Ознака: социјална

pomos za Krstanoski

Донација за самохраниот татко Николче Крстаноски

Post Views: 15 Нова донација за семејството Крстаноски. Покуќнина, облека, храна, средства за лична хигиена, играчки  се само дел од хуманиот пакет која за самохраниот татко на две малолетни деца го обезбедија сопствениците на стоматолошката ординација „Д-р Стоев“, Сашо и Марија Стоеви и вработените во ординацијата. Неможе да се опише радоста на  Николчо Крстаноски во моментот на промањето на помошта и од фактот што сепак некој се сетил на нивната мака и решил да им помогне. „Се снаоѓаме е вака некој ќе ни даде нешто. Социјална помош немам. Неможам да направам документи, немам живеалиште...

Continue reading

crven krst

Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства

Post Views: 24   Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна...

Continue reading

lekari na protest

Дел од охридските лекари денес на протест

Post Views: 10 Откако во четвртокот Судот го забрани генералниот штрајк на здравствените работници, денес за време на паузата и дел од вработените во Општата болница од Охрид излегоа на мирен получасовен протест. Како и во останатите делови од државата, точно на пладне и пред управата на Охридската болница дел од вработените ги повторија причините поради кои се одлучија на ваков чекор. Солевска Невена – Претседател на Самостојна синдикална организација при ЈЗУ Општа болница-Охрид, која е дел од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, истакна дека денешниот...

Continue reading

socijala_Nikolco_Krstamoski

Маките на Николчо Крстаноски и неговото семејство

Post Views: 6 Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба. „Работа...

Continue reading

Nikola Mitrovic

Наместо социјална помош, партиски потреби

Post Views: 7 „Средствата од Буџетот на Општина Охрид за таканаречената социјална поддршка, Градоначалникот и СДСМ Охрид ги користат за покривање на загуби на јавните претпријатија и партиски потреби“, обвини на денешната прес конференција Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа ставка која изнесува 5 милиони денари наместо за намената, т.е лагата, преку јавните претпријатија во моментов  се користи за злоупотреби и прибирање на средства за партиски потреби“, додаде Митровиќ. Исто така од ОК  на ДПМНЕ од Охрид со обвинување дека СДСМ и Градоначалникот веќе неколку...

Continue reading

biljana socijalno

Ќе има, субвенции за струја

Post Views: 9 Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата...

Continue reading

semejstvo ibraimovski

Родителите разочарани од проектот „Бејби бум“

Post Views: 8 Без паричен надомест за четвртото дете остана Фатмире Ибраимоска, за малата Мевлана од Охрид. Таа, година и седум месеци тропа од врата на врата по институциите, барајќи ги своите права за користење на надоместок за четврто дете. Но, до ден денес ништо од тоа. Ибраимоска вели дека ги исполнува условите за паричен надомест кој и следува за нејзината ќерка, но таа е крајно разочарана од односот на луѓето од надлежните институции кои треба да и го овозможат тоа право. „Уште од првиот ден одам по институции да го барам правото на моето дете кое му се следува. Одам кај Лилјана...

Continue reading

baner

На жената и треба реална помош

Post Views: 1 Жената е мета на различни притисоци и деградирања. Бројните реклами за подобро на жената посебно оние за семејното насилство, и нејзината политичката застапеност, во реалноста покажуваат контра ефект, посебно во Охрид, обвинуваат од ОО на ЛДП и женскиот форум. Тие порачаа наместо каранфили и лицемерни изјави, празникот да се честита со конкретни акции за подобро утре на жената. Даниела Ангелоска  од ЛДП, вели „секое насилство врз жената да биде строго казнувано. Секторите во кои работат жените посебно текстилната индустрија да добијат повисоки примања, поголемо учество...

Continue reading

socijalno

Намален бројот на апликации за социјална парична помош

Post Views: 6 Во општинскиот центар за социјални работи по завршувањето на постапката за обнова на документацијата, бројот на барањата за користење на социјална парична помош годинава намален. Во моментов се пристигнати 520 барања  за продолжување на правото за социјална парична помош, вели директорот Екрем Каљоши. Социјалните работници вршат увид во  барањата по кои треба да донесат решение  дали апликантите имаат основ за исполнување на ова законско право на социјална парична помош во висина од 3.261 денари, појаснува Каљоши. „Станува збор за 100 -тина корисници кои не поднесоа...

Continue reading

semejno nasilstvo

Промовирани протоколите за борба против семејно насилство

Post Views: 1 Започна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со  Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај. „Проблемот е многу...

Continue reading

Simona

Надеж за Мона

Post Views: 14 Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.  Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје,...

Continue reading

doc

Листа на документи потребни за обнова на право на социјална парична помош

Post Views: 7 Од Центарот за социјални работи – Охрид известуваат дека од 17.10.2011 година до 02.12.2011 година ќе се одвива годишната обнова на документација за корисницте на социјална парична помош. ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОБНОВА НА ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ                 1.Важечка лична карта за државјанин на Република Македонија, дозвола за постојана престој на странец,лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита; 2.Потврда од Агенција за вработување за сите полнолетни лица за утврдување на нивниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top