Ознака: социјална

socijalno

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Post Views: 0 Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши  „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе...

Continue reading

svadba na plaza

Младенците ќе склучуваат брак каде што сакаат

Post Views: 1 Брак ќе може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други места, како ресторани, домови, излетнички места. Ова е предвидено со измените на Законот за семејството, кои вчера добија виза од собраниската Комисија за труд и социјална политика.Оние што ќе сакаат да склучат брак на место по нивна желба, за тоа ќе треба да платат соодветен надоместок, како и да добијат одобрение од институцијата или управителот на објектот и локацијата каде што сакаат да стапат во заеднички живот. За да се склучи брак надвор од службените...

Continue reading

zgrizuvacko semejstvo

Слаб интерес за згрижувачки семејства воОхрид

Post Views: 2   Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа. „Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства, сметаме...

Continue reading

мтсп

Отпис на долговите за три категории социјалци

Post Views: 10 Владата започна со образложение  за  законското решение за отпис на долговите  на социјалците. Денес министерот за финансии Зоран Ставрески пред собраниска комисија за финансии и буџет образложено решението за  отпис на долговите  на социјалците.  Со еднократен отпис за направените долгови ќе бидат опфатени три најранливи категории граѓани, корисници на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати...

Continue reading

AVRM

Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош

Post Views: 3 Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...

Continue reading

pomos

Социјална семејна криза

Post Views: 1 Со ТВМ својата животна сторија ја поделија 3 фамилии. Ако не се хуманитарните организации ранливите категории на граѓани се прашуваат дали воопшто би се израдувале на нова облека. Секој ден  живееме како да е последен. Со овие зборови, својот живот го опиша Алир Дестанов. Секој момент е неизвесен за судбината на мојата ќерка, раскажува 63 годишниот соговорник. „Афродита има 21 година, и боледува од детска парализа. Иако за неа се неопходни  посебни услови за живеење, сепак ние 7 члена живееме во една соба, егзистираме од месечен надоместок во висина од 2600 денари“,...

Continue reading

10 evra

Социјалците ќе добијат 10 евра за струја

Post Views: 5 Примателите на социјална помош од октомври ќе добиваат 10 евра од Владата за секоја платена сметка за струја, потврди вчера премиерот Никола Груевски. Законот со кој ќе се издвојуваат овие пари ќе се применува од овој месец, поточно Владата ќе им олесни на социјалците доколку приложат платена сметка за струја за септември. „Десетте евра помош, енергетската сиромаштија, ќе може да ги подигне од 1 до 10 октомври. Пари за оваа намена се веќе обезбедени во буџетот, а подготвени се и службите во Министерството за труд и социјална политика, кои ќе треба да ја спроведат владината...

Continue reading

socijalni grizi

Бесплатен летен одмор за децата од охридските семејства во социјален ризик

Post Views: 7 И годинава бесплатно летување за дечињата од охридските семејства со социјален ризик. Проектот на Министерството за труд и социјална политика предвидува ова право да го искористат децата чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, посебен додаток како и деца без родители и родителска грижа. Годинава опфатени се децата родени во периодот од 1999 до 2003та година, односно оние кои во моментот посетуваат настава од петто до осмо одделение. „Аплицирањето за користење на ова право се врши во Центарот за социјална работа,...

Continue reading

apteka

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух

Post Views: 1   Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица. –Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да прашаат...

Continue reading

narodna

Цветкоски: Ќе преземеме низа мерки за социјална правда

Post Views: 6 Социјалната правда тема на денешната прес конференција на ВМРО – НП. Социјална парична помош во висина од минимална плата, корисниците на постојана парична помош да се заштитат од енергетска и комунална сиромаштија, ослободување од плаќање кирија во социјалните станови и радиодифузна тракса, студентите од социјалните семејства да не плаќаат партиципација за студирање, Закон со кој ќе се реши проблемот со стечајните работници, зголемување на детскиот додаток и посебниот додаток за дете за 10% секоја година, воведување на задолжителна квота за вработување на лицата со...

Continue reading

sdsm

Танасоски: „Богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“

Post Views: 1 Платформата на која се темели политичката програма на СДСМ, поаѓа од предизвиците со кои се соочува државата, и нуди реални, остварливи концепти кои можат да донесат позитивни промени за нов почеток, рече кандидатот за пратеник од СДСМ, Ѓоко Танасоски. Тој наброја дел од мерките содржани во програмата на СДСМ кои ќе ги реализирааат доколку ја добијат довербата на народот. 0% персонален данок за земјоделците, враќање на 15% од ДДВ на секој граѓанин,намалување на персоналниот данок од 10% на 9%, за 40% повисока социјална помош, намалување на глоби/казни  за најмалку 50%,...

Continue reading

sdsm

Локалната ветува, но не остварува-СДСМ

Post Views: 3 Продолжува серијата прес конференции на ОО на СДСМ на кои тема е отчетот за сработеното на градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе продолжиме со презентацијата на нереализираните проекти, велат од СДСМ. Во програмата за детска заштита, Христина Гогоска раководителот на Центарот за комуникации,го потенцира проектот за работа на детската градника во две смени. Во делот за култура, избришани биле ставките, поддршка на естрадни уметници и меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Гогоска потсети дека охридскиот народен театар 7 месеци нема поставено претстава....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top