократија, на денешната прес конференција  кажа дека вчера  во населбата Воска градежна фирма  при изведување на градежни работи направила штета на спортското игралиште. „Исечено е благородно дрво, бреза која при тоа  паднала и ја уништила  оградата од игралиштето.Тоа го сметам како атак на мојата личност бидејќи сум претседател на фудбалскиот клуб  Воска, а...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top