Социјална семејна криза

Во Струга многу семејства едвај преживуваат од месец на месец.

 |  Колоска Билјана  | 
pomos
помош

Со ТВМ својата животна сторија ја поделија 3 фамилии. Ако не се хуманитарните организации ранливите категории на граѓани се прашуваат дали воопшто би се израдувале на нова облека.

pomosСекој ден  живееме како да е последен. Со овие зборови, својот живот го опиша Алир Дестанов. Секој момент е неизвесен за судбината на мојата ќерка, раскажува 63 годишниот соговорник.

„Афродита има 21 година, и боледува од детска парализа. Иако за неа се неопходни  посебни услови за живеење, сепак ние 7 члена живееме во една соба, егзистираме од месечен надоместок во висина од 2600 денари“, раскажува Дестанов.

За лекарствата кои ги прима неговата ќерка годишно му се потеребни околу 10 илјади денари, тие пари ги собира само преку просење, бидејќи помош нема од никаде.

Во ништо подобри услови не живее ниту семејството Ибраимови. 63 годишната Атиџе и останатите 5 членови од ова семејство пак, живеат во шупа. И ним финансиските средства им претставуваат горлив проблем.

Овие две семејства се едни од многуте во Струга кои ја делат истат приказна за нивниот живот. Ката Арифоска пак,  кажува како секој ден своите деца ги испраќа на училиште со искината облека. За овој нејзин проблем моментално се најде решение. Денес, нејзе и на многу други семејства им се додели облека, која ја донираа граѓаните на Струга.

„Се обидуваме на секаков можен начин да им излеземе во пресрет на лицата кои навистина имаат потреба од тоа“, вели пратеничката Затуроска.

Не радува фактот што граѓаните вообичаено знаат но и упорно ја покажуваат својата хуманост, велат од Црвен Крст.

Денешната хуманитарна акција ја организира Црвен Крст од Струга во соработка од пратеничката канцеларија на Лилјана Затуроска, Центарот за култура „Браќа Миладновци“ и здружението на жени „Езерка“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top