Ознака: соработка

kupi kuka kupi stan

Проектот “Купи куќа, купи стан” стартува од 25 јануари

Post Views: 2 Проектот “Купи куќа, купи стан” започнува со практична реализација. Министерството за финансии и осумте банки вчера потпишаа договор за соработка и отпочнување на проектот.Се очекува првите апликации за овој проект да почнат да пристигнуваат од 25 јануари 2012 година а во април месец треба да бидат дадени првите одобрувања. Договорите ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со директорите на банките-учеснички во проектот (НЛБ Тутунска, Стопанска банка-Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТК банка и Стопанска...

Continue reading

Ramiz Merko

Протуѓер ќе лобира за Струга

Post Views: 5 Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски деновиве во посета на Струга. Главна цел на посетата на Мартин Протуѓер беше средба со градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како и состанок со ОК на струшкиот огранок на ВМРО –  ДПМНЕ. Градоначалникот Мерко средбата ја оцени како мошне значајна за градот, бидејќи се разговарало на многу теми кои се од заеднички интерес, како на локално, така и на централно ниво, а вооедно се отворила можност за соработка плус, која се состои во финансиска поддршка на проекти потпомогнати од централната власт. Мерко верува...

Continue reading

Redzepi i Jankuloska

Ќе се формираат заеднички контакт центри за полициска соработка меѓу Макеоднија и Косово

Post Views: 5 Министрите за внатрешни работи на Репурблика Македонија Гордана Јанкуловска и Република Косово Бајрам Реџепи, потпишаа значаен договор за соработката помеѓу полицијата на РМ и Р Косово. Станува збор за формирање заеднички контакт центри за размена на информации кои освен што значат поедноставно и поефикасно полициско работење, во смисла на надзор на заедничката државна граница, ќе значат и долонителен, квалитет во работата на македонската и косовската полиција во смисла на надминување на бариерите односно рационализација на ресурсите и нивно правилно користење. „Со...

Continue reading

gragjanski

Соработка помеѓу граѓанските организации за предизвикување општествени промени

Post Views: 0 Потребна е соработка помеѓу граѓанските организации со цел постигнување на некаква општествена промена. Ова е една од мислите водилки кон кои е насочен проектот Цивика Мобилитас под мотото „Твој простор, твој глас“. Денес тие одржаа регионален форум за граѓанските организации од југозападниот регион, на кој беше дискутирано околу потребата од поттикнување соработка помеѓу самите граѓански организации, но и граѓаните, со цел да се постигне некаква заедничка поширока општествена цел. „И според наши истражувања, некаде сме на средина би рекла. Има активности за да се направи...

Continue reading

„Охридски комуналец“ ги повикува на соработка полицијата и комуналните редари да ги спроведуваат надлежностите од Законот за јавна чистота

Post Views: 10   Од направениот утрински увид на терен за комуналната хигиена низ градот, екипите на ЈП Охридски комуналец констатирале лоша слика во разни делови од градот. Оставени, покрај контејнерите, каде што не им е место се одложувани кабаст, зелен отпад и градежен шут. Тоа особено е изразено после викендите, в понеделник, кога не само охриѓани, туку и сопствениците на викенд становите преуредуваат или се ослободуваат од она што не им е потребно, информира Стевчо Маслов од јавното  претпријатие. „Очајна е состојбата во делот на Далјан, Воска, Градска плажа. Комунален отпад...

Continue reading

konferencija

Институцинална борба против организираниот криминал

Post Views: 0 Нема простор за организираниот криминал. Со овие зборови, Министерот за правда Михајло Маневски ја објасна потребата од регионалната соработка помеѓу институциите, како клучна активност  во борбата против организираниот криминал, поточно против злосторничкото здружување. Манвски додаде дека меѓународниот организиран криминал и корупцијата претставуваат една од најголемите закани кои се проширија во сите делови на светот во изминативе неколку децении. Поради ова, потребна е координирана реакција, во согласност со претходно дефинираната глобална стратегија Министерот Манески...

Continue reading

sepca

Македонија на чело на SEPCA

Post Views: 0 SEPCA е асоцијација на полициските служби од регионот каде што се вклучени директорите на полициите и нивните кабинети, со цел заедничко делување во регионот за сузбивање на организираниот криминал. Главни проблеми со кои се соочуваат земјите од регионот се: трговијата со дрога и луѓе, финансискиот криминал, корупцијата во администрацијата на институциите и тероризмот. Ваквиот став го делат директорите на полициските служби на Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие денеска се состанаа во Охрид, во чест на превземањето на претседателството на SEPCA...

Continue reading

materijal

Соработка на Македонија и Казахстан во туризмот

Post Views: 3 На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот. На форумот, потпретседателката на здружението Марјана  Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид. -Почитувани  учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во  областа на туризмот, најискрено Ви упатувам топли...

Continue reading

logo

Охридскиот Црвен Крст ќе добие специјално возило за интервенции

Post Views: 1 Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија. Како резултат на таа соработка, во периодот од 29 април до 05 мај 2015 година, во работна посета на Црвен крст Охрид ќе претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои, со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош  на Црвен крст Охрид ќе реализираат...

Continue reading

bratstvo

Се подновија делови од ОУ „Братство Единство“

Post Views: 10 САД помогнаа во реновирање на ОУ „Братство Единство“. Денес се одржа свечена церемонија, со што со сечење на лента се одбележа завршувањето на реновирањето на ова училиште преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. „Помагаме за подобрување на условите во училиштата во Македонија со што фундаментално се подобруваат условите на учениците“, истакна Дејвид Кокс, координаторот  за операции во Канцеларијата на атешето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје „Импресивно е што се можеме да постигниме кога работиме заедно. Обезбедувањето на помош...

Continue reading

ох. лето

Охрид се побогат со културни настани

Post Views: 4 Охрид се побогат со културни настани. Заедничката соработка помеѓу Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар, вроди со плод. Охриѓани се почесто можат да видат престави кои се играат надвор од границите на државава.  Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија. Охридско лето на овој начин ја потврдува својата стратегиска определба  да ги промовира културните вредности не само во деновите додека трае фестивалот туку и во текот на целата година, вели Елизабете Јанкулоска...

Continue reading

Средба Нобл-Јанкуловска

Post Views: 8 Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Кенет Нобл, е во работна посета на Македонија.Тој денеска ќе се сретне со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. Како што информираат од МВР, на средбите раководството на МВР и генералниот секретар  Кенет Нобл ќе разговараат на повеќе теми околу досегашната соработка меѓу двете институции.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top