Ознака: социјални

kujna

Не престанува потребата од народната кујна

Post Views: 2 На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна.  Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши. „ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...

Continue reading

општина

Општината ќе ги помага социјално ранливите охриѓани

Post Views: 4 Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени  за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација.  Општината само на  овој начин може законски да им помогне во  ублажување на  издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка социјална...

Continue reading

zatvor

Не е само до казните, потребна е ресоцијализација на престапниците

Post Views: 0 Сигурно сте ја слушнале во соопштенијата на СВР-Охрид, често употребуваната фраза „сторителот на делото и е добро познат на полицијата.“ И тоа навистина е така. Според бројките на СВР, добар дел од престапниците кои извршиле некое кривично дело, повеќе од еднаш се сторители на такви дела. Во  периодот од 2001та до 2011 година, овие бројки рапидно се зголемувале и тоа од 623 престапници-повторувачи во 2001та до 1435 во 2011 година за територијата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. За среќа, годинава во изминатите 9 месеци, оваа тенденција, барем во Охрид е различна. „Само...

Continue reading

Ekrem Kaljoshi

Дечињата од социјално загрозените семејства на бесплатно летување

Post Views: 16 Бесплатно летување и зимување и за учениците од социјално загрозените семејства од Охрид. Според повикот на  Министерството за труд и социјална политика во врска користење на бесплатно лекување за учениците од петто до осмо оделение и охридските деца од социјално загрозените семејства како и децата со посебни потреби, ќе може да ја користат оваа услуга.Според пакетот економско – социјални мерки кои ги предвиде Владата, на летување и зимување оваа година треба да заминат вкупно 3000 ученици од пето до осмо одделение.  Екрем Каљоши директорот на Центарот за социјални...

Continue reading

biljana socijalno

Ќе има, субвенции за струја

Post Views: 9 Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата...

Continue reading

jajca

Велигденските јајца солени

Post Views: 5 Охриѓани за еден шаблон јајца  од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот. Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа...

Continue reading

Ohrid

Има ли бездомници во Oхрид и како преживуваат на студот?

Post Views: 5 Студеното време повеќе од било кога го извлече на површина прашањето за бездомните лица во државава. Во Охрид, досега евидентирани три случаи на бездомници кои делумно имаат своја разрешница. Во првиот случај станува збор за семејство на кое му било посочено како да аплицира за добивање на владините социјални станови, по која апликација, ова семејство веќе не спаѓа во категоријата на бездомни лица, а оствариле и право на социјална парична помош. Во другиот случај, Центарот за социјални работи му помогнало на едно лице да ја комплетира документацијата за остварување...

Continue reading

socijalno

Намален бројот на апликации за социјална парична помош

Post Views: 6 Во општинскиот центар за социјални работи по завршувањето на постапката за обнова на документацијата, бројот на барањата за користење на социјална парична помош годинава намален. Во моментов се пристигнати 520 барања  за продолжување на правото за социјална парична помош, вели директорот Екрем Каљоши. Социјалните работници вршат увид во  барањата по кои треба да донесат решение  дали апликантите имаат основ за исполнување на ова законско право на социјална парична помош во висина од 3.261 денари, појаснува Каљоши. „Станува збор за 100 -тина корисници кои не поднесоа...

Continue reading

pedofilija

Педофилијата е проблем за целото општество

Post Views: 2 Охридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид. Педофилијата и сексуалната злоупотреба се злодела кои мора да се искоренат. За жал и Охридската јавност неодамна и самата беше сведок на еден ваков грозоморен чин. Овие два поими се табу тема за македонската...

Continue reading

jazz inn

Протести „за“ и „против“ клубот Jazz Inn

Post Views: 7 Старите велат: „Не радувај се додека мечката игра во дворот на комшијата“. Социјалните мрежи станаа идеално место за организирање на социјални револуции. Паѓаа диктатори на Блискиот Исток, илјадници хрвати протестираа во Загреб, а на Лондон му се случи анархија, и се беше организирано преку фејсбук. И Охриѓани решија да се мобилизираат преку социјални мрежи. По се изгледа мечката реши да заигра и во нашиот двор. Зошто?! Вечерва, две групи Охриѓани ќе излезат на дај боже мирен протест во име на своите права и слободи, а копјата ќе се кршат околу клубот „Џез Ин“. Жителите...

Continue reading

patiki

Нема храна за социјалците но барем има марка патики

Post Views: 0 Корисниците на социјална помош од нашиот град ќе ги облечат во „марка“ роба запленета од надлежните органи. Иако поголемиот број од социјално загрозените семејства едвај се прехрануваат, барем ќе бидат добро облечени пролетва. Меѓу другото, во донацијата можеше да се забележат „Гучи“ кондури, „Рибок“ патики и друга корисна роба за социјалците. Од Центарот за социјални грижи во Охрид задоволни од донацијата. „Во соработка со Владата, примена е оваа помош која во наредниот период очекуваме да и се подели на целната група, а тоа се корисниците на социјална парична помош....

Continue reading

Gruevski

Груевски во посета на Охрид

Post Views: 0 Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе ги посети и ќе изврши кратка обиколка на локациите каде што турската компанија ТАВ, како дел од концесискиот договор, ги гради новите објекти на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Претседателот на Владата на Република Македонија ќе присуствува и на пуштање во употреба на локален пат од село Оровник до манастирот „Света Недела” и на обиколницата во Охрид. За време на посетата, премиерот Груевски ќе присуствува и напредавање во употреба на зграда со социјални станови во м.в. Расадник, во Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top