Ознака: социјални

brak

Алкохолизмот ги разорува браковите на охриѓани

Post Views: 24 Невработеноста, живеењето во заедница  со родителите на едниот брачен другар, зависности од алкохолизам и наркотички средства и семејното насилство, најчести причини поради кои охриѓани се разведуваат. Годишно бројката на разводи во Охрид се движи помеѓу 58 и 60 разведени брачни заедници, информира Павлина Пероска раководител на одделението за брак и семејство при Центарот за социјални работи. Во првите шест месеци од оваа година Основниот суд Охрид до нивниот центар за социјална работа поднесол 30 барања за развод.  Најчесто како причини за развод се наведуваат непремостливите...

Continue reading

izlozba

Штитениците од метадонскиот центар Охрид добро се покажаа во уметноста

Post Views: 8 „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува“. Денес во метатадонскиот центар во Охрид беше презентирана финалната изложба, односно примена на т.н. Социјална скулптура во работа со ранливи групи. Обуката ја водат уметници од Шведска кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во оваа област, изјави кординаторот на проектот Јасмина Билалаовиќ. Уметниците задоволни од досега реализираните активности во рамките на проектот „Употреба на уметноста онаму каде што е тешко да се зборува.“ „Целта е всушност да се помогне на ранливите категории на граѓани да им...

Continue reading

maksud

Максуд Али обвинува незаконски спроведен процесот за полагање на стручниот испит

Post Views: 2 Максуд Али, кандидат за државен службеник обвинува  дека процесот за полагање на државни служеници во охридската  Локална самоуправа протекол со низа незаконитости  и притисоци. За прашањата во стручниот испит вели дека се спротивни на законските и подзаконските акти.  Али додава дека со долгогодишно  работно искуство сега  му се ускратува правото да биде државен службеник. „ На овие години некој да ме оцени дека не сум компететен не е вистина. Јас како Максуд Али работев во Стопанска банка, бев заменик министер за финасии  и имав приватна фирма сега некој да ме етикетира...

Continue reading

centar socijalni raboti

Охридското брачно советувалиште посетувано само по сила на законот

Post Views: 0 Брачното советувалиште отворено во рамките на Центарот за социјални работи иако целосно функционално, досега посетено само по обврска со закон. И покрај бројката на разводи кои варираат од четириесетина до педесетина предмети, во ова брачно советувалиште, сепак се чини дека ваквиот тип на советување сеуште е табу тема за охриѓани. „Доброволно доаѓање од страна на страните за надминување на тие проблеми нема. Приморани се согласно закон доколку имаат деца во бракот, за да се обидат да ги надминат тие ситуации, но доброволен пристап, немаме за жал од страна на граѓаните....

Continue reading

sindikalci

Локално економско-социјален совет и во Охрид?

Post Views: 1 Ќе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени кон...

Continue reading

socijalno

Обнова на право на социјална помош со минимална документација

Post Views: 0 Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе. „По новиов систем...

Continue reading

socijalna

Социјални станови нема ни за лек, но има комерцијални со намалена цена

Post Views: 7 Во Охрид нема ниту еден празен стан од категоријата на социјални станови, обелоденува раководителот на регионалната подружница на Агенцијата за станбен и деловен простор од Охрид, Гоце Георгиески. Тој додава дека реална и огромна е побарувачката на граѓаните за социјални станови, но условите за добивање се тешки. Во моментов во општинава има еден таков станбен комплекс кој има 70 станови и е максимално исполнет, и  кога би се изградиле уште 4 такви станбени единици нема да ги задоволат потребите на охриѓани за да го решат станбеното прашање, појаснува првиот човек на...

Continue reading

centar za socijalni raboti

Во Охрид отворено брачно советувалиште

Post Views: 8 Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира....

Continue reading

ruralna sredina

Социјални работници во обиколка на руралните средини во Охрид и Дебрца

Post Views: 1 Грижата на државата ќе ја почувствува и населението од руралните средини во Охрид.Започна проектот „Отворени денови за социјална заштита“. Секоја среда во периодот од септември до ноември годинава стручни тимови од Центарот за социјална работа од Охрид, ќе одат во посета на населените рурални средини на подрачјето на општина Охрид и Дебрца, со цел да ги детектираат, превенираат и да го спречат настанувањето на социјални ризици, како и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права од областа на социјалната заштита. Првиот човек на Центарот за социјална...

Continue reading

Во координирана акција полицијата и Ценатрот за социјални работи од охридската чаршија тргнаа лица кои питаат

Post Views: 4 Спроведена координирана акција на СВР Охрид и Центарот за социјални работи кои од охридските улици одстранија лица кои питаат. Акцијата е реализирана во делови од Охрид, во центарот на градот и чаршијата каде што биле затекнати две возрасни лица и десетина малолетници како питаат, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Биле направени и повеќе контроли на живелишта каде што тие лица најчесто привремено се сместуваат. „Во понатамошниот тек се првеземени и мерки кон станоиздавачи кои им даваат сместување на овие лица. На улицата Гоце Делчев каде што е затекната...

Continue reading

pitaci

Питачите протерани од Охрид

Post Views: 2 Туристичката сезона во Охрид е на прагот, а со неа, освен туристи,  во Охрид ни доаѓаат и голем број на питачи.  31 полнолетно и 27 малолетни лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење.  Оваа акција ја спроведе СВР Охрид согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште. Акцијата се спроведе викендов, а од СВР најавуваат зачестени вакви акции. Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење.  Контрола...

Continue reading

stan

Јавна распределба на 102 социјални станови

Post Views: 2 Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров. Распределбата ќе биде извршена во присуство на апликантите со електронски софтвер кој ќе ја подготви прелиминарната ранг листа на добитници на социјалните станови. Обраќање на настанот ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со социјалните станови во Ѓорче Петров започнува електронската распределба на становите под закуп, која според надлежните, ќе овозможи поедноставна обработка на податоците на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top